Mila ja sum.od kic i sum so mn tesna karlica koga se porodiv na malata ni 1 cm ne bev otvorena i nemav ni bolki
охо ти убаво си одморила и си полежала. биди благодарна. Јас се породив пред 6 сатот приквечер другото сабајле ме станаа. познавам жена која има родено 3 пати и сите три со царски на разлика од 3 години. Едното е 7 годишно другото 4 а третото сега направи година. за природно треба да помине подолг период. Една колешка со првото се породи со царски и после 6 години се породи природно. Ама штом раната ти е уште здрвена многу тешко дека ќе те породат природно. Прво 3 ретко кој се нафаќа да породи природно после царски а друго 3 години е мал период. Најдобро консултирај се со лекар нека ја види раната каква е и општо состојбата на матката
@marchi-cool , да, супер ми беше. лежев на скршен кревет , така да болката во кичма која ни со физикална не помина ми остана гратис....
Ацидиборици се за оток не за гној. Оди на лекар штом е гној. Ке мора антибиотик да ти дадат,но прво да ти ја исчистат раната
Девојчиња, прашање за исхраната во болница после царски. Вчера прв ден за ручек ми дадоа само бистра супа ама за вечера двопек и јогурт. Сабајле бисквити и млеко. Денес за ручек пире и двопек па вечера пак двопек и јогурт. Дали е ова океј, дали вака јадевте другите? Јас мислев дека после царски три дена само течна храна треба и сега откако изедов се ме фати шубе од запек Во веце уште не сум била вчера и денес иначе.
Да мила и јас јадев тоа,не се секирај знаат таму што да дадат.Ќе одиш во wc за некој ден,ако не они даваат за да појдеш.Ќе биде во ред,ти само гушка бебуш и накриви капа,во сигурни раце си.Честитки за бебуш
Да, тоа е “менито” после царски. Јас мртва гладна бев, тек дента кога ме пуштија дома ми дадоа вистински ручек Затоа шланк излегов од таму, со речиси иста килажа ко пред пораѓај Инаку нема да те пуштат додека не отидеш во вц, ама ќе дојде самото после два-три дена. Сигурно цревата ти работат, ги слушаш колку се гласни и тоа е супер, така треба да биде Пиј повеќе сок од јаболко и ќе се олесниш. Па пиши низ темите како сте со бебуш
Љокам сок цело време ама да, мртва гладна сум, едвај чекам дома да се налапам Мислам дека никогаш во живот не ми бил толку вкусен двопек макнат во јогурт и несолено пире
Јас сега со второто не можев да издржам, му се јавив на мм да ми донесе нешто и вечерта си се најадов кроасан ☺️
Денес гозби Сабајле проја со сирење и јогурт, моето омилено Ручек стек, ориз, супа, колач. Вечера шпагети болоњезе без сол и вкус, супа, грозје и пудинг од ванила А сега се мислам утре домче што да лапам
Се смеев за храната во Систина ама благодарение на двопеците и бисквитите и остали суви глупости, сега имам таков запек да ми течат солзи цел ден на шоља. Ем нејќам да се напнувам, ем ми се оди во веце ми се плаче. Нормален ли е запеков после царски и има ли чаре?
јас знам дека непосредно после царски строго се внимава на исхраната и не смее да дојде до запек но се зависи од функцијата на цревата. Не би требало двопек со јогурт да ти направи таков проблем. Земај компоти посебно од сливи и бели пецива и леб исфрли барем месец дена.
Па немам јадено друго освен тоа што даваа во Систина, а течности се здробив пиејќи. Ме зачуди уште таму менито, двопек со јогурт, бисквити со млеко, двопек со пире Жими супата течно што беше од храна.