1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    пак и тоа е лесно сварлива храна. Јас морав од надвор да земам т.е да ми носат ако слушнеш каква храна даваа... Здрав човек не би смеел да ја каде а камоли опериран. Ама тоа е.
     
  2. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Јас пак и со потечна храна дома имам тврда столица после царскиот. Не ми е комотно воопшто. Општо и при мокрење забележувам дека не е сѐ исто. Пример имам чувство дека бешиката не ми е многу полна, а кога ќе одам во вц гледам дека била преполна. Дали од катетерот нешто.. не сум сигурна. Ама дефинитивно не ми е како претходно.
     
    На Skorpija25 и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  3. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Истово чувство го имав. Се чудев како ич не ми се моча, а штом седнев на шолја, се заборавав мочајќи. Ќе помине, мене само на почетокот така ми беше (осетот во долниот дел на стомакот, вклучително и бешиката е намален/отрпнат и затоа е така). И запек исто имав, независно од храната. Претежно бев на течности, леб и сува храна не јадев, па ми требаше едно месец дена да ми се изрегулира столицата. Супа обавезно, по два пати на ден, сок од јаболко, јогурт со лажица ленено семе внатре. Ќе се среди @EvieBabe , само немој со сила да напнуваш :)
     
    На Kaetana, EvieBabe, Skorpija25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.771
    Допаѓања:
    7.278
    Пол:
    Женски
    И јас имав проблем со мокрењето околу две, три недели можеби.
    Запек имав и со првото кога внимавав што јадев а и сега со второво кога само барав нешто за јадење и од првиот ден јадев се нешто. Ама секако се среди за една недела.
    @EvieBabe не се секирај ќе се среди.
     
    На Kaetana, EvieBabe и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  5. Skorpija25

    Skorpija25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    1.356
    Допаѓања:
    21.828
    Пол:
    Женски
    Пробај со суви сливи и пиј многу течности.
     
  6. лукајана

    лукајана Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2015
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    506
    Пол:
    Женски
    Мајки тие што сте породени царски поради големо бебе, колкаво ви било бебето па се одлучиле за царски. И колку се меродавни тие мерки на ехо.
    На последната контрола докторката го измери 4 кг. во 38+1 и ми вика демек во оваа ситуација подобро да не пукне сам водењакот што и да и значеше тоа незнам. Па ми се уврте одсабајле да не сакаат царски да ме породат. Трето дете ми е првите две се спонтано родени
     
  7. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.550
    Пол:
    Женски
    Два дена, па скоро одма откако се вративме од болница по првата вечер помината дома имам благи вртоглавици - дали е ова нормално непосредно по породување? Факт е дека помалку спијам, расцепкан сонот на неколку пати, помалку јадам и скоро цело време сум на нозе, а до вчера лежев со месеци во кревет па ги припишувам вртоглавиците на сето тоа ама истовремено сум малку замислена да не има друга причина. Има ли некој друг што го искусил ова после царски или воопшто какво било породување?

    Инаку, раната ми е веќе заздравена, ми ги извадија конците, а крвната слика ми беше топ на пораѓај последно ми ја проверија во Систина.
     
  8. Watermelon96

    Watermelon96 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2018
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.543
    Пол:
    Женски
    Има и жени што родиле природно покрупни бебиња. Јас бев царски, бебе се роди 4430. Пред да ме однесат во сала го измерија 3700. Причина за царски беше и што имав болки ама не како што треба за да можам да се породам спонтано, бебе ми беше високо и плодова вода била матна (тоа после ми го кажаа). А и самата знаев дека нема шанси да се породам природно, некако имав претчувство цела бременост. :)
     
    На лукајана му/ѝ се допаѓа ова.
  9. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    препиши ги вртоглавиците на "траумите" кои ги претрпел организмот. Анестезијата оперативниот зафат крварењето (минимално ама сепак е губиток на клетки и такви ствари) па лежењето антибиотиците т.е терапијата.... Мораш да внесуваш витамини посебно вит ц да закрепне (колку толку организмот) зашто со сегашните обврски недоволно спиење и јадење дополнително може да ти се наруши здравјето. Царски рез не е лесна работа како што си мислат многумина (што но викаат блазеси ни)
     
    На Girl-Rabbit, EvieBabe и bela.m им се допаѓа ова.
  10. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.550
    Пол:
    Женски
    Не знам во која тема да пишам. Се породив со царски пред 8 дена и сега на туширање напипав тврдо топче колку џамлија на препонот десно, веднаш до ваџејџеј. Се извадив од памет! Што може да е ова, знае ли некој? На допир ме потсетува на кила, по тврдоста и текстурата, ама јас колку што знам кила искача горе над вагината не доле скоро кај “влезот”.

    Инаку не се пазам ич од царскиот, одма станав, одма почнав да го кревам бебето и да се напнувам со обврски - не знам дали требаше да мирувам можеби :/
     
  11. Lejlaah

    Lejlaah Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2018
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    После година дена ижав ужасни болки во кичмата. Еве и сега пск исто велат што го носам ама не го носам толку за така да р. Некоја со слично искуство и дали е последица од анестезијата
     
  12. Darija*

    Darija* Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Женски
    Породена сум пред 2и пол недели со царски, над раната ми е тврдо местото дали е нормално?
     
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    можно е да станува збор за коагулирана крв,ако нема болка нема причина за загрижување. Ако ти е умот тука појди на матичен ќе те ѕирне на ехо.
    јас со првото така,одкако дојдов дома само недела дена дали мирував. Се на се од пораѓајот само 2 недели одмарав,чекав болките да ми поминат а ми рече матичниот внимавај никако да креваш тежина јас ко за инат. Ама морав сама бев т.е.помош минимално само од мм. И ко појдов за 4 недели на контрола матичниот само што ме ѕирна на ехо ме искара, ми вика ти реков кревање никако ја се уплашив. Вика излив имаш ти реков да внимаваш може да ти пукнат внатрешните конци. Со второво реков не фаќам тешко не се формирам па што сака нека е.
     
  14. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    6.151
    Пол:
    Женски
    Нормално.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.550
    Пол:
    Женски
    Каков излив, што е тоа? Јас не одмарав ни три дена, уште од болница почнав да ја кревам неа, да се напрегам да станувам со бебе во раце и сл, а дома штом дојдов на 5 ден одма се фатив за работа. Никој не ми рече да лежам :/
     
  16. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    И јас не разбрав што е тоа излив ама како што ми објасни било внатрешно собирање на крв и згрутчување,со секое напрегнување форсирање и кревање тежина Внатре си се таложело крварењето. Безврска,не сватив ама битно немав видна Последица од тоа. А за одмарање мора,не смееш да се форсираш со работа кога си имала оперативен зафат,како не ти спомнале,мене И после двата пораѓај ми потенцираа. На пр. Корпа со алишта никако да не кревам претешко е, внатрешните конци нема да додржат.
    Јас од толку кажување и објаснување првиот пат не послушав и си работев се па ете тој некаков излив си "заработив" сега од бебе потешко не фатив,ионака немав многу време за да работам цело време цицање спиење едвај некоја домашна обврска да фатам.
    Искрено не можеш да одмараш и ништо да не фатиш дома,мора да се работи но во границите да не се форсираш. Не чекај да те заболи нешто па да речеш од требаше повеќе да одмарам и да се чувам. Сепак ти си одлучуваш
     
    На EvieBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    @EvieBabe да не е воспаление на бартоломиевата жлезда? Се надевам не. Види ако е болно и се зголемува и имаш температура - на доктор.
    Ако не боли - прашај го гинекологот за секој случај.
     
  18. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.550
    Пол:
    Женски
    Бев на матичен вчера одма - ингвинална лимфна жлезда е отечена, може да дошло до мала повреда од катетар. Ми рече ќе пројде само ама превентивно ми даде една доза оспен за да не се направи поголема беља. Колку да не е мирен човек :^) За оспенот ми нагласи не пречел во доење, дозволен бил...
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.179
    Допаѓања:
    23.856
    Оспен е еден од ретките антибиотици што не пречи ни во бременост, ни во доење. Пиј го слободно, без да се секираш.
     
    На Sexybaby86 и EvieBabe им се допаѓа ова.
  20. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Пришав за воспаление и ете. Кај влезот на вагината оток. Запушена ми е жлездата, знам. Само да не дојде пак до инфекција (ми се има случено ова порано). Температури, отоци.. среќа поминав без дренажа оти прсна самиот апсцес. Сега е само отечена и боли на допир а осеќам и на седење. Тогаш не можев ни да седнам. Се надевам ќе помине. Ако не, ќе морам одма на гинеколог.

    Инаку состојба после втор царски - не сум имала тврда столица.. само проблем со хемороиди. Иако столицата не била тврда, чувството е такво заради огромна болка од хемороидите. И после секое одење во вц имам многу крв од нив. Аман веќе. Не се надворешни туку внатрешни. Ставив маст проктосиналар (не знам дали е компатибилна со доење, не сакам ни да прочитам) ама умирав од болки. Со плачење одев во вц. Малку е поарно, ама крварење уште има.

    Пишав некаде дека имам болки на левата страна на задникот кои се манифестираат со печење. Искрено, се сомневам од спиналната дека се. Стомакот ми е собран. Првиот ден кога дојдов дома кога се видов мислам дека бев запрепастена. Стомакот ми беше како вреќа истурена над раната. Ама се собра. Сега е како топче над раната. А раната е баш како да го сече стомакот. Баш како да сум удрена со секира во тој дел. И шиена.

    Отоци немам. Некои посебни болки немам, освен над раната до папокот некаде. Тој дел од стомакот ме боли. Матката внатре плус ме боли. Ама нормални болки ништо страшно. Генерално не крварам многу.. сега веќе во фаза сум од ден - два нема ич.. третиот ден ќе протече наеднаш многу.. па пак ќе престане.. и така. Раната изгледа поглупо и некако поголемо од претходно. Инаку изгледа добро и заздравено. Хематомот го нема веќе. Вадењето на конците беше болно и грдо - иако беше на 10 ден јас да си кажам.

    Генерално мислам дека после вториот царски многу побрзо и полесно се вратив во нормала, иако со многу повеќе кила од претходно... Станувањето не ми беше толку панично. Не беше воопшто убаво ама ко да не беше ко првиот пат.
    Сега некако ко да не ми е ништо чудно. Тогаш веројатно дека прв пат е човек сечен, па сѐ ми беше чудно. Смеење, кашлање, сѐ беше со некоја неудобност. Немањето чувство во стомакот околу раната ми беше ново.. ама после првиот царски се навикнав на таа состојба.. и секогаш ми беше поинаку кај раната.. така да вториот пат таа состојба ми беше веќе "постоечка". Само болката ми беше нова овој пат.

    Не знам дали ви било и вам така - тие што сте со втор царски породени...
     
    На gjoker4e, Autumn_, Natasa87 и 2 други им се допаѓа ова.