1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Оток сам од себе помина. Среќа. Крварам од време на време. Два дена ништо. Еден ден има. Па пак два дена ништо.. мислам дека е нормално тоа.

    Она што не е нормално е колку крв имам кога одам во вц по голема нужда. Цела шоља е... кланица. Болката се намали откако почнав со чепчиња за хемороиди, ама крварењето е обилно. Искрено паника ме фаќа.
     
    На crazylady и piksooki им се допаѓа ова.
  2. Natasa87

    Natasa87 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2018
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    1.007
    Пол:
    Женски
    А како си сечена од папокот надоле ли? :?:
     
  3. Natasa87

    Natasa87 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2018
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    1.007
    Пол:
    Женски
    Имам слушнато дека после царски рез 3 години не смееш да раѓаш зошто? :?:
     
  4. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Не. Хоризонтално сум сечена над вагината под стомакот. На истото место кај што бев и првиот пат.

    Инаку не е вистина дека 3 години не смееш да раѓаш, но генерална препорака е да помине одредено време, за да има простор матката да заздрави пред да биде подложена на повторна бременост каде што треба да се шири и сл. Многу жени родиле порано од 3 години и сѐ било во ред. Сепак, тоа е индивидуално и зависи од состојбата на жената, како заздравела, како е сработена операцијата и сл.
     
    На crazylady, Natasa87 и Girl-Rabbit им се допаѓа ова.
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Не знам дали добро те разбрав ама имаше кила во текот на бременоста и затоа беше со царски или поради друго отиде со царски?
    Малку ме исплашивте со проблемите, со шиење, гној итн. Првиот царски добро поминав, немав конци, ласерски залепена со две кончиња од дренот. Можеби дека ми ставиле дрен па не се соочив со воспаленија. За второто породување пак би сакала со царски ама сега сум со едно а на државно треба врски да фатиш за тоа.
     
  6. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски

    Не не.. сакам да кажам овој пат со поголема тежина ја стартував бременоста (+20 кг) од првата.. а за првата бев дебела.. и дека и покрај толку вишок тежина немав мака со царскиот сега. Хематомот ми беше од вадењето на бебето (малку потешко беше тоа).
    А отокот зборувам за оток на вагината - бартолимит кој овој пат одма го снема без фрки. Гној и сл. зборував за бартолимитот кој го имав уште пред да имам деца пред 7 години. Не е поврзан со царскиот.

    Овој царски супер поминав - баш тоа и пишав.. ко опоравувањето да ми е многу полесно од првиот пат. Е сега проблеми со хемороиди и сл.. тоа и со природно го има. Царски бев заради болки во пределот на раната од првиот царски на крајот на бременоста и плус бебе што менуваше позиција во 5 минути со индикација - нестабилна положба на бебето. Извадено беше од карлична позиција, со една нога нагоре.

    Јас пак сакав природно овој пат, ама ете. Не бидна. Мислам дека првиот царски ти е доволна индикација за втор.
     
  7. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Не е тоа ласерски лепено туку внатрешно шиење е, ама зашто не се гледаат конците родилките сами си го викаат така, мене сите ме прашуваа дали сум ласерски па си ги прашав сестрите и се насмејаа и ми објаснија дека е начин на шиење
     
    На Minnie-e и mariz им се допаѓа ова.
  8. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.774
    Допаѓања:
    7.304
    Пол:
    Женски
    Јас сега вториов пат кога додека ме шиеа ги прашував за начинот и баш тоа ми го кажаа. Прашав пошто осетив мирис на изгорено месо (дали јас сум тоа :D).
    Не е смешно ама ми ставија нешто за смирување пред тоа :rofl:

    @Natasa87 Моите се разлика 19 месеци
     
    На Natasa87 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Јас со првото ко се породив ми рекоа ласерски е конец ни еден немаше ни рана ни ништо само една линија што изгледаше како лузна зацелена. Со второто ми рекоа дека сум внатрешно шиена со по едно Конче на краевите и од една страна отвор што служи како дренче. Голема разликата беше од првиот рез до вториов.
     
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.757
    Допаѓања:
    72.676
    Пол:
    Женски
    Нема ласерско лепење, ми кажале дека нема такво нешто.. а и се утепав од барање на нет, не најдов. Сите ги шијат, само што има доста попрецизни доктори и поубави инструменти. Јас немам моментално ништо, а уште дома кога дојдов немав ни конче ни ништо, само црта како нацртана со црвено пенкало :D

    Може користат малку да подзалепат убаво... ама и по секоја цена и шијат.

    @Minnie-e кај се породи?
     
    На tincemajmunce, Coco31 и LiliBoz им се допаѓа ова.
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Не бе. Има. И те убедуваат уше. (facepalm)
     
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.757
    Допаѓања:
    72.676
    Пол:
    Женски
    Абе резиште е тоа, таа рана треба да држи, кај ласер ке држи да не пукне... (facepalm) Ласер ко што знам може отпосле за отстранување на лузната... Нз ств барав и на јутуб, гугл, видеа гледав, тоа чудо до нема :D
     
    Последна измена: 15 октомври 2019
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Мене докторот ми рече дека е шиена матката. Тоа надворешно е шиено исто. Само во ремедика знаеш, користат топол рез. Тоа е разликата.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.757
    Допаѓања:
    72.676
    Пол:
    Женски
    Незнам каков е тој топол, ама знам дека со поубави специјални инструменти работеле за што помал белег. 2г поминаа, јас ништо немам, едвај се познава раничката малку, скоро ич.
     
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Ни јас немам ништо. Микро скалпел со топол рез
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.757
    Допаѓања:
    72.676
    Пол:
    Женски
    Грее ли дека е топол? :D Нз ств каков е... ме копка дали од него може да мириса чудно (на подгорено) како што кажа членка горе.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  17. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Јас нит барав нит ме интересирало за ласерско за внатрешно за надворешно
    Знам само дека двата пораѓаи ми биле со различни резово
     
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Не верувам.
     
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.757
    Допаѓања:
    72.676
    Пол:
    Женски
    Зашто и она е породена Ремедика... А знам дека не лепат таму...
     
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Не лепат тоа е сигурно.
    А не знам зашо така мирисало. Јас не осетив.