@mariz Во Ремедика. Ќе одам деновиве на контрола и баш ќе прашам за подетален одговор, да ја разјасниме дилемава . Инаку првиот пат ниту осетив нешто ниту чув. Сега имав паничен напад пред да почнат, ми ставија нешто за смирување и беше како на кафе да сме излезени. Баш се договаравме кога да му вртиме на мм и осетив мирис па си прашав -"Ова изгореново месо јас сум?" -" Да" Прашав како шијат и дали постои тоа ласерско лепење, се насмеаа и ми кажаа дека е шиење само што е внатрешно. Само не знам што конкретно правеа кога мирисав така
Баш прашај И јас тамо бев,па слушав како хефталицасигурно не било хефтање но ме интересира како не спастриле и мислам дека 9 слоеви сечат додека стигнат до матка...или сум прочитала недочитала.
Затоа јас сите операции бев со целосна. освен артроскопијата која ја гледав на монитор. Зашто не можам да не гледам нешто што прават на мене а со она зелено завевче уште поголем склет ќе ме фати. И башка што препрашувам.
А што толку слоеви сечат? Под кожата се стомачните мускули па Бешиката после матката. Ваљда нешто мускули сечнуваат.
@Kaetana го убив од барање линкот што го пушти пред некој ден и никако да го најдам. Статијата за тоа дека никој не обрнува внимание што се случува со мајката после пораѓај, сите фокусирани само на бебето. Во која тема беше? Да не ти е “при рака”?
Здраво на сите од мене Во неделата вечерта завршив на итен царски. Станав дури вчера убаво, во понеделникот ми се вртеше и ме вратија во кревет. Болки почнав сабајлево да осеќам во кичмата и десното рамо, рекоа нормално било од анестезијата, а апчиња за болка не пијам веќе. Е сега, имам едно прашање. Додека лежев немам осет колку крварев, сестрите ме средуваа. Ама откако сум станата тоа не е крв, туку нешто светло розево, жолто зависи. И кај други ли е така? Возможно е толку брзо да се исчистила таа крв првично што треба да излезе? Свесна сум дека допрва ќе има и периоди на повеќе и помалку крварење, ама ова ме збуни, многу брзо ми дојде
The seven layers are the skin, fat, rectus sheath (medical term for the coating outside the abs), the rectus (abs, which are split along the grain somewhat more than cut), the parietal peritoneum (first layer surrounding the organs), the loose peritoneum and then the uterus, which is a very thick muscular layer.
Крварев пообилно првите 2 дена,после до 40 дена се така оскудно де розе де кафено,жолто...сосема нормално. Станувај почесто колку што можеш за побрзо да сд вратиш во нормала. Секако без напрегање,слушај си го телото. Уживај додека имаш дугме,дома сакаш нејќеш ке стануваш.
И јас така малку крварев... додека првото ми е природно и многу повеќе крварев, а по царскиот доста помалку. Јас се опремив со улошки тон памучни со мрежа (дека со првото природно доста истрошив дека повеќе крварев, па и не претпоставував дека царски ке завршам). Па ми останаа доста, па при мензиси си ги искористив
Фала ви многу за одговорите станувам, шетам, само сфатив дека кога бебе не е со мене, се нешто офкам и ме здоболува. А ја донесат и треба да потстанам за неа, не размислувам на болката. Пиевте нешто дома по потреба за болка?
За раната не, дека секој ден е се подобро, веќе по 6 дена супер си се движев, не е нешто што неможе да се истрпи... а апчиња Блокмакс (тие смее во доење) пиев за главоболка (нус појава од спиналната), страшно ме болеше очи неможев да отворам, само ако лежев права како пушка не ме болеше. Ама неколку дена и тоа траеше и толку..
Ти така имаш пишано во анализа што сѐ се сече. А бешиката е напред но и доле, секогаш постои начин да се помести еден внатрешен орган при операција, а за да се дојде до нив се сечат само кожа, масно ткиво и мускули.
еве @Kitten што сум напишала. Дека ваљда мускулите се сечнуваат и дека бешиката е пред матката. А не дека неа ја сечат.
Нека ти е живо и здраво малото.Каде се породи?И кој др?Јас на ГАК си избрав доктор.Ме интересира и постпородилно како си задоволна?Нега?
Фала во ремедика, кај др Симонида. Денес дојдовме дома. За таму имам само пофални зборови за целиот тим. Од втор ден ми ја носеа да проба да цица, веќе третиот надојде млеко, и не испратија само на доење без дохрана. Сестрите се постојано на располагање за секакво прашање поврзано со бебе, рана, понатамошна нега. Мене ми беше многу страв, од искуства на блиски, кои што родиле со царски. Ама сега, освен повремени болки во кичма, друго немам проблем