Гинекологот и анестезиологот си ја знаат работата најдобро според твојата состојба. Некои ја спијат цела операција со општа анестезија, некои се свесни со епидурална анестезија без да чувствуваат ништо од половината. Сепак најдобро е кога ќе договараш да видиш докторите што ќе ти кажат.Сепак докторите пораѓаат секојдневно ги знаат сите предности и недостатоци за разлика од родилките.
честитки за ќерката нека е жива и здрава...инаку јас имам неш да прашам дали некој е запознаен за царскиот рез неш да ми објасни што како иде дали мора да добиес породилни болки и дали некој има искуство за царски во чаир ако има нека ми каже што како иде таму позз
Elenika јас се обидувам да закажам царски , ама изгледа тешко дека ке можам , утре ке одам на преглед и ке се распрашам па ке ти пишам лп
Еленика те читам некое време секогаш си со истото прашање за царскиот рез. За него немора да добиеш болки дури можеш и дадум да си закажеш за кога сакаш. Но би ти препорачала да зборуваш со својот доктор зошто некако многу збунета си ми (или мене така ми се чини) а нетреба да си. Имаш право да си ги поставиш овие прашања не стручни лица кои ќе те упатат во целата постапка. Во секој случај нема да е ништо страшно, нити си прва нити последна што ќе се пораѓа со царски рез. Полека смирено се ќе си биде како што треба. А зошто сакаш со царски?
На клиника царски се закажува само со врски ИЛИ во случаи кога бебето е карлично поставено и нема можност при породување да го свртат ИЛИ доколку мајката или бебето имаат некој проблем(некое хронично заболување,срцеви проблеми...). Во принцип во сите други случаи се пробува најпрво со спонтано породување. Во приватните клиники мислам дека закажан царски е нормална работа и тоа во 38ма недела.
Еленика те читам некое време секогаш си со истото прашање за царскиот рез. За него немора да добиеш болки дури можеш и дадум да си закажеш за кога сакаш. Но би ти препорачала да зборуваш со својот доктор зошто некако многу збунета си ми (или мене така ми се чини) а нетреба да си. Имаш право да си ги поставиш овие прашања не стручни лица кои ќе те упатат во целата постапка. Во секој случај нема да е ништо страшно, нити си прва нити последна што ќе се пораѓа со царски рез. Полека смирено се ќе си биде како што треба. прашував ама не добивав одговор само не боли и толку ми кажуваат и малку сум испаничена неш да не не е во ред или со мене или со бебето дури и ко лезев во болница прашував од докторите никој не сакаше ништо да ми каже само дека не боли и толку сепак фала за одговорот.
Еленика, за царски рез колку што знам самата операција не боли ништо, не ја ни чувствуваш, проблемот е раната која треба да зарасне неколку недели и што те ограничува во движењето. Плус и бебињата родени со царски рез се помалку измачени, не излегуваат со сплескана глава и тегет боја на телото, туку се природно розевки како да не се тогаш извадени. Доколку докторите гледаат дека е непоходен царски рез, сигурно ќе ти закажат термин, не верувам дека ќе те остават да се мачиш со природни болки и после да те сечат допрво, ако знаат од старт дека бебето не може да излезе природно. Така и тебе и бебето ќе ве измачат без потреба.Биди поупорна и досаѓај кај докторите да ти објаснат убаво и да ти договорат термин.
Јас пробувам да закажам царски зошто така ми рече матичниот да пробам да закажам е сега ми даде и упат да одам на ЦТГ на ГАК да ми направат и они ке ми кажат , инаку ми рече дека после 35та недела се правело ЦТГ еднаш неделно , јас за ова прв пат слушам.. И да тешко е сега да закажеш царски зошто немало како порано да закажеш па докторот од дома да ти доаѓа туку кој ти се погоди тој.. Е сега незнам зошто матичниот ми рече да пробам да закажам ама најверојатно заради проблеми со срцето и килажата.. Вечер ке одам на ЦТГ на ГАК па ке видиме таму најдобро ке ми кажат
Па добро + и времето додека да те сошијат. Значи во секој случај не би требало да е долго. Ти во колку се разбуди од анестезијата?
jas mn se plasam od pomislata deka mozebi ke treba so carski rez da se porodam daj boze da bide prirodno
Се разбудив одма, ама после цел ден спиев , многу ужасно искуство. бебето си го видов дури во 10 вечерта.
пред некој ден бев на гинеколог и ми правеше и вагинално ехо,ми рече на две места матката не ми е зарасната како што треба значи внатрешно(породена сум со царски хоризонтално,и со лепенка) Ми рече не е опасно ама во текот на другата бременост треба многу пазење,да не кревам тешко да одмарам итн. Ама ме интересира као е можно после 2 години да не е зарасната искрено се плашам многу не дај Боже да е нешто посериозно.....има ли некоја со вакво или слично искуство?
Кај мене резот е со лепенка, со по едно-две(колку ли се) кончиња на краевите. Е сега едниот крај, десниот нешто зеза, прво почна со течење на лимфа помешана со светла крв, па бев на лекар, ми ги подместија кончињата. Се смири тоа, ми кажаа да измивам со борова вода, а покрај неа јас дезинфицирам и со бетадин еднаш дневно. Денес видов дека тоа десното крајче ми е како беличко, но не мислам дека е гној, не изгледа така. Инаку болки веќе немам, освен што местоот го осеќам како отрпнато, како мравки да ми шетаат, сеуште немам добар осет таму. Другата страна е екстра, само што непосредно до крајчето ми се направила прилично голема бубулица, ли што е од влакненца кои растат поткожно. Ова е последица од бричењето кое го спроведуваат пред операцијата. Се надевам нема да направат проблеми. А резот ми е на така фино место, што уште сега не се ни гледа, ниту пак се примеќа дека е рез. Можеби кога целосно ќе спласне стомакот ќе се познава нешто минимално, но не верувам дека ќе е страшно. Алал да му е на докторот по доле не ни можел да сечи Ме интересира како крваревте вие кои сте со царски??? Јас само првите 3дена во болница крварев обилно, аа ептен обилно, течеше по мене(извинета на вака деталниот опис). Потоа само со нешто не боцкаа, па кога ми ставија и Ерготил се кажаа, крварењето ептен се намали, до таа мера што ни една влошка не наполнував. Сега дома крварам но многу малку и претежно е бледа крв. Парталчиња сеуште знаат да излегуваат, но ме чуди што не е ни како менструално крварење. Јас замислував јако крварење кое трае месец време
Кај секого различно,па дури и кај една жена која родила 2-3 деца може да биде различно .Јас и со двете крварев до три недели со тоа што со син ми повеќе ,а со ќерка ми помалку,но не беше исто секој ден,некој повеќе -некој помалку. За бубуљичката стави и малку кантарионово масло ,за да пукне и да излезе влакното за да не стане многу голема или пак ако е пред пукање,а не е на самиот рез пукни ја и влакното ќе излезе. Белото кај кончето ти е од боровата вода и бетадинот и сега ќе ти се направи како крастичка околу кончето ,кое до 40 дена или до 2 месеци ќе падне.Мене првиот пат ми падна точно на 40тиот ден,а вториот на 2 месеци.Внимавај да не го потегнеш или да ти се заплетка на гаќите
Пак јас Да си прашам сега, дали може да си работам слободно, во смисла клекни-стани, наведнување и сл??? Прашувам зошто вчера така работев низ дома, и почна да ме боли, знаете како мускули воспалени, она глупавата болка, која ја имаше од почеток , а еве и денес ме боли, посебно кога седам
Зависи од жена до жена, и ти најдобро си знаеш до каде можеш да одиш....во секој случај, не се преоптеретувај, не се уморувај и лежи повеќе, за кратко време ќе се вратиш во нормала. Подобро е сега да жртвуваш време и да оставиш да ти зарасни раната ко што треба, отколку покасно не дај Боже да ти се јавуваат компликации....лежи и уживај со малата, остави ги домашните работи на друг