Породена сум со царски пред два месеци ама осеќав одвреме навреме печење при мокрење. Сега и при обид за однос исто и таму пецкање. Има врска пораѓајот со ова? Што знам треба ли да одам на преглед?
царско тука е што " на готово" ти го носат бебето. Без "болки" стегање од леле .. со првото после 10тина дена намалија болките со второво немав болки Сем конците што ме затегнуваат и многу грдо беше чувството
Тие што не го искусиле . Болката намалува за неколку дена. За една недела како нова ќе бидеш. Инаку честитки, да е живо и здраво бебето (претпоставувам тазе си породена)
Девојки дали претходна лапороскопија и хистероскопија (одстратет септум на матка) и бременост постигната со ин витро се индикација за царски рез?
Доколку при хистеро забележиле,виделе ке пишува во извештајот дека мора царски рез. Кај мене пишуваше и мислам колку што ми објаснаа дека станувало збор за задебелено грло на матка ли не го разбирам медицинскиот термин,но гледаат тие. А инв незнам дали е индикација за царски.
Тоа треба да ти каже тој што го вадел септумот, најдобро ќе знае колку е “работено” на матката. Инаку мислам дека може да е индикација
Болката со често станување ќе биде сѐ помала. Ако ти е прв царски, навикнување на чувството дека си пресечен долу ќе ти трае подолго... Со втор веќе си некако навикнат (ако резот е на истото место, а обично е). Барем кај мене беше така. И после скоро 5 години од првиот царски, пред вториот, имав дел што уште ми беше (и пак ми е) оттргпнат. За лапараскопија и хистероскопија ќе мора да се види од наодот кога се направени... А ин витро само по себе не е индикација. Бременоста после диктира дали има потреба или не.
Жени дали после царски коа се менува времето осекате болки во стомакот не зборам за рана него стомак ?
Јас мила(ама не ми се лути),иако се породив царски и тоа на 40 години,се опоравив многу лесно и брзо и болка за мене издржлива.Си се грижам за бебче од почетокот.Ете не знам,можда е до организмот.Секое добро
Јас мила,малку така така,но брзо ми поминува,не е многу јака,но не знам баш дали ми е од царскиот.Можда до организам е.....
Исто како @Minnie-e и јас ќе речам, тие што не го искусиле Како јас да имам пишено, пред 11 месеци ако сега мислиш дека никогаш нема да те преболи, за 2,3 недели ќе помини, намали кај мене после 1 недела, пак ќе си функционираш нормално, да е жива и здрава бебка
Баш така, си мислиш никогаш нема да преболи, се чудев како со 5 болнички дена ќе ме пуштат дома, викав јас 10 ќе седам, сестрите ми се смееја. Ама третиот ден веќе попушта значително болката и секој следен ден многу подобар. Дома веќе сама се грижев за бебе, бањање, нишкање по соби, пресоблекување нормално. Првите два дена е страшно навистина ама поминува се
И јас многу лесно го поминав. Не осеќав некоја вау болка како што пишуваат хорор била првото станување. Џабе толку се плашев. Боли ама не до толку. Башка цело време ти оуштаат инекции против болки. Ми се чини поголема болка осетив кога правев хсг. Можеби пак имам висок праг на толеранција за болка.
Zdravo majki,ne znam dali e prasnajeto za tuka. No me interesira dali nekoja od vas posle carski rez ispituvala De-dimeri. I kolku i bile? Kolku e granicata posle carski? Fala vi odnapred ...