Има ли некој што добил 40 дена после царски рез? Еден месец по пораѓањето се чистев, последните денови претежно проѕирно со минимално розево, па неколку дена немав ништо и денес како разредена крв малку пак почнува. Дали ова продолжувам да се чистам или има шанси да добијам 40 дена после царски? Мислев дека е рано, очекував со месеци да немам ама како ми било редовно цел живот, нема да ме зачуди и да добијам одма
И двете варијанти се можни. Јас уште така крварам.. три дена нема, па четвртиот пак ќе има. Ама петтиот пак нема па така знам дека не се работи за менструација.
Кај се породи и кај кој доктор ? ЈАс поради присуство на вирус докторот спомна дека е подобро царски рез да биде за бебето, а мене ми е страв многу од операции, сечење, дури почнав пораѓајот да си го сонувам, ноќеска сонував сум се породила царски.. ама мене уште ми е рано за до пораѓај, 13+4 сум дотогаш ќе насоберам сили и храброст
Јас после царски примав уште 10 инекции и прекинав,но не испитав,по препорака од Др.Јани.Планирам да ги проверам превентивно,ама не сум била уште.Бебка ќе прави наскоро 3 месеци.
Јас мила,се чистев 40 дена и после некое време немав ништо и ми дојде некаде отприлика 55 ден, баш менструација каква што си имав и пред бременост и знаев дека е тоа.Дојам но имам и дохрана.Иначе...уффф..сакав да ми дојде убаво и да се ослободам од улошките што ги мосев од декември лани...исцедоци водичка и не можев да бидам само со гаќички(цел бев вода).Сега ваљда следи гиниколошки преглед.
Девојки оваа недела имам закажено царски рез поради медицински индикации.Многу ме фаќа страв толку ли многу боли оваа прво станување сите што го споменуваат.
Не се плаши не е толку страшно. Сите имаат различен праг на толеранција на болка, така да некои повеќе некои помалку ги боли. Во секој случај ќе имаш помош од мед.сестра која ќе ти помогне да станеш прв пат и секое наредно станување ќе е полесно. Кога ќе го видиш и бакнеш бебето верувај нема ништо да чувствуваш
Колку ќе те боли ќе ни кажеш откако ќе станеш сите различно поднесуваат, јас би ти кажала дека е тип на болка што не ја очекував и додека сфатив дека така боли ми беше малку паника зашто мислев многу долго ќе трае, ама не, поминува брзо. Психичкиот момент дека нема да сум способна да се грижам за бебе ме исплаши ама додека се свестив веќе доев бебе и нишкав низ болничка соба. Да знаев дека е така немаше ама ич да се плашам од царски. Мисли си на запознавањето со бебе, болката ќе помине брзо и нека не те плаши однапред
Утрото бев направена царски, вечерта ме станаа, другото утро пак и цел ден поминав во шеткање в соба плус и бебе кревав. Не можи да не боли, ама мене на пр. не ме болеше кој знај колку. Плус и лекарства за болка ми даваа... Со лесно
Претерано јадат симит, искрено да ти кажам. Болката е ко сечено да, ама не е да урлаш. Првото станување само имаш чуство ко да те влече нешто од стомак надолу, ама не е страшно. Сите полнат глава дека кујзнае шо се дешава, побогу ако било така немало никој втор царски да прај, па и трет. На скала од 1 до 10 болката ми беше на 3 а нелагодно чуство на 7.
Да бидеме искрени и да не се лажеме. Првото станување навистина боли и е тешко. Е сега тргнувајќи од фактот што со тоа станување знаеш дека ќе одиш кај бебето ќе го издржиш без проблем, верувај ми. Секое наредно станување ќе е се полесно.
Јас испитував после вториот царски по препорака, оти изгубив многу крв на операцијата. Инаку во бременоста немав никакви проблеми со д-димерите. Во болница примав клексани, и после испитувањата пак примав, уште десетина. Е после тоа не проверив дали се во ред, ама веројатно беа ок. Граница не знам.
Нема ништо царско ,но да знаеш дека и не е така болно како што ке мислиш кога ке станеш прв пат. Неможев да се исправам и си фатив темпо на споро поднавалено чекорење. Прво станување 15 чекори,па 20....па се исправив третиот ден како да немам родено. Несакав да помислам да кивнам и да се накашлам. И мислев дека ако излезам по голема нужда ке распукам во стомак. Тоа нема врска. Сака само постепено без форсирање почесто станување. Ако имам уште деца сакам како што поминав со првово,така да поминам.
Гледам денес после 6 месеци на местото каде што беше конецот точка црвена и како од гнојче истечено така балонче истушено...ама објаснив... небитно. Болки немам попушти отрпнатоста,но дали дали има место за паника или па никому ништо....како и се останато од кога ке се породиш. Немаш време да се плашиш за себеси....
Zdravo mamicki ne znam dali e za tuka prasanjeto iskreno ne znam dali e popametno carski rez ili priroden poragjaj vo mojot slucaj... Kako hasimoto me vodat hipoteroidna I hemoliticna anemija mn mi e izretcena krvta strav mi e od poragjaj iskreno poso za sekakva sitnica mi se slosuva gubam svest I mislam deka priroden poragjaj ne bi mozela da izdrzam... Znam deka so doktor treba da se konsultiram no bi sakala da spodelam I tuka mozebi nekoj veke bil so slicen problem kako mojot
Дали има некоја мајка која после царски рез изгубила осет за мокрење? Пред 2 недели сум породена и ако не ми текне да одам у вц, немам осет дека ми е полна бешиката. Дали поминува?
На почетокот немав осет воопшто. По некоја моја теорија, затоа што се ослободи многу простор во стомакот и ништо не ми притискаше на бешиката. Иако кога ќе отидев во тоалет си мочав нормално. Ама се среди тоа после две недели кај мене. Еве во среда месец од царскиот ми поминува и чат пат уште знам да заборавам да одам, ама осеќам потреба
Нема врска царскиот .. и по прв и по втор пораѓај така ми беше, а прв природен ми е, втор царски... Ке се среди со тек на време. Дека трудни на секое мокревме дека малку простор во бешиката, се ослободува по пораѓајот и веќе пак се полни убаво. Повеќе течности само зашто и во гради одат течности..