1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Нагло има многу простор во стомакот и ништо не ја притиска бешиката која сега има капацитет за повеќе да собере. Па затоа не ти јавува дека е полна сѐ додека стварно не е преполна.
    Истото ми се случи мене. Сега после месец и пол е подобро.
     
  2. Only1

    Only1 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    1.141
    Пол:
    Женски
    Девојки се породов со царски рез пред два дена, да знаете дека не е страшно за тие што треба да се пораѓате со царски,џабе бев толку исплашена:D
     
    На Vanessa9li, Филотеа, Butterfly1107 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.985
    Допаѓања:
    166.657
    Пол:
    Женски
    Девојки утре 3 месеци како сум породена со царски.
    Последно време отрпнувањето е намалено, ама чувствувам некоја тапа болка во стомакот на допир, во линија со царскиот некаде малку над местото што е како малку потечено.
    Не знам дали е нормално или треба да се загрижам, веќе некое време ја чувствувам. Тапа болка е и само на допир/притисок. Да консултирам доктор?
     
  4. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.846
    Пол:
    Женски
    Многу си пресно породена и таа тапа болка е нормална. Јас тоа дури и покасно го осеќав кога бебето беше поголемо па при успивање ќе ме клоцнеше. Царскиот рез е операција и мора да помине време за местото да заздрави.
     
    На Girl-Rabbit и Yowannty им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.985
    Допаѓања:
    166.657
    Пол:
    Женски
    Почна да ме клоца така и осетив дека ме боли. Има недела и више можда, мислев ќе помине ама не.. никој ништо не ми спомна да очекувам нешто такво, ама чим е нормално, бар да не ми е на мисла. Фала Фана.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Јас болка немав. утрнато место, како да не го осеќам, како да не е мое ми рекоа нормално е.
    Докторот ми кажа при болка да му јавам да ме ѕирне.
     
    На Minnie-e и Yowannty им се допаѓа ова.
  7. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.550
    Пол:
    Женски
    Ме боли денес стомакот некако, како да ме болат стомачните, точно под папокот. Што може да е? Дали малава дека поправена веќе, а јас си ја носам во раце, думкам нишам... Ама па не ја држам со саати. А не е доле околу раната болката, туку многу погоре; не знам дали има врска воопшто со пораѓајот.
     
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Дали после 3 месеци од царски е дозволен џогинг? Неколку пати имам трчано од што морав да побрзам. :$ добро ми дојде и ме размрда и стасав навреме ама после ми текна дека сум породена тазе па се задумав да не има проблем а ништо не осетив.
     
  9. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Крварење после 2 месеци некој? Две недели воопшто немав ништо и еве деновиве еднаш дневно ама ќе потече така свежа крв. 2 месеци и 3 дена. Менструација не е, затоа што престанува да тече.
     
  10. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.774
    Допаѓања:
    7.297
    Пол:
    Женски
    Кај мене така со кафеаво е. Дури и една недела ме болеше стомак како за добивање а само чат пат кафеаво, розево имав. После десетина дена ништо па пак два дена кафеаво. Исто од 2+ ова.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Alex***

    Alex*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2017
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Vo red. Fala so zakasnuvanje. Primav i jas uste 10 kleksani plus. No sega e se vo red. Pozz
     
  12. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички,

    Сакав да прашам пред 4 дена се породивме со спинална царски.. примам секое утро фраксапирин во стомак против трмбоза и згрутчување на крвта..

    денеска приметив две точки темни на мешето во регијата каде што се боцка одприлика.. едниот др вика поткожно крварење.. некој сл искуство.. се подисплашив... ?
     
  13. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Не се плаши инекциите се ставаат поткожно и повредуваат капилари, тоа се модрици кои ќе поминат за некое време. Цела бременост се боцкам, во стомак само еднш си имам направено модрица, мислам дека не те боцкаат баш убаво - што не значи ништо на инекцијата таа исто си делува туку само модрици ќе си носиш. Прашај да те боцкаат во рака, малку повеќе боли боцкањето ама па модриците на рака болат помалку отколку оние на стомак. Без гајле во секој случај, инекциите се огромна заштита за после пораѓај, и секако е добро што ги примаш
     
    На Miss.N му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.389
    Допаѓања:
    32.797
    Пол:
    Женски
    Имате ли болки во грбот од спиналната?
    Година и пол после царски,ужасни болки со денови имам :(
    Цел грб и р’бет ме боли, мислам дека е од спиналната анестезија, при промена на времево се појави.
    Ок ли е,или да консултирам лекар?
     
  15. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Јас имам. И тоа точно каде што ме буцнаа. Посебно ако сум наведната или подолго време стојам или кога ја думкам малата. Пред царскиот никогаш, ама баш никогаш не ме болела половината. А сега да не претерам, ама нема ден да не ме боли. Скоро 7месеци иначе се поминати.
     
  16. *Mila24*

    *Mila24* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    1.125
    Пол:
    Женски
    Isto I jas imam nevideni bolki od spinalnata ne go sekavam grbot deka e moj
     
  17. Watermelon96

    Watermelon96 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2018
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.543
    Пол:
    Женски
    И јас имам болки. Една година има поминато. Мислам дека никогаш и нема да престанат, на секоја промена на време се осеќа:drunk:
     
  18. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    А зошто мислиш дека е од спиналната, телото со бременост трпи многу промени, плус варирање во килажа, може да те боли од секаква и најлесна дијагноза. Јас имав многу болки во грбот и коските на нозете после пораѓај, пиев калциум со вит ц, а болките во грбот ми поминаа кога го регулирав доењето и нишкањето на бебе по цел ден, не ни помислив дека е од спинална
     
    На Martka, Vanessa9li и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  19. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.389
    Допаѓања:
    32.797
    Пол:
    Женски
    Па не знам, некако од тој предел осеќам дека доаѓа болка, од кај што е аплицирана анестезијата па се шири нагоре низ цел грб.
    Мислев дека е од што повеќе спијам на една страна ама не ми е логично тоа, пошо во тој случај ќе ме боли само таа страна а не цел грб, и ми светна дека можеби е од спиналната.
     
  20. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Можно е, прашај гинеколог, сигурно знаат ако и други родилки се жалат на такви болки. Инаку калциум со вит д пиев, сум пишала вит ц, а и магнезиум нема штета да се напиеш ќе видиш дали ќе те опушти. А од спиење на една страна и те како може да боли, го заборавив тоа дека спиев на една страна и се будев цела згрчена. Ама се ова беше во привите месеци после пораѓај, година ипол кај тебе веќе е поголем период да трпиш болки
     
    На Chanell* му/ѝ се допаѓа ова.