Бебуш мој ако не излезе докај 28 декември, планирам царски да одам. Сега во четврток сум на цтг кај матичниот. Ама можно е и овие денови да одам за да ми дадат упат за во Чаир, за наредна недела кога веќе ќе бидам 41 недела да се изврши царски . Па кажете ми која е процедурата. Ми даваат упат кај некој доктор и одам и се договарам кога и како да биде извршена процедурата така?
Во чаир нема царски по желба. Ако немаш индикации за царски ке те чекаат и 10 дена после термин, ке пробуваат и со провокации. Јас со првото сум таму породена 40+8.
Мене термин ми беше сега на 21.12, бебе абер нема, си мрда си ужива. Немам болки, ништо не чувствувам. Цтг супер. Значи пробуваат со провокација природно, ако не бидне ништо тогаш прават царски. Дали добро те разбрав?
Така да. Ама си требала веќе до сега да отидеш таму, зашто не си отишла? Јас од 36та веќе одев таму, па ме следеа. До 40та само цтг и ехо, на 40+3 дена првиот вагинален преглед го имав со рака за да ми потпомогнат, со рака доле испровоцира да пушти грлото малку. Ме задржаа тек 40 + 7 дена над термин за сабајлето да примам провокација, ама среќа си добив вечерта болки природни и се породив до сабајлето. Убаво ме разбра. Провоцираат, па ако не бива, крајно е царски. Освен ако немаш индикација за царски... во случај да имаш и да мора бебе побрзо да се вади, ке те земат и одма царски. Земи упат и оди. И со лесно
Затоа што мојот матичен доктор мислеше дека е подобро до сам крај да одам кај него, и кога ќе ми пукне водењакот да одам директно таму каде што ќе раѓам.. Сега ме предомисли.. се мислам дали утре да одам да земам упат за во Чаир.... И да продолжам таму со прегледите.. Дали знаеш да ми кажеш колку чини преглед, ехо, цтг таму? Од една страна ме фаќа страв, за прегледот со рака, нели пиша ти малку да испровоцираат, се тоа е во ред, ама па нели е подобро да чекам сам да почне процесот? Не ми замерувај на прашањава..
Па они проценуваат дали ке чекаат или не. Може и да те чекаат ако е се во ред. Кај мене веќе бебе почна да има тахикардии на цтг и постелката ми беше веќе ептен презреана, па затоа решија да почнат да ми потпомогнат, а знам кај жени и по 7дена без да ги чепнат доле ги чекале. Иначе тогаш платив првиот пат 150ден, а после веќе ништо дека таму те следат... сега мислам и скроз си ослободена, не плаќаш ништо. Еден доктор ке те следи и ке ти кажува кога пак да одиш. Одиш со упат, прво ехо ти прави, па цтг, па го гледа цтгто и ти кажува што понатака.
И уште нешто да прашам. Кога ќе ми го дадат упатот, можам да отидам било кога на преглед така, не е со термин? Ќе ми дадат упат кај било кој доктор, и не значи дека тој доктор ќе ме породи? Сем ако јас одберам некој со врски баш тој и тој да ме пораѓа.
Можеш да бираш доктор и преку термин, а инаку е со закажување со ден, саат, се. И да ако те фатат болки ако не си договорена со доктор, ке те пораѓа тој што е на смена. Со мене така беше, сосема друг ме породи, дежурен доктор на прв ден велигден во недела
Многу ти благодарам на одвоеното време. Ми помогна ептен што ми одговори на прашањава. Одлучив да чекам до четврток, до следна контола и цтг, тогаш ќе земам упат за следен преглед во Чаир. Па што биде нека биде. Господ нека е со нас. Фала ти уште еднаш.*
Немој да се уплашиш и што не си отишла ич. Еве @Kitten исто кај матичниот правеше цтг и во Чаир директ на пораѓај отиде. Дури и упат не ти треба така, они ке ти отворат упат. Со лесно, дај боже побрзо да се олесниш
Добро, нема да се плашам. Реков како Господ рекол така нека биде. Сега и да ми пукне водењакот на лепе очи ќе одам во Чаир нека ме вратат ако смеат Срце си ти
Прва бременост ти е или не? Како што мислам дека те читав, не ти е прва. Јас со втората бременост не оотидов на цтг ама ниту еднаш! Одев кај матичниот до крај, еднаш неделно откако влегов во 9ти, и мислам дека една недела пред да се породам го правев последниот преглед. Тој ми тврдеше дека неам потреба од цтг, доплер и количина на вода беа секогаш во ред. Човеков ме спаси од непотребно малтретирање по болнички ходници и дремење со саати. Прво цтг ми уклучија на бокс кој траеше цели 3 минути Во врска со прегледот со рака, мислењето на мојот доктор е што поретко тоа подобро за да не те изложуваат на бактерии. Јас немав ниту еден таков преглед сѐ додека не ме примија во болница со болки. Опуштено и со лесно Во Чаир не би требало да те вратат за пораѓај освен ако нема место, што е реткост.
Може и во право се вашите доктори.. Еве јас месец уназад дремам на клиника и чекам по ходници џабе, а имам и врска, па да речеме завршувам побрзо од другите. Ама со надминат термин сега ќе морам да одам секој втор ден. Уште оваа недела така, ако не се породам здравје ќе молам за провокација. Веќе сите сме измалтретирани..
Извини тогаш, погрешно сум заклучила. Ги знам нервозите и стравот пред крај, се измачив со првото дете со дремење за цтг по 4-5 саати и тоа три пати во неделата. И сѐ беше џабе бидејќи имав бременост ко по книга. Земи упат за Чаир ако во ординацијата кај матичниот ти мрчат (сега те читав во другата тема). Како и да е, ако сѐ е во ред биди си спокојна.
Абе Шери јас и ти што се не истрпевме во оваа наша бременост,и од доктори и од домашните. Девојките наши си мрткаат, си преткаат, како од внатре да ни се смеат и да ни велат не ј*бете жива сила, не се секирајте, нашето време за излегување уште не е дојдено. Уште малку издржете и ќе се гушкаме.
Мојот е дечко. И кај и да одам низ населба продавачкине ме знаат ми викаат аа ти уште трудна . И коа ќе слушнат дека е машко викаат аа ти 2 недели ќе го надносиш, машките помрзливи биле. Абе како и да е, во следната недела ипол мора да излезат. Само колку нас ќе ни биде долга таа недела не знам.
Леле извини многу, абе јас се мислев девојче носиш. Извинии И мене сите ме прашуват. Обично со маж ми заедно пазариме,и тука во продавницата а го видат сам да оди му викаат ааа биднала работата,треба да частиш. Маж ми вика не бе, рано е. Епа дека сам идеш затоа помисливме Што се мешаат у наши штипки незнам.