Ахах не знам, мене само ми се досадни едни исти муабети да ги слушам, ама не ме нервираат овие ојле дојлевциве. А дома што почнаа да напнуваат, нив би ги запалила. Никој не сака повеќе од нас да си го запознае бебето, малце осет треба да се има.
Здраво девојки царици Јас ќе бидам со втор царски во Февруари после 4 ипол години, па ме интересира како оди заздравувањето на раната ? Овој пат ми е мн страв, бидејќи знам како е
Здраво девојки, кажете ми колку време после царскиот се вративте во нормала? За колку време зараснат раната?
Јас за една недела бев океј, сама се си правев дома.. сама и бањав бебе. Сама со плус уште едно дете 2ипол г бев. За 2 нед веќе скроз океј бев. Што повеќе станувај, движи се, се полесно ке биде, секој ден помала ке е болката и ке ја снема. Само тешко не кревај. Едит: Сега видов дека си ептен тазе. Прво нека е живо и здраво Вториот ден е најболен, 3ти ден е полесно, 4ти пак уште полесно, веќе 5,6,7ми ден ке си се движиш полесно со мала болка .. Еве за 10 да речеме веќе нема да ја осеќаш таа болка во раната.
Точно 4 месеци од царскиот, нешто розево ми потече сабајле. Изгледа добив. Дојам турбо дење ноќе уште. Пред некој ден ми рече една, штом си со царски и доиш, нема да добиеш дур доиш. Нормално е да добијам после 4 месеци? Тоа ми беше прашањето. Знам дека повеќето добиваат дур дојат, туку дека и царски и доење. * Го пишав прашањето и во тема менструацијата по породувањето, не знам за каде е посоодветно и каде ќе добијам одговор.
Не слушај такви неинформирани. Царскиот не е различен од природно пораѓање во однос на менструација. Некои не добиваат дури дојат некои добиваат. Ако не добиеше тоа немаше сигурно да биде заради царскиот.
Нема врска тоа, секој си лупа информации од ракав извадени... Јас дојам еве шест месеци, а одма добив уште втор месец кога беше бебе, а крварев до 35дена. Царски сум.
Здраво, Не знам дали е за овде прашањето но не знам кај да го поставам.Дали некоја што е породена со царски има проблеми со запек цревата и хемороидите?Помина точно една година но јас сеуште имам проблеми со запек цревата грчеви имам исто така ми крварат хемороидите.Ова ми се случи прв пат во животот после операцијата инаку секогаш имав брз метаболизам.
Што јадевте после операција ми се смачи од пире, ориз и копани, кисело млеко, јогурт. Друго што може да јадам?
Првите денови полесна храна. Ама уште во болница веќе 3ти ден и месо, пире, салати, нормално си јадев. А дома веќе 6ти ден се си јадев. Нема посебна исхрана.
Додека бев во болница после царски 2 дена ми даваа вода и вива сок јаболко.3 ден супи и од 4 ден веќе нормална храна.
Јас како што сфатив првите неколку дена треба најмалку 3 литра течности на ден, вода и бистри сок од јаболко, за да се прочисти телото од анестезијата. Треба полесна храна бидејќи првото одење во веце после царскиот е многу болно.
Првото одење у вц после природен е поболно искрено. А јадењето после 3 4 дена може да си е нормално, само да не се претерува со сува храна за да не дојде до запек. А исто е и со природно... полесна храна поради таа причина. Инаку со царскиот првото одење у вц не ми ми беше ич болно, додека по природниот си плачев...
Здраво девојки ме интересира дали после првиот царски може природно да се породиш.. поминато е 15месеци од породувањето