Мене не ми беше вака и не сакам да те плашам ама ич не ми чичи на нормално. Имав само црвена линија и бев отечена ама немав ништо модро околу.
Малку И мене ми личи на насилно влечење на бебе од утроба. Многу има искрвавено ова само надворешно вака се манифестира. Пуштивме врски да ја ѕирнат али колку се способни во државна пп и колку ја знаат е дискутабилно. Има многу болки, а внуков само 2,5 кг се роди.
Греота. Јас со првиот царски имав модрица колку пет денарка, докторот што беше на царскиот дојде и ми се извини дека малку завлекле, па оттаму модрицата. Ама ова е ко да ја шутирале во стомак.
Не е нормално секако. И направија ехо, ренген и крвна слика се е во ред велат, нема ножици заборавено внатре. Нема сепса. При вадење на бебето со влечење се појавило крварење. И купија крема да се мачка ќе се повлечело. Анестезијата веројатно била слаба породувањето било многу болно.
ова не е нормално. Како да заборавиле да ја сошијат. Кутра жена. Не бе како вака,кај мене линија розе црвенкаста и на крај едно конче само беше. Искрено болки добив кога ја видов сликава. Ми се плаче
Не е, не се плаши. Мене ми извадија бебе од 4 ипол кила, со масовно крварење и немав ниту мала модрица. Имам рез нормално, ама ништо страшно. По 5 дена од операција сама се грижев за бебето.
ПМС значи Пред менструален синдром, значи пред да добиеш А ти имаш менструација и нормално е да е пообилна.
Не не ништо од ова, нека оди на приватно или Скопје на болница, мене ова страшно ми личи, нека кажат и други, ама кај мене не беше вака. Касно палам ете веќе испитале се. Прочитав се со помин нека и е, немав јас модринка ич а знаеш дека 4300 се роди Ѓ. Прв пат добив после 9 месеци.
Не ми изгледа нормално. Подолго од час ми траеше операцијата, нозе ми пуштија на маса, бебе 3800, а имав само на десниот крај од раната модрица колку 5ден монета. Имав тенка црвена линија и толку... Ова немам видено до сега, страшно изгледа. Може и до кожата да е.. Ама пак до толку да помодри @FreeMind и покрај анестезија сакаш да кажеш осеќала болка?
И кај мене не беше вака. Немав никава модрица. Ова е внатрешно крварење. А и ми стои ептен лошо шиено дека е.
Да. Во процесот на вадење од утроба ѕвезди броела. Ми објаснија имало како железни прсти да се трга кожата и веројатно со нив ја имаат повредено. Сеа ме исплашивте и мене. Сеуште мокри со катетар, а на голема со клизма. До среда седум дена и тоа ми личи многу долго. Плус малиот жолтица го зрачат, многу слабо цица нејзе градите преполни со болки. Уште мастит и фали. Сеуште не знае кога ќе ја пуштат, сеуште не може да застане на нога. За жал во борбата за дете од десет години ги потрошија финансиите за пораѓање на приватно и еве што и се деси. Само да не се влоши друго поминува.