Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.886
    Може зависи и од искуството на докторот, ете пример кај мојата другарка, тој упорно и тврдеше дека нема да може природно да се породи, да си закаже дата за царски, таа не сакаше и си чекаше да ја фатат породилни болки, но кога отиде кај него тој си ја породи царски, ова е значи во помал град каде што нема избор на гинеколози :)
     
    На H.e.L.e.N му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Мене мајка ми ме родила со царски рез,(родена сум во седми месец :wasntme: )...ми ја кажа таа причината зошто морало тогаш но јас заборавив.... :)
     
  3. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    10.904
    Па затоа постојат карлични мерки.Ако обемот на главчето на бебето е поголем тогаш дефинитивно е царски.
     
    На lepadama и nevesta им се допаѓа ова.
  4. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    а за царски ко те сечат, како те сечат долу на стомакот или во средина?
     
  5. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Ако те сечат вертикално те сечат од пупакот надоле(ама тоа порано,сега ретко така ги сечат),а хоризонтално те сечат доле ниско од каде што почнуваат влакната на интимата,раната е голема околу една педа,зависи може и помала да биде :)
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Afrodita25

    Afrodita25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    75
    Како ме има фатено страв од царскиот :( Поточно за делот околу анестезиите која е подобра дали општа или спинална, одвреме-навреме ме фаќаат аритмии и тахикардии па незнам дали ќе има тоа некоја врска со анестезијата. Би сакала со спинална ама ќе видиме што ќе рече докторот
     
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Јас отидов со целосна, искрено не сакав да бидам (полу)свесна додека ме сечат и ми го вадат бебето....не се сеќавам кога сум заспала, ама се сеќавам кога ме будеа |-)

    Разликата, освен фактот дека нели спиеш и не си свесен за ништо :D , е и во болките откако ќе се разбудите - кај спиналната/епидуралната дејството си продолжува и неколку саати после пороѓајот, на Интензивна нема да осеќате ништо во почетокот се` додека не почнува полека полека да поминува дејството. Со целосната, во моментот кога ве будат - дејството веќе поминало и почнува чувствувањето на болките.

    Како и да е, ич да не се плашите, барем за царски рез докторите се испраксирани до максимум и сте сигурни дека бебето ќе излезе најбезбедно можно. Болки и вака и така ќе трпите, дали пред или потоа - прашање е на избор и на поставеноста на бебето :)
     
  8. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Ме интересира колку чини да си закажеш царски во ГАК? Многу ми е страв нормално и мислам дека ќе се одлучиме на овој чекор? :sweat: :(
     
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Не чини ништо, покрива Фондот со плави картони, ама на ГАК нема НИКОЈ да ти закаже царски без оправдана причина. Не знам дури ни со врски дали може сега да помине...
     
    На Beautiful-Princess му/ѝ се допаѓа ова.
  10. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Beautiful-princess Немој уште сега да размислуваш за пораѓајот,уживај си во бременоста и биди само со позитивни мисли,јас бев преокупирана со пораѓајот само на тоа мислев и премногу бев исплашена,ме фати голем страв и самата си го искомплицирав пораѓајот бебето се замота во папочната врвка па на крај завршив со царски...само опуштено се ке биде во ред,нашето тело е така створено да го издржи тој чин :)
    Ако не успееш да се породиш природно за царскиот не зимаат пари...
     
    На Beautiful-Princess му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.091
    Допаѓања:
    36.247
    Пол:
    Женски
    На ГАК може царски рез по избор, ама трудницата треба да потпише согласност дека ќе ги сноси сите последици.
     
  12. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Како и да е дали по избор или не секако се потпишува дека си ги сносиш последиците,и дека операцијата е на твоја одговорност
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.091
    Допаѓања:
    36.247
    Пол:
    Женски
    Кога царскиот рез не е по избор не се потпишува согласност. Оваа информација ми е од сигурни извори.
     
  14. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Јас потпишав,не успеав да се породам природно ме направија царски,и после неколку саати дојде една сестра ми вика потпиши овде,и викам што е ова? Ми рече согласност за операцијата,ваљда е тоа исто
     
  15. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Јас не знам до сега ниту една трудница што си отишла туку така на ГАК и им рекла: Сакам цезареа, дајте ми согласност да потпишам и породете ме. Ако чита во моментов некоја таква, ќе ја замолам да пише, зошто јас, со најблизок мој род на ГАК, немаше да се пораѓам царски ако малата не ми беше карлично свртена.
    Уште тогаш коментираа дека и за тоа може да имаат проблем, зошто директно тргнале на царски, без претходно да ме стават на провокации и да пробаат природно да го породат бебето, па се покриваа со 300 потписи од доктори за да нема проблем. Бебето реално и по мерки беше големо, па тоа им беше еден плус во ситуацијата, ама се сеќавам дека имаа строги правила и затоа изјавава ми е многу чудна....
    Пак замолувам да пише мајка која си го закажала царскиот (без оправдана причина, само со желба и потпишана согласност) на ГАК
     
  16. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    И јас ова прв пат слушам, знам жни што ги мачеле до бесвест пред да ги породат царски. Во последно време сите околу мене се трудни или тазе породени, и секој пат истото го слушам, ме отворија откако пробавме апсолутно се.
     
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Се надевам СамерГирл ќе ни даде инфо за изворот на оваа информација, за да се провери дали е точна. Не за друго, многу трудници читаат на форумов, да не испадне после Извинете шалили смо се :)
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.624
    Пол:
    Женски
    И јас верувам дека на ГАК царски е последна опција, нема породување со закажан царски рез. Меѓутоа, мислам дека во Чаир има опција со закажување и тоа сам докторот да закаже поради некоја медицинска индикација (карлично поставен плод, проблеми со висок притисок - прееклампсија, голем ризик за еклампсија...). Јас така знам.
     
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    За така и мене ми закажаа, затоа реков дали некоја, „без оправдана причина“, по желба сама да си побарала и потпишала Изјава, се породила со цезареа на ГАК
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.624
    Пол:
    Женски
    Да, ама мислам дека на ГАК сега во секој случај прво одат на природно, а ако не бива, царски. Барем така сум слушнала и од мајки со карлично поставени бебиња.