За царски или за природно на гак? И каква е процедурата, се договараш од дома да дојде ако те фатат болки или однапред договараш термин?
Следи дали ќе се зголемува, можно е да се појави келоид. Тоа е всушност насобирање на фиброзно ткиво на место каде што има лузна, поради сечењето и шиењето. Некои луѓе се склони кон формирање келоиди, и да се отстрани оперативно, пак ќе се формира. Прашај хирург дали е тоа и што да преземеш. @FreeMind дури сега ја гледам сликава од братучетка ти, а си ме тагнала, не сум видела, извини многу. Се надевам дека е подобра, мене ме уплаши сликава, да бидам искрена. Иако може да не е страшно како што изгледа.
И кај мене беше така дебел трезор и црвен,мојот матичен велеше дека не внимавале на естетиката,вториот царски матичниот им напомена на докторката ако може поубаво да го среди трезор,и навистина после царскиот беше потенка бела линија,малку добив розе боја,сега глефам дека избледува и се стеснува,не е така широка како што беше
Малку е вон темата, само ме интересира кога се зема упат за Чаир треба да кажам за кај кој доктор или кој ќе ми се погоди на смена? Зашто уште немам избрано доктор, а не ни знам кој да го изберам. Дека гледам си пишала дека имаш упат конкретно кај тој доктор.
За во чаир треба да одбереш .Ако планираш да одиш порано за консултација.Ако планираш на крај кој ке се погоди на смена тој.
Женички како ви изгледа раната после две недели, мојата е како потечена, подувана, не осеќам болка само оток околу резот
Јас би сакала да се информирам иако не знам дали ќе се породам со царски или не. Во која недела се одредува дали породувањето ќе се изврши со царски рез? Зошто гледам спомнувате закажување на термини. И дали би можеле да споделите искуство како изгледа царскиот и колку време трае? Ако е со спинална анестезија, претпоставувам свесни сте, се' слушате, гледате.... Малку страшно ми звучи тоа
кај мене чекаа до термин ама бебе немаше абер да се симне, беше голем и се дог за царски. Царскиот трае 30-45 мин после уште 1 саат у шок соба. Со спинална ништо не осеќаш само тегнење малку, нозете не се чувствуваат до два/три саата. не е страшно. Спинална во кичма ти ставаат, со катетар си, втор ден по пораѓај те стануваат и тогаш боли ама проаѓа. Свесна си дур трае се, ама не гледаш што ти прават
Значи како класична операција, само што си свесна. Мене ми е страв од тој дел, кога ќе ги слушам докторите како ме отвараат... А веднаш ти го даваат бебето кожа на кожа?
Искрено нема да ти биде паметот во тоа дека тебе те отвараат По некои 15мин откако ќе влезеш во сала го вадат бебето и одма ти го даваат па го земаат да го измерат и да го избришат а тебе те шијат. Од оваа перспектива, раѓањето воопшто не ми е останато како некое трауматично искуство.
Многу е брзо, јас кога прашав почнавте? Они рекоа ние веќе ке ја извадиме за некои 7-10мин бебе е веќе извадено. Ако е се во ред, го ставаат на лице кај тебе, па го зимаат да го избришат, да го мерат итн.
Јас сум царски со близнаци и се знаеше така и кога дојде денот една недела пред закажан термин,кога ме спремаа првично беше со спинална анестезија и се противев зашто нејќев да слушам и гледам и по некое време се одлучи за целосна анестезија и некој 30 мин сум била во сала.Ама искрено 3 дена после тоа имав мака од анестезијата суво грло,кашлав и чуство како да снемував воздух.Кога е целосна анестезија мора брзо да се изврши пораѓајот затоа што може да се предизвика крварење во мозочето кај бебето.Е сега пак ќе бидам царски дека блиску разлика 20 месеци а за анестезија не се бунам како ќе решат така.
Со спинална поминав и супер беше никаква траума немам од пораѓај. Не е толку страшно не се гледа не се слуша не боли само имаш некое чуство како те тегнат.