Јас немав нешто јака болка од царскиот,ме болеше не велам не,но се издржуваше,читајќи постови очекував повеќе да боли,но сигурно е организам.Дојде др.Ивановски да ме види и му велам-Докторе не нрдам ќе ми се отвори раната,ќе ме шиете пак.И ми вели,не се секирај можеш и на дрво да се качиш,све е средено.И така ме опушти и ми влева сигурност да почнав да си функционирам уште кога ме станаа,по визитата од докторот.Но има удел и бебуш,кога и да го видев летав од радост и станував како пеперутка за да го гушнам и дадам млекце.Љубов гоЉема мамина
Првото кивнување после царски ме здоболе повеќе отколку кога прв пат станав. Читав многу за тоа и секогаш кога ми доаѓаше да кивнам со едната рака стегав нос, а со другата уста. Еднаш.. Немав време да напраам ништо тргната за до вц.. Кивнав и вреснав колку што ме држеше глас од толку што ме здоболе. И веднаш потоа погледнав надолу оти имав чувство како да ми се распара раната и како да ми истекоа цревата. Тој момент ми е најголемата траума од царскиот. После 9 месеци од тогаш, линијата едвај и да се познава, многу малку ми е отрпнато за разлика од почетокот и многу малку остана потеченко долж линијата.
Мене ме болеше кашлањето. Е таква болка немам осетено сеуште. Се стискав ама морав да прочистам грло. Уште бев со катетар, страшно беше. Сите пцовки што ги знам ги изнакажав. Раната не ми е отрпната. Линијата не се ни гледа. На промена од време ме боли, тапа и грда болка. Кога си дојдов дома повеќе ме болеше грбот од спиналната отколку раната.
Леле накриво рече . Леле бре тоа е за боље задоволство . Леле те обожавам, стварно си ми позитива на денот! @MilaSs12 сеа накашлај се да те видам. По скратен пат ќе те фрлат од прозор. @Ygritte какво идење по нужда, малата да, ама и да сакав по клистирање немав што за голема... Башка бев сигурна дека ќе ми прсне раната од страв. Ама затоа градите у огледало си ги гледав од среќа бев као љељееееее иам брееее , ми пораснааа!!! На мојата среќа и немаше крај!
Јас нема да ја заборавам болката кога непрекинато се смеев. Си тргнавме на кај дома и застана мм да купи ствари од аптека. Во меѓувреме трчи од аптека, задишан, возбуден и ми вика 'Абе побарав вештачки цицки да ми дадат ама ме прашуваат какви', му викам дали сериозно вака побара 'вештачки цицки' и вика 'Да де нели ти требаа такви' Само си ја замислив реакцијата на аптекарките
Ај да не пукнете од срце се изнасмеав! Обожавам луѓе кои знаат и на своја сметка ( рече китот и се стркала од смеење. )
Му кажувам на мм, и да ти кажам дека го одбрана маж ти. Ми вели вие жените така ни кажувате, па после ни се смејте
Мажи ќе се бранат Убаво му беше кажано да рече БРАДАВИЦИ ама цицка си е цицка Свекор ми му вели 'Браво бе син на тато дури може и да одбираш какви' Ај да не се смеам, сумљива станувам. Ќе ме разбере
Охххх мажииииии Се потрудил човекот, нема што Спојлер Сестро дали имате некои апчиња за навечер убо да си легнам со жената