Верувам дека имало причина, но дека спомна не би идела втор пат да пробаш природно дури и да може, затоа сакав да ти реплицирам. Сега си бремена со второ така?
Не не, ни на крај на памет не ми е бременост со второ. Синко е 10 месеци. Наредно за 5 години. Затоа велам ако може, би поминало доволно време, има простор за природно. Фала на поддршката, само размислувам гласно.
Здраво дами,што убаво сте се расприкажале. И мене ми велеа дека којзнае колку ќе се смени после породување, ама не видов некоја поголема разлика. Сакав да прашам. Породена сум на 07.01 крварев само 30 дена после 10 дена добив, ми траеше една недела (до28.02) Од тогаш до сега сеуште ми нема дојдено. Не дојам. И пред бременоста имав нередовна менструација, добивав на два,три месеци. Не сум била на гинеколог поради ситуацијава. Дали има некој со слична ситуација.
Леле @Kitten со муабетиве, ко хорор филм да кажуваш Јасно е дека е операција, ама некој па мора и тоа да го помине два - три пати. Што ќе си рече?! Имаме доктори сите. Дај олабајте малку.
Не се тера у тој правец, ама се тера испаѓа. Значи не сакам природно и нема зашто јас некого да разубедувам да оди царски дека е боље или природно оти некоја нема избор и ќе мора, па цела хорор приказна у глава ќе и се врзе, па фрчеле притисоци, па страв од непознато и сл... Знаев дека до овде ќе дотера муабетот .
Прво, психички не сум спремна за уште едно бебе. Второ, ни физички не сум. Уште не сум ослабена од едно, а камо ли второ дебелење. Трето, сакам синко да биде мал голем човек, со него да немам големи обврски, како што е цицање ноќе, менување пелени, да морам будно да го следам секој неков чекор. По мои проценки, тоа ке биде за некои 4 5 години. А и сакам целосно да му се посветам. 10 месеци летнаа, јас уште со главата во облаци. Мислам дека ке ми е премногу напорно уште една бременост за толку краток период, и од едни пелени да се префрлам на други.
Немој да мислиш дека напнав со ова, се беше на шала. Иначе да, во право си, многу е голема обврската ако се набрзо.
и кај мене беше карлично, но си се сврти во последен момент, али пак со царски поминав ) ке се сврти не се секирај со лесно да ти е..
И ја со царски на 5 ден дома сама се грижев за бебе од 4.5 кила, ама тоа не го менува фактот дека цел стомак ми беше расечен, дека ме боли стомак на промена на време и дека имам уште шанса да закачам кила зошто го кревам ао негови 11 кг. Природата не создала да раѓаме. Нема зошто свесно да бараме да не сечат.
Не е толку страшен царскиот де. Јас поминав топ. Болки два дена. Се пазев уште 10 дена не дигав корпи за веш и такви работи. Од прв ден со бебе во раце без помош дома. Се вратив во нормала релативно брзо,добив циклус после 3 месеци,доев 8 полни месеци после 9 месеци забременив. Значи во рок од 18 месеци ке имам два царски резови. Доколку доктор каже и види дека е се во ред се се може. Има случаеви каде што природно распукале ептен лошо па доктор едвај да ги состави и со месеци ни седење ни односи имање. Не сум за своеволно одење на царски,но дека ако се мора на царски па тоа да претставува некакво разочарување,или типот на муабети ти не знаеш како е да родиш и ти не си мајка како таа што родила природно... е тоа не поминува кај мене.
Исто и исто. Синко малку помал од твојот, сега веќе има 11. И повторно исто, ако работам повеќе, пример да чистам, готвам, месам, боли. Тоа и збориме овде. Иако царскиот е операција, не е страшен воопшто.
Јас немам проблем никаков. Нити ме боли некаде, нити осеќам нешто на промена на време, од почеток сум си ја со детето, еве 3 ипол години супер сум. Дај боже и вториов пат да биде исто.
Ко то мене тражи ? Абе пишував пример братучедка отиде на царски оти не знаел кој доктор ќе и се паднел, па ако било големо бебето, па дали ќе ја гледале добро па ако и заборавиле нешто од плацента дрн дрн јарино, живи лигавештини. Мене царскиот ми е многу страшен, не самата операција колку анестезијата. Од таа спиналната ќе ме фати паника кога нема да можам си ги мрдам нозете. Јас се молев бебето да ми се сврти да родам природно, да не сум царски. Сите ќе поминат мака на пораѓај дали царски или природно и сите сме мајки. Сум за царски ако има индикации и сл. Мене баш и не можеа да ме сошијат, едвај ми ја собраа, дурии до срамните усните бев испукала и таму конци. Распукав ко шар планина. И сеа при односи на почетокот ме боли малку. Со второто тоа. Со првото ме сецнаа исто да излезе бебето.
Баш тоа сакав да го кажам. Ако е природно не мора да значи дека ке помине како кашлица. Хахаха шар планина
Да, бе. И велам наа таа докторката таму шо ме шиеше, напрај ми ја како нова и само ме погледна и ми вели аа наин наин јас такви работи не праам. И го погледнав мм и он ме гледа и една фаца ми направи као демек шо такви работи и кажуваш германци се, не ти го разбират хуморот. Си велам у акло глупа германка нема појма од шала, јас и велам да ми ја сошие убаво ко шо треба она не правела такви работи. Еми таа работа шиењето она ја прави баш сега. Ццц
Според мене тие не знаат да се смеат, нон стоп се ко намќори. Другарка ми живее Германија стално прикаски ми кажува.