Јас сакав царски уште пред да ми кажат дека најверојатно ќе морам. Да треба пак би одбрала царски. Мое тело, мое право. Без разлика дали некој ќе има предрасуди за тоа или ќе проба да руга и да те коментира. Најтешко ми беше во болница, првите 2-3 дена додека застанав на нозе, кога дојдов дома се преродив. Јас за 6-7 дена заборавив дека имам царски. Немав никаква болка. Раната брзо ми заздрави. Работев по дома, се грижев за бебе, немав проблеми. Моја братучедка шиена со природен имаше поголеми болки од јас со царски. Се е релативно. Секогаш ќе има некој што накриво ќе те гледа, затоа што си со царски. И некој што ќе те разбере.
Мојот царски помина како што не очекував. Сите тоа станување го коментираат, си реков ќе се умира кога ќе се стане, но непријатност осетив само кога зачекорив, малку пецкање кај раната и чудно чувство во стомакот. Истиот ден кога ме станаа, сакаа катетер да ми извадат, ми рекоа дека не сум веќе за катетер, но го оставија за уште една вечер да отспијам без проблем и да не станувам ноќе бидејќи многу течности пиев и полнев катетер ко луда. Утредента сабајле катетер тргнаа и фатив да шетам низ соба, место не ме држеше. Легнував, па седнував на кревет, па стани прошетај и така во круг. Дали ме клукаа со лекови против болки или едвај чекав да сум способна за бебето, не знам. Тегнење не осетив за време на породувањето, само ме притискаа на интервали, мислев бели дробови ми вадат. Брзо откако ме однесоа на интензивна нозете ги свиткав и се поместував. Дома си функционирав најнормално, апче за болка не се напив ниту еднаш. Уште во болница кога прекинаа да ми даваат инфузии, еден ден ми даваа Парацетамол и толку беше, уште таму немав потреба да пијам за болки. Е кивање кога ќе дојдеше, го чешав носот и се молев да не кивнам, а кашлици спречував со пиење течност ако осетев дека ме демне некоја кашлица. Еднаш кивнав и ѕвезди изброив. Ни од спиналната немам болки, исто како да не ме боцнале.
Кога те боцкаат за контрахирање на матка, ти ставаат и лек против болка. Ако го погодиш моментот тогаш да стануваш, полесно минуваш. Во Систина нема сакаш-нејќеш. Доаѓа сабајле болничар, правите тура до тоалет и се вади катетер
И ваму рано сабајле утредента после царски дојде сестра и отидов до тоалет и се туширав. Дента на царскиот и утредента кога ме станаа бев со катетер. Во Систина вториот ден вадат катетер?
Се пораѓаш денес, утре сабајле вадат катетер. Јас се породив кон 13ч, следниот ден веќе немав катетер од сабајле.
Ама каде раскажав хорор филм? Јас само сакам да се знае што бираат девојчињава, а хоророт што МОЖЕ да настане може да се прочита тука: https://www.babycenter.com/0_c-section-by-choice_1498696.bc Јас сум голем противник на царски рез без реална причина. Прочитав и статистика за Македонија за 2018год, од вкупниот број пораѓаи 47% биле цезареа. Бројкава многу кажува. На запад процентот е 15% и за родилките се води голема ментална подготовка па и самите свесно не одбираат цезареа. Инаку незнам кој е модератор, но мислам тие мислења што беа префрлени, треба да бидат во темата -Спонтано породување или царски рез-. Оваа тема нека си остане за оние што имаат вистинска медицинска потреба од овој оперативен зафат.
Местото каде што ми беше ставена анестезијата дури сега почна да ме боли (три месеци после породување) и болката е баш непријатна. Ако постојам подолго време или ако го подржам бебето,ужасно е.. Незнам дали кај сите е вака.. Раната не боли-како да немам рез ама грбот како да не е мој веќе.
Може не се доживуваш така, ама така ти звучат мислењата. Еве мене така ми звучат, да бидам попрецизна. Дали има или нема реална потреба за царски не знаеме, ни јас, ни ти. Бирање царски јас ни на приватно не сум сетила на своја кожа. Да се прашував јас уште во 10 ќе бев породена, а не да чекам толку долго дека нели "поарно".
Колку време траат припремите за закажан царски? Се обидувам да се спремам и за тоа сценарио и не би сакала никој освен мм да знае кога ќе одам. Дали ги закажуваат сабајлечки? Царскиот знам околу 40мин трае ама клизма, ставање анестезија и се тоа? За Систина ако може да ми одговорите.
Мој совет Имав закажано во 8 сабајле никој не знаеше освен мм...и донесоја итен случај и ме оставија до 13 часот. Почнаа да ме бараат каде си нели на цтг само отиде,зошто те нема... Вечерта ми земаа анамнеза траеше може половина час,мокрача,крв и разговор со анестезиолог и ми кажаа сабајле пред 7 да бидам таму да ми дадат чепче да се прочистам и во 8 као почнуваме.... и до 13 лежев на цтг уклученагладна и жедна Ова ремедика, а сигурно и систина е исто. Не лажам затоа више. Пе побудалеа тоа сабајле од звонење. Па мајка ми дури и дојде во болница затоа во мојов случај мајка ми заедно со мм чекаа пред сала наместо нели последна да разбере како што викаат...
Ремедика си бев договорена дојди сабајле во 7 во 8 почнуваме, така и беше. Сиситина од вечер одиш те следат на цтг, сабајле во 5 клизма па во сала после визита.
Сега имав слулај на блиска си побара царски и тоа со фул анестезија зошто и било страв. Среќа ја разубедија некако докторите да не иде со целосна анестезија ама се породи со царски без никаква индикација, мал плод, широка кралица, здрава права...
Јас денеска се продив со царски. Све беше супер , и мислам и 10 да би родила, пак царски ќе одам. Никогаш нд верував дека јас ќе го кажам ова, зошто бев противник за царски. Јас еве до сега, поминувам баш царски. Задоволна сум баш од све, и можеби е до организмот ама иам болка, ама не толку да ме мрдне. Супер е све; и пак би одела исто
Здраво мамички,за еден месец треба да се породам по втор пат царски ,со оглед на тоа дека ја знам процедурата ме фајка некако паника и страв да не се онесвестам дали некоја се соочила со ваков проблем да ми дај совет
Околу 3 недели, а после тоа некој проѕирно-жолт секрет. Крварењето беше како лесна менструација освен првите денови кога беше пообилно.