Дали некој се пораѓал царски поради кондиломи? Некако ми е страв природни бидеќи читав дека се пренесувале а матичниот не ми е баш јасен.. Рече ако ги изгориш можиш природно.. Епа и да изгорам нели во наводници вирусот живее и е активен се додека не излезат нови.. Некако немам спокој..
Мајки резот после царски со што го премачкувате како го одржувате. Јас две недели сум породена освен туширање со млака вода друго сеуште немам ништо ставено
А после туширање дали ја премачкуваш со нешто.На пример јод,хидроген или бивацин прашок?Дека сега почнува жешко,а јас имам стомак ми се преклопува, па се плашам да не се спари или инфицира раната.
откако ќе ти помине контролата на 6 недели, ќе ти каже доктор. Најчесто препорачуваат да се стави, ама сепак немој на своја рака.
Ко што ти кажа кукла немој без одобрение од доктор. Јас пробав, ме болеше и баталив. Немам стомак, ко да не сум родила.
Мајки со царски, кога ви дојде млеко? Јас се породив во четвртокот и сега за сега само водичка тече. Бебо цица, не пушта цицка ама изгледа нема доволно па го дохрануваат. Совет некој?
Јас се породив во вторник, ми дојде во сабота. А онака убаво во млазови ми дојде после 7-8 дена. Штом ти тече водичка на добар пат си. Ставај го на града почесто и продолжи со многу течности. Побарај им чај за доилки.
Мене ми дојде млеко штом ми го донесоа и почна да цица. Дента кога ми го донесоа веднаш го ставив. Во текот на денот му дадов два пати, потоа цицаше колострум, и веќе нареден ден имав млазови. Водичка е знак дека иде млеко. Ставај на цицка постојано и ке најдоде млеко.
Колку време се прима спиналната во кичма? Гледав на јутјуб некако долго ми се гледа и болно И после неа по колку време почнува царскиот и дали се осеќаат болкии?
Не се секирај не е ништо страшно спиналната, неколку секунди е само не треба да се мрда ќе те држи сестра, ќе почнаш да не ги осеќаш нозете и задникот ќе неможеш да ги кренеш, болки не се осеќаат ама баш никакви само тегнење кога го вадат бебето. Опуштено за 20 мин го вадат бебето потоа околу 40 тебе да те досредат
Ниту е страшно ниту е болно и ништо не осеќаш после неа, бидејќи немаш осет никаков од половина надолу. Воопшто ништо не е страшно. Боцкање ко боцкање не боли повеќе од обична инекција. Немој да гледаш видеа и да се плашиш. Едвај ќе чекаш да слушниш бебе како плаче, друго се ќе ти е помалку важно.
Уште нешто... Нема да мислиш на никаква болка, зошто нема да ја осеќаш. Ќе чекаш само бебето да го видиш. И јас гледав видеа; во депресија паѓав, и накрај не искочи ни 1% од тоа што мислев дека ќе боли. Крајниот резултат е најубав
И јас се плашев од тоа најмногу а уствари е многу брзо. И самиот царски сеа си мислам дека 5мин траеше
Уште пред неколку дена го потрошив виоплекс спрејот и раната само ја миев со вода и ја сушев како што кажуваат дека треба. Прашав дали треба уште спреј, докторот вели дека е доволно и нема потреба. Ми се преклопува кожата од стомакот врз раната и стално ја чистев со памукче и алкохол. После тоа ставав газа за да не ми се поти раната. Првите денови на стерилните гази имав по малку крв од раната, сега нема ништо. Синоќа пред спиење си ја погледнав раната и таму кожата како сува ми се виде како да се лупи. Не знам дали е во ред? Не лупев ништо не чепкав, оставив така. Јатрвата вика да сум намачкала нешто мрсно за да не се излупи, ама како страв да ми е, сите ми кажаа ништо на раната освен миење со вода. Сега не знам дали да одам до болница да ме ѕирнат. 2 недели минаа од пораѓајот. Не ме боли, си функционирам нормално.
Продолжи така. Јас не ставав ни спреј. Апсолутно ништо. Сега имам една тенка линија која е нијанса побела од мојот тен. Штом не боли и не тече ништо од раната мое мислење е дека нема потреба од лекар. Со лесно мајка