Здраво, нова сум на форумов па би сакала да се консултирам со некој што го имал истиот проблем. Породена сум со царски рез пред точно една недела. Забележав некоја болка во долниот стомак во тек на мокрењето, односно при крај на мокрењето. Не е силна, меѓутоа е како некаков притисок кој не е баш лагоден. Конците сеуште не ми се извадени. Дали е нормална појава а доколку не е дали некоја од вас знае за што би станувало збор? Ви благодарам
Јас за лузни ништо не користев, а на раната прскав Бивацин спреј. Ама ништо посебно ефект од него не видов, поарно ништо да не ставав.
Честитки прво, да ви е живо и здраво. Боли, ќе те боли неколку дена. Мене конкретно првите 3 дена многу ме болеше, па намалува болката ама можам да кажам првите 10дена осеќав болки. После тоа само при умор или подолго ако го држам бебето. Ме болеше стомакот од гасови, ќе ги имаш многу и пуштај немој да се стегаш, ќе имаш гасови 3-4 дена.
А дали го ставаше во меѓувреме бебето на гради да трга? Обично велат така побрзо надоаѓа... или нешто друго во меѓувреме, масажа на градите, топол туш, пумпа за измолзување? Немаше проблем дури не надојде убаво? Знам дека е индивидуално, но би сакала да прочитам искуства
Да, ми го носеа цело време кога е гладен го ставав на града само не можеше да фати убаво, па го дојам со силиконски брадавици. Топол туш, течности, чај за доилки... Имав колострум третиот ден, петтиот ден како вода, а веќе дома после една недела ми надојде убаво. Ќе пробуваш се што можеш и има услови во болница и ќе дојде.
Колку често по вадењето на конци се оди на контрола? Др ништо не ми кажа за колку време пак да дојдам...
Zdravo dali ima nekoja iskustvo so dva reza vo rok od godina ipol bebeto mi e 5 meseci i izgleda kje imame i vtoro kako pominavte i kolkav erizikot
За ова најдобро консултирај се со доктор, ова ти кажувам од лично искуство. Од никој друг не барај совет. Со лесно и позитивно
Зар се вадат конци? Јас па мислев се разградуваат и сами паѓаат?? Никој ништо не ми кажа за вадење конци..