Да, и од мое лично искуство така требаше да биди, затоа мораа повеќе доктори да потпишуваат дека е ризично да ме пуштат на природен пороѓај со карлично поставено бебе чие мерки во текот на целата бременост беа за 2недели понапред од просекот. Можам да кажам дека врската ми успеа во тој сегмент, да не ме остават да се мачам со саати со провокации туку директно на царски отидов. А однапред ми беше кажано дека ако се` е во ред, цезареа не доаѓа во предвид....среќа малава остана карлично па ми ја исполни желбата
Eve vaka.,jas sakav da si se porodam prirodno,megutoa nesto se iskomplicira i ako ne me porodea carski ke bese zagrozeno zdravjeto na bebeto.Jas placev i ne sakav carski i togas doktorkata mi rece da potpisam deka ne sakam carski za podocna tie da nemaat nikajva odgovornost ako se sluci nesto so bebeto.Taka morav da se soglasam na carski...zivotot i zdravjeto na mojata princezicka e povazno od se
Треба да имаш не врски, кабли за да закажеш цезареа. Јас со прееклампсија и повеќеплодова бременост бебињата беа главично поставени и началникот на Патолошка Петровски не сакаше ни да чуе за царски Па ме преместуваа во друга соба за да бидам кај др. Јованова и др. Бина па они да одлучат. Факт, има и такви со јаки врски и кешаричка кои си доага ден порано ги спремаа за царски и ни лук јал ни лук мирисал.
Женче, на таквите им се пишува лажна историја и се измислуваат „оправдани“ причини за цезареа. Тие не одат на ГАК да уплатат пари и да речат „Ако сакам можам да одберам царски, дајте ми согласност“, туку им ги средуваат документите за да и самите доктори се заштитат од внатрешните инспекции и казни
Аха, тоа во Хипокритовата заклетва стоеше, нели?! Абре специјален круг има во пеколот за тие господа доктори кои се однесуваат така. Јас прокрварев во 8 недела, па триста испитувања поминав додека да ми напшат боледување, и фала му на Господ за тоа, што имам матична која ја интерсира причината за да ја реши, а не да ме пише патолошка и да одам на царски ако сакам. Затоа што јас НЕ ЗНАМ што е најдобро за бебето и мене во таа ситуација, МОЈОТ СТРАВ ако го слушаат, еба си куче мајката. Да се немало ред што треба а што не. Ти со 2 бебиња во стомак буткај, ти со карлично бебе буткај, а некоја со перфектна бременост ама несака да си ја малтретира госпоѓата, ајде сец и готово. Ма марш бре срам да им е, жити докторите... Да ти е мило да бегаш, и сам во подрум поарно да се породиш!
Не се нервирај ма мајче Искрено, немам јас проблем со тие што фаќаат врски и закажуваат цезареа, стварно не е моја работа и не ме интересира, ама имам проблем со држењето до ставот „природно“, кога некогаш станува и кобно на крај, за жал....само ме интересира кој ќе ја покрие таа болка, кој и какви документи ќе потпишат за да се оправдаат дека направиле „се` во нивна моќ“?
Не ми е јасно зошто неможе царскиот да биде изборен?Еве немам врски,ми фуфка до бесвест ,може природно ќе оминам подобро...но јас си знам каква сум и која емојата психа неможе гинеколог да процени. Кога добивав цицклус бев ни на небо ни на земја можеби психични неможам и не се чуствувам сила за да преживеам минимум 12 саати сама низ болнички ходници и по некоја несовесна сестра или доктор. Господ да ни е на помош само тоа ни останува
Информацијава ми ја кажа кумата. Таа се породи на ГАК минатиот месец. Прашала еден од докторите дали може да се породи со царски и тој и рекол дека може, ама ако потпише согласност. Таа не сакала да се породи со царски, туку прашала од љубопитност. Се породи природно. Имало и трудници кои што не потпишале договор, ама имале врски. Така што, фаќајте врски. Точно е тоа дека на ГАК има мито и корупција. Јатрвата на мојаат старосватица се породи на ГАК во февруари. Сакала да се породи со царски, бидејќи и бил острав да се породи природно. Докторот и побарал мито од 1000 евра. Најинтересно во приказната е тоа што таа на крај морала да се породи со царски, заради тесна карлица. А парите веќе беа дадени однапред. Сега жива се јаде што даде толку пари.
Прашање за поискусните мамички кои се породиле со царски...можеби некоја ќе знае да ми помогне.. После царскиот имав една недела крварење, потоа уште една недела исцедок некој бледуњав и крварењето престана. Сношти имавме односи (значи на 38 ден после пораѓај) ... Немав болка, се си помина супер...само што после односот неколку часа прокрварев Како добиено... Еве сеуште крварам...незнам дали е коинциденција добиеново, или нешто не е во ред?!?! Мат. гинеколог ми е на одмор, па вака мора да се консултирам
Ова се рекла - казала муабети. Имало и други трудници кои не потпишале....кој може со сигурност да го изјави ова? И како може твојата кума да тврди дека може да се породиш цезареа по избор на ГАК само врз основа на (чисто информативно) прашање кон докторот??? Можеби докторот рекол ДА во нејзиниот случај зошто имала оправдана причина или можеби затоа што и` е познат, кој може да докаже? Едно е да тврдиш дека која сака може да оди и да си побара царски со тоа што ќе си потпише согласност, а друго е да кажеш дека ако фатиш врски и платиш (независно колку) ќе си го добиеш и без оправдана причина. За идните мајки да знаете - официјално НЕ, нема избор на ГАК, а ако сакате да бирате - фаќајте врски и спремајте пари, викаат така можело
I kaj mene se sluci istoto bev na ginekolog mi rece deka e na hormonska baza,ako imas bolki ke ti dade antibiotik a ako nemas ( jas nemav) nisto ke si pomine samo od sebe rece normalno e 5 do 10 dena da trae ako prodolzi pak da odam Traese tocno 10 dena I eve do sega nema nisto Samo sto ovaa nedela koga krevam nesto ili koga se navednuvam mnogu me pece od desnata strana ranata kako ziva rana ako teae do ponedelnik odam na kontrola Dali nekoj ima vakov problem?
Му дала 1000 евра за да се породи царски во државна, а во приватните е по 1500. Кога веќе имаш и даваш, а очигледно е дека имаш, барем иди на приватно, барем ќе се осеќаш како во хотел. Малце цената не ми штима, сумата е како за некоја сериозна операција, а не за царски рез.
Договорен царски има само ако мајката мора да се породи со царски па се договараат околу терминот, или ако имаш врски или нудиш мито. Во последно време се повејке има пораѓаи кои завршуваат со царски, докторите си добиваат повејќе бодови за царски пораѓај и не им се исплати да ризикуваат како порано.
ич не се секирај не помине,и кај мене беше така, во мај ми се фати како цел месец да имам добиено, хех дури и овај месец, кога имавме односи наредниот ден на тоалетната имав малку крв,ама само еднаш два пати , ми рекоа дека е нормално додека ни се стабилизира организмот
ехехх ако веке бараат по 1000 евра, поарно да си платиш уште 500 па оди во приватна болница и ке се породиш природно со анестезија и пак нема да осетиш ништо и ке те гледааат како царица
И старосватицата и го рекла тоа на јатрва и. Докторите имаат скапа тарифа. Зависи какви луѓе ќе начекаат. Јатрва и е добро ситуирана финансиски. Докторот го видел тоа и ги ошурил за пари.
абе ајде дала 1000 евра на државно како па да не. Ако имала да ги даде ке е отишла на приватно, кај смее да и бара пари за царски, сега какви се закони затвор ке лега алоо не пишувајте лаги
И уште едно прашање... 40 дена се поминати од операцијата, имам само едно конче од левата страна уште не е паднато... Смеам ли да пливам?