Па мене докторкава ми кажа да однесам урина, да начекам момент кога не тече премногу, јас инаку и ерготил капки пијам за пообилно и побрзо крварење од вчера. Сабајле имав некоја капка во чашката ама ја однесов во Авицена па ќе видиме.
Мене уште во 9 месец ми почнаа ноќните потења, еве и сега по породување продолжија се надевам наскоро ќе се избалансираат хормоните
И јас се потам многу и смрдкам и затоа си спијам на гаќи. Ама пак можам да кажам до температурата во собата е зашто бев неколку дена кај моите, они се во куќа и беше поладничко за спиење со ќебе се покривавме, не се испотив ич, а бебе спиеше ептен убаво.
Потењето е заради хормоните, и заради доењето. Ке се среди за некој месец. И смрткањето ке помине. Само многу вода, и за пиење и за туширање.
Мамички ве молам да споделите искуство доколку кај некоја се јавил проблем со оток и гноење на рана и тоа дури после 40 дена? Секако дека е консултирано со лекар но споделете за колку време и како сте го надминале проблемот?
Што би можело да значи болка кај матката после царски рез? Неполни три недели има од породувањето. Имам циста на десен јајник и crp на крвна слика покажа 7,8 што значи инфекција. Пијам ерготил капки и цефалексин но болката кај матката е сеуште присутна
Мене на почеток многу ме болеше ама по цел ден на града ми беше и неосетно сум го доела многу згрбавена. Еднаш мм ми рече ме забележал, сега гледам да сум во поудобна позиција, боли ама не толку како порано. Може и од спиналната да е ама не би требало.
Дали по завршување на ерготил капки крварењето треба да престане или се намалува постепено? Вчера земав последна доза во 8 часот сабајле а сеуште имам крварење
Првата бременост се пораѓав со целосна анестезија. Сега претпоставувам со спинална. Па ми текна нешто. Споделете што си мислевте додека траеше процедурата т. е додека го вадеа бебето? Мине ли брзо времето? Се чувствувам како прв пат да ќе раѓам.
Јас подобро да не ти кажам што си мислев Иначе немаш многу време за мислење зашто за 5 минути макс ќе го извадат и после додека те средуваат тебе, ти ќе си го гледаш бебето и ќе си плачеш. А во тие првите 5 минути збори си со анестезиологот.
Јас обратно, сега ќе бидам со целосна, брзо ли се разбуди, расони или беше поспана подолго? Анестезиолог ќе ти прави муабет не се секирај, после ќе го видиш бебуш и верувај на се ќе заборавиш