Јас дека знаев што ме чека ептен бев стегната и кога легнав ми се вртеше и за малце ќе повратев анестезиологот моабет ми правеше,го извадија бебето си го видов и сум заспала,се освестив дури кога завршија и ме спремаа да ме префрлат на кревет.не знам зошто и првиот и вториот пат запав
Многу брзо ке ти пројде времето. Малце страв ми беше додека ме боцкаа се тука мислев дека ке ме боли,напротив ништо не почувствував. Легнав па чекав анестезиолозите да ги викнат гинеколозите и педијатар акушерки еден куп луѓе. Они си збораат јас се само дали ке плачи дали ке плачи си мислев Одма за 5 мин го видов го однесоа. Па додека ме средуваа еден куп муабети си кажавме тоа траеше 25 мин. Ама незнам зошто ептен непријатно ми беше гола кога се слеков Мислам подобро ке си поминеш со спинална И ке те сликаат
Чаршавче над гради зеленкасто Леле ептен ми беше кога ја слеков таа спавачата. Си викав леле нозеве мрсни ми ги гледаат. Па кога се префрлав на кревртче со колца за до интензивна ми помагаа па си викав ке успеат ли да ме поместат и цело време си ги покривав градиве. Ко да не виделе
Со чаршавче. Таму па уште понезгодно. Кога ке те бришат и менуваат влошки ама еве сега се сетив сум заборавила. И тоа едно девојче и едно машко беа на смена. Ама и со нив муабети ке си тераш ептен забавно ке ти е
Не знам зошто влегов да читам на темава, далеку ми е зимата, ама слатко си се посмеав на последниве коментари Уште не можам да си замислам што ме чека
Хаха кажете ми за незгодно влегувам во сала ме боцка анестезиологот легнувам и кога има што да видам пола од персоналот го познавам од секојдневие и тоа сестра од анестезиологија (машко ) комшија на маж ми, вика ме знаеш ли кој сум хаха викам да ( си викам само уште ти фалеше да ме видиш цела ) среќа фин дечко ми правеше муабет додека ме сошијат бидејќи многу ми се повраќаше. Инаку јас немав многу време за размислување од почеток до крај имав контракции кога ме боцнаа осетив олеанување а од кога легнав јас си мислам ушѕе се припремаат кога одеднаш слушам бебе плаче .
Абе какви голи бре луѓенца. Ја бев спинал, со спавача ме однесоа, гола доле да, ама спавачиче си носев. @kukla21 ај потазе си ти? Или не беше ти цезареа? Иии @Sexybaby86 беше... Не сме голи на цезареа нели драга? Спавача поштено ни ставаат.
Со спавача бев во соба,до сала облечена влегов. Кога ме седнаа да ме боцкаат на кревет ми рече ајде соблечи се.и гола бев... па ме покри со чаршав на гради. Е после за да ме преместат од интензивна ми дадоа нова спаваќа
Еј ама ме замисливте сеа... Знам со една спавача отидов на пораѓај, а со друга бев во соба ама кога ми ја сменија никако да се сетам. А гола бев сигурно зашто го памтам срамот двајца момци веројатно болничари беа дојдоа да ми помогнат да се префрлам на носилка и ми рекоа грбот цел крв ми бил, па ме бришеа и знам грбот гол ми беше. Или па во тој момент да не ми ја смениле спавачата... Ауу, дупка во памтење имам.
Абе вие сте у Ремедика не ме интересирате (се шалам) . Мене ко краЉица ме носеа у спавача и у кревет во лифт до операциона. Се шалам. Очигледно не е исто . Нека пишат женскиве нивно искуство,јас не се соблакав никаде колку што памтам. П.с. јас памтам једино префрлање со нивна помош на залепени кревети од еден у друг у соба, ваљда исто и кај вас? Тоа после интензивна...