Абе не ме соблекоа. Пофенси сме, извинете Мислам на врвки беше позади, само ме одврзаа , боцнаа и подигнаа. Леле не памтам, ама гола не сум се соблакала тоа 100% @fana аууу и мене траума би ми останало да треба пиштол гола да позирам таму пред сите. Ептен не кул.
И мојата беше на врвки што ми ја ставија во сала, само уште на моментот да се сетам и супер. Ама се си мислам гола бев. Абе после буричкањето прсти, гола дека ме виделе големо чудо.
Пиштол жено жими Господ Тоа со бришењето на крвта после царски на интензивна не сакам да го коментирам. Благ ужас
Мене не ми буричкаше никој прсти. Прв пат сега во 34+ ми брцнаа... Женски озбилно, не се зезам веќе, ама мислам дека не е пријатно да не слекуваат така голи бре пред толкава екипа. Тоа е исто ко да идам на различни козметичарки и да им ја покажувам на сите. Ало, приватност нели треба да постои бар малку? Кај ми ја гледа долнава, па и циц ли да ми види? Ај нека ме прошета гола по болница. Ауу искрено ме исплашивте, да не е нешто сменето па да се карам таму. @fana каква крв на интензивна???
Јас во Чаир се пораѓав цел ден и на крај царски. Колку што се сеќавам со спаваќата ме однесоа во сала и ми ја кренаа до под мишки за спинална да ми стават и така ме легнаа. И на сликите што ме сликнале со бебето се гледа дека ја носам спаваќата. А кој беше таму, знам ми се видоа многу луѓе ама ништо не перцепирав од што имав болки. Кога легнав сите беа позади мене, а над мене тие со маски па може имало и некој познат кој да ги знае...,а и поубаво што не знам кога ќе подразмислам..
Јас во Ремедика колку добро памтам кога влегов во сала сите се спремаа ми викаат соблечи спаваќа, абе одма се соблеков ни срам ни перде едвај само чекав чинот да заврши. Легнав преплашена и памтам кога ми го кренаа чаршафот над глава им викав пазете да не падне врз мене ќе ме угуши  какви глупости зборев божее. Кога заврши царскиот ми викаат ајде сега сама премести се на другиот кревет, јас памтам им викам абе што ви е ненормални, до сега ме крпевте како сама? А како бе во Систина со спаваќа идете, сега треба таму да се пораѓам, зар до цицки си ја креваш спаваќата? Смешно ми е.
Па на интензивна и мене ме бришеа од крвтта. И влошки ми ставаа меѓу нозе. Ако ништо не чуствував гледав и се срамев Во срамен рез да се преименува темава
Во Систина се породив пред 17дена гола бев, те носат со една спавача, те соблакаат во сала, а кога ми ја облекоа другата не се сеќавам. И јас имам дупка ко Јана
Прв пат слушам. Ја на интензивна лежев само 2 саати. Очигледно се ме средиле у сала. Значи не им е исто. Убаво е да се споделат вакви информации.
А те чистеа на интензивна? Не памтам дека ме соблакаа човече. @NanaMia памтиш ли ти како ти беше со првото? Те соблакаа ли гола? Да не смениле нешто човече. Значи не знам што зборите најискрено ама е жив булшит.
Абе и во соба кога ке те префрлат памтам ме чистеа и менуваа улошки нон стоп. Ај бе што се замарате, божем некој ќе не памти
Абе тоа мора док си со катетер, ама искрено ич не ми се допадна тоа дека ме соблакаат. У пм. Се напнав.
Мислам дека ми наместија улошки после царскиот, на интензивма бев саат ипол и таму мислам дека не ми менуваа. Во соба после тоа ми менуваа често Абе сите ме видоа гола...
Стварно зашто се замараш? Секако е готово за пола саат. Каква приватност на пораѓај, во ниеден момент не осетив приватност освен првата средба со бебе.
Хаха абе не ме зезај, зар облечена да те оперира? Кој те гледа со такви очи во тој момент кој те памти жено, ич не се замарај, легни да си завршиш работа
Будалче...пуу да си го гризнам јазикот кај почнав ваква тема А што ли си мислат манекенки кога пораѓаат. Види ја авион ахахаха и неа исто ја гледаат па ти дека е незгодно потпишувам незгодно е. @eli.karameli јас во рок од 18 месеци ке им се пораѓам,може ме памтат ама тогаш бев ептен тешка категорија
И мене ме памтат. Дијагнозата вчера сестрата ми ја кажа што ми била и како мојава се консултирала со Дракулевски... Абе срам ми е мн @Happyinlove . Ама ептен ми падна мутаво. Може и ме соблакале а да ми е дупка. И нека остане така.