Абе не паметам. Знам со спавача ме однесоа, со спавача ме вратија. Не паметам да ме соблекле...А многу ми е гајле, знаеш ја колку се замарам, ме заболе
Во Ремедика ме соблекоа во салата кога влегов. Памтам јас пиштол гола, и слушам муабет нешто во стилот "комшиката ли моја ќе се пораѓа".. и гледам комшиката од приземје. Не се знаевме нешто убаво - ниту знаев дека работи во Ремедика, ништо. Ама во моментот нит ми беше до срамови, контракции имав веќе на 2 минути, измрцварена бев повеќе од 30 саати. Е после не сакав сестрите да ги замарам за помош - ниту за туш, ниту за ништо. Па маж ми го замарав да ми помага. А и тука кога се породив бев гола. Исто ме соблекоа пред спиналот да ми го стават. Овде беше многу важно да си гол, за да имаш контакт кожа на кожа со бебето (кенгур грижа). И така си бев јас гола 12 саати и во соба и секаде, исто со голо бебе на мене. Покриени само со тенко јорганче.
3 дена. Петок родив наутро. Последно јадев во четврток за ручек. После јадов во недела за ручек. Меѓу - сок од јаболко. Државна во Битола.
Во Систина јас два бев. Ама ќе умрев од глад. Знам како ти било, ама знам и дека е за да не дојде до преплет црева оти се враќаат на место . @Среќичка не фала. Пре би цезареа. Искрено грев е да се жалам, дај боже исто да минам топ како и првиот пат. Премн страв ме фаќа.
Абе сеа ве читам. Јас имам дупки во памтење ама знам не ми соблекоа ништо, ниту ми кажаа да ја извадам спавачата. Паметам ми дадоа спавача ми рекоа облечи се. Јас си ја ставив наопаку, ми се смееше докторката и сестрата и рекоа: ај ќе научиш. Се зачудив, напред требало врвките да ми бидат за доење полесно, а јас наопаку ја ставив на грбот врвки и ги терав да ми ги врзат. Во салa ми ја кренаа ептен горе и чаршав не им текна да стават, јас си гледам што прават и кога прашав што е мрсното со што ме мачкаат се сетија за чаршав и ми го ставија и не видов ништо повеќе, само лицата им ги гледав, музика слушав и муабет правев со една дадичка. Не беше анестезиолог, не беше ни сестра. Некој аниматор изгледа, цело време ме забавуваше бидејќи јас бев преплашена и си плачев. Ме држеше за рака како први другарки да сме. Паметам носот мрсули ми се наполни и немаше со што да го издувам, па оваа дадичка им бараше стерилна газа, тие пак инструментарките не сакаа да дадат, секоја потрошена газа, се што ми се ставало се броело и запишувало, па им се развика едно убаво и ми дадоа газичка како мало дете дував нос
Јас имам уште време до царскиот ама умирам од страв од целосната анестезија, си правам филмови нема да се разбудам. Глупача.
Ќе биде се во ред. @♡BuBaLe♡ има искуство вака ако сакаш консултација. Она има три , само не знам колку и се со целосна родени. @Среќичка @Happyinlove извинете ако ве напнав вчера девојчиња. Ич ништо со вас поврзано не беше. Ве гушкам.
Оти срам дека голи сте биле? Никој не го приметува тоа верувајте, побитно е се' да помине во ред, па дали сте голи или облечени, сеедно. Па колку души дневно гледаат тие на операции, вас баш ќе ве загледуваат. Опуштете се и не се замарајте со глупости.
И јас, им се чудам, кога ги читам. Дошле до најубавиот момент во животот и срам им било . Јас дали дека многу интервенции правев (две операции со класичен рез, три хистероскопии, три пункции, две киретажи, биопсија и сигурно уште нешто сум заборавила), мака немам со соблекувањето. А кога ке дојде ред за порогјај, дај боже се да биде во ред, мене да ми кажат уште во ходник да се соблечам, би се соблекла и гола би шетала до сала . Да се насмееме малку, инаку секој си е различен карактер, и различно си ги прифакја работите.
Не дека некој ме гледа мене, ама ич не е пријатен момент да си сосем гол пред 10 души стари/млади; жени/мажи. Ми се крева косата од језа коа ќе ми текне. Патем, точно е, најбитно е се да заврши ко шо треба.
И мене во Ремедика прво нешто кога влегов во сала ми рекоја да си ја соблечам спаваќата Немав никаков срам, ја соблеков со брзина на светлината зошто едвај чекав да почнат со царскиот и да го запознаам бебчето Цела сала беше фул
Те прочитав и во кафе муабет. И јас сум сонувала како сум се породила. изгледа од муабетите вчера @fana зошто 3 дена гладна? Се породив во среда сабајле, од четвртокот имав оброци пред 2 и нешто години.
Ме замисливте со соблакањево на спавача за царски. А убедена бев дека немам дупки у сеќавање од пораѓајот и дека се сеќавам на се јасно Ама, 90 посто сум сигурна дека пред спиналот само ми ја дигнаа нагоре спавачата и дека цело време бев со спавача (дигната до горе) и за време на операција. После со истата и ме однесоа на интезивна. Ова зборам за у Систина пред 10 месеци. ...ме туривте у мисла сеа