Пошо се спомна сега ќе ти кажам тазе оти сега 100000% ќе внимавам. Знам циц немав на мегдан, ама ја што знам може врска да нема со реалноста.
И јас знам дека не бев гола. Само ми рекоа да ја подигнам спаваќата нагоре, дур местат катетар, па дури трае цезареата. Сама се подместив од еден на друг кревет и ги пцуев во себе зошто ли така ме мачат После си бев пак во спаваќата, и на интензивна и во соба.
И јас од првиот царски ништо... Само знам дека никаква нелагодност не осетив. Сега кога слушам во Систина клизма ределе, во Ремедика чепче ми ставија културно, па вака ќе ми текне и за катетар да прашам и ќе се напнам. Ај да дојде ден нека ме успијат па што сака нека биде
Клистираат у Систина. Нема чеп. Чеп отпосле ако не се олесниш сама додека си во болница. Катетер имав доле кога ме спуштија, додека имаш анестезија ти ставаат кога те средуваат.
На државно ставаат катетер пред анестезија. Не чувствуваш ништо, само глупо е чувството затоа што знаеш дека ти пикаат катетар. Спаваќа не собекував, ми ја подигнаа за спинална. После тоа на интезивма подигната си стоеше а јас со чаршав покриена. На одделение исто. Салата беше полна, докторката што ме пораѓаше, плус доктор како што е протоколот, болничарот што ме држеше и уште еден медицински брат беа мажи, тројца значи, анестезиолог и инструментарката беа жени. Можеби имало уште некој, имам и јас дупка. Не сум била единствена. На државно те клистираат штом те примат. Кажав дека сум била по голема нужда пред да дојдам, ама кажаа само ако сум си ставила чепче нема да ме клистираат.
Баш така. катетер пред анестезија. Спаваќа крената горе. Клизма не ми ставија, имав јас ставено чепче пред да одам бидејќи си правев филм дека природно може ќе се пораѓам па да не им се покакам таму како мојата другарка.
Навистина многу грдо чувство. Па уште кога кажаа дека мора уште еднаш по вадење на катетар, се разочарав. И после некој ке каже дека се се заборава. Искрено, никогаш нема да заборавам низ што се поминав. Вреди, нема збор за тоа, спремна сум уште еднаш да поминам низ тоа за 5 години, ама не се заборава.
Катетер пред анестезија - не го сфатив тој момент ама ич. Зошто да се гњави жената, кога секако ќе добие анестезија - барем да се искористи бенефитот од тоа. Глупости. Во Ремедика ставаат после анестезија. И добив чепче пред царскиот. Тука во Германија не добив никакво чепче. Ништо. Ми кажаа дека во 8.00 ќе е закажана салата, последно јадење да ми е во 18.00 часот ако добро се сеќавам.
И јас имам болки. Не дојам воопшто. Кога ќе се сведнам да земам нешто едвај се исправам, не да ме боли
Јас пред еден месец се породив на ГАК,и да гола бев покриена со чаршав на гради за да не гледам. Кога ме однесоа во родилна ме натераа да се соблечам и почнаа со припрема,боцкање за анестезија,катетар,....
Па уште после тоа кога ќе ти кажат ама мора да се прочистиш, а ти 3 дена само на сок. Е како бе... Леле само да поминува инаку како сакате кажете не е лесно.