1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. Ivona S

    Ivona S Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2019
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    209
    Пол:
    Женски
    Женски да ве прашам тие што се со царски рез дали доле се миете и дали раната ја мачкате со нешто?
     
    На Шеќерно му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    Јас ја мачкав со јод, незнам точно колку време ама имаше еден месец. Во Чаир се пораѓав, кога ги прашав ми рекоа така да се мачкам. Тука кога споделив некој ми рече дека немало потреба да се става ништо. Инаку најнормално се тушира со гел ама не ставав на пределот на стомакот.
     
    На fana и Ivona S им се допаѓа ова.
  3. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Мене ми рекоа само туширање почесто, и после туширање со чиста крпа да се натапка убаво да се исуши.
    Јас се туширам два до три пати дневно.
     
    На eta, fana, Филотеа и 3 други им се допаѓа ова.
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.177
    Пол:
    Женски
    Интима со гел мијам како и претходно, лактогин. А раната ја лепев додека се бањам, после тоа ја миев со вода и тапкав со чиста крпа. Откако заздраве целосно не ја ни марам веќе.
     
    На fana и Ivona S им се допаѓа ова.
  5. Keri

    Keri Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    1.398
    Пол:
    Женски
    Девојки едно можеби глупаво прашање ќе ви поставам :$
    Царски треба да се породам, па со докторката од Гак се договоривме во понеделник во 8 да сум таму, ама како нешто да не ја доразбрав. Рече дека ќе ме примат, па во вторник дека ќе ме породат. Има ли потреба од некакви посебни припреми еден цел ден така да седам, а да не ме породат? Сте имале ли вакво искуство?:?:
     
  6. Ivona S

    Ivona S Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2019
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    209
    Пол:
    Женски
    Ден пред царскиот правев лабораториски испитувања, потоа отидов дома ручав лесна храна и до вечерта вода само.Сабајлето се прочистив системи ми турија и се породив
     
    На Среќичка, fana и Keri им се допаѓа ова.
  7. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    3.554
    Пол:
    Женски
    Тие што сте оделе на закажан царски која недела точно ви закажаа?
    И полна 38ма се рачуна 38+0?
     
  8. Dance27

    Dance27 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2018
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    3.138
    Пол:
    Женски
    Јас пред еден месец се породив на ГАК.
    На закажан царски бев.
    Др ми кажа кога ќе отидам за прием тој ден последен оброк да ми биде до 12часот,па станав се спремав околу 10доручкував и тргнавме за Ск.Ме примија во 14часот,ми отворија историја,ми земаа крв (иако бев јадена),потоа ми ставија чеп за прочистување и веќе во 19 часот ме породија.Сигурно секој Др си има принцип на работа.
     
    На Keri му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dance27

    Dance27 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2018
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    3.138
    Пол:
    Женски
    Јас се породив на ГАК.
    Кога ме пуштија од болница прашав за како да го третирам резот дома.Ми рекоа само миење под туш со млака вода,и нежно тапкање со пешкир да се избрише,исто ми кажа
    и да ја оставам по два три пати во денот да ми биде отворена да не се поти (првите десетина денови)
    Кога прашав да ја мачкам јод или да ја пребришувам со хидроген,ми рекоа дека нема потреба од тоа.
    И по два три пати дневно одам под туш па немам никаков проблем.
     
    На Ivona S и NanaMia им се допаѓа ова.
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.845
    Пол:
    Женски
    Да така се рачуна.
    Јас родив на 39+0. Закажан царски.
     
  11. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    3.554
    Пол:
    Женски
    Дека докторката ми спомна полна 38. И јас некако си сфатив во 39+0 :) ова прашувам дека корона тестот важел 2 недели :)
    Ти благодарам за одговорот
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Честитајте ми.. Толку време чување,пазење и еве ја раната инфицирана. Да стане мм и ќе го оставам бебе на чување а јас ќе тркнам до матичниот. Де кажете ми што да очекувам освен антибиотик?
     
  13. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Носеше мидер или слободна ја чуваше ?
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Не носев ништо.. А има поминато 50 дена од царскиот.. Мислам дека вчера ја инфицирав бидејќи цел ден испотена не можев да влезам под туш, а вечерта 2 часа чистење по мајсторите и откако се истуширав само заспав..
     
  15. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Се надевам не е ништо, побрзо нека помине :)
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    А што да очекувам освен антибиотици? Ќе ми ја чепкаат ли раната? Ич не сакам преврски и чистење..
     
  17. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.958
    Допаѓања:
    5.362
    Пол:
    Женски
    Едно прашање до оние што се царски рез. После колку време од операцијата почнавте да си ги вршите потешките домашно работи?
    Мислам како пресмукување, чистење када и сл.
    Кај мене по дома свекрва ми помага, но не е тоа, тоа. Друго е кога сам ке си допреш со своја рака.
     
  18. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Не знам, со првото сум царски и не ми се инфицираше, ама бев советувана да не носам мидер, да дишела раната. Сега размуслувам да носам писле породување и ме интересираше да не ти е од тоа... Чудно ми е после 50 дена да ти се инфицира, скоро 2 месеци...затоа викам може и не е страшно...
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Па приметувам црвенило на еден дел и лоша миризба. Целиот предел околу резот кожата ми е отрпната и не чувствувам ништо, ама ова место кај што е црвенилото кога поминав со памукче потопено во алкохол ме печеше.
     
  20. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.958
    Допаѓања:
    5.362
    Пол:
    Женски
    И кај мене, еве веке има 21 ден од царскиот рез, пределот над раната ми е како отрпнат, но сигурно така треба да биде, сепак се работело таму.
    А за тоа што викаш инфицирана, не знам, да не случајно си претерала со работи по дома. И јас не знам колку и како треба да се чуваме, затоа и поставив прашање во темава.
    Докторката ми рече само кревање тешко и односи да се избегават шест недели.
    Сигурно и работи како рибање када, пресмукување и сл. треба да се избегаваат некое време.
    Ајде ако има некоја поискусна нека ни објасни.
     
    На Ice&Fire, ines.h и Fallen.Angel им се допаѓа ова.