Батали ја кадата, ништо не и е ако остане неисчистена некое време. Јас фатив правосмукалка после 5 недели, ама мм ја крена, ја намести а јас само ја влечев. Реално кога ти ќе се осетиш способна тогаш можеш. Јас на пример сеа можам се ама бебето ме спие, по цел ден е на цицка и не стигам но да јадам ко што треба.
Исто и јас не стигам да јадам сега но, ете сакав да знам некоја која веке го поминала ова, после колку време почнала да си работи по дома. Во моментов не ме боли ништо, и би можела се да работам, но свесна сум дека се работи за операција и треба пазење некое време. Ти благодарам на споделеното искуство
Не е инфицирана. Сега се враќам од гинеколог. Рече од жешкото дека е. Ми се преклопува кожата и подолго време било испотено тоа место па затоа поцрвенува и чеша. Ми препиша травадерм маст и ми рече јод да мачкам.Ми стави нешто и он и ми стави газа. Рече не било страшно.. Ми рече дека веќе завршило царувањето и да сум си функционирала најнормално како претходно. Ми рече дека штом прекине крварењто можам да почнам и да вежбам бидејќи сега ако се напрегам уште повеќе ќе крварам. Да сум почекала уште малку и да сум почнела со вежбање за да не си навлечам други проблеми. Ми измери килажа и рече на следен преглед да ме види ослабена за месец време. Едит: Не се напрегам по многу, ама пешачам секоја вечер по 3-4 км. По дома си работам се. И чистење и генералки правам уште од почеток. И докторот вели зараснато е тоа нема проблем, не пречи физичка активност. Уште првата недела јас кога бев за консултација дали да продолжам со клексан ми рече дека не треба туку да почнам да пешачам, само со движење ќе имам подобрување.
Супер, штом не е инфицирано, мачкај што ти рекол докторот, и ке се среди. Велиш, сите работи ги работиш по дома, уште од почеток, многу си млада и не чуствуваш, но сепак е операција и треба барем малку да се исчуваш. Уште имаш крварење? Кој ден од царскиот ти е? Мене ми е 21 ден, и имам темно црвен, скоро црн исцедок, веке со денови. Мислев дека ке ми привршува, но примам и клексани, така да крварењето, сигурно ке ми биде продолжено. Значи дозволено одкога ке заврши крварењето да се вежба. И јас сакам, но сигурно, во наредните шест месеци, додека не се среди нокното станување, нема да имам време.
50 дена има поминато од царскиот. За вежбање се мислам да почекам уште еден месец. Јас сила имам, можам. Се си правам најнормално ама на моменти си чувствувам дека треба да застанам и да одморам. Баш се зачудив кога ми дозволи да вежбам и го прашав дали е ризично бидејќи имам слушнато дека може да се добијат кила ако се претера. Ама он ми вика тоа биле изговори од мрзливи жени на кои не им се вежба, луѓе од тешки операции, од операција на срце одма биле на нога и им се препорачувало пешачење. Да не сум се правела многу свилена, обичен царски рез било тоа, секојдневна операција, раната одма зараснувала. Ќе видам што како, јас уште денес би почнала да вежбам, ама бидејќи дојам од време на време не сакам да почнам со суплементи. За месец-два ќе го одбијам малиот и ќе почнам сериозно да вежбам и да пијам суплементи, сега само со пешачење ќе продолжам еден период.
Баш ми е мило што си ок, кај мене 2 години има од царскиот па пак ми се вцрвенува местото од жешкото, а и од бременоста. Отрпнато местото го осеќав долго време, година дена сигурно. За вежбањето, па мислам ти е рано, 2 месеци има поминато. Можеби пешачење, лесни некои вежби и поздрав начин на исхрана, летово барем има што да се јаде , за почеток мислам доста е тоа. За доењето, не мислиш дека е рано за 2 месеци да го одбиеш? Ако мотивот е диетата, јас не би... Посебно во корона услови би доела па макар и да е на дохрана, ако малку цица не би му го ускратувала тоа. Па и од доењето се трошат калории...
Не не е тоа причината. Ама ќе го одбивам обавезно. Имам друг здравствен проблем кој си го одолговлекувам и не сум почнала со лекарства бидејќи дојам, ама не ќе може уште долго. Ќе видиме до кога можам со тоа да се влечкам. А ќе морам да почнам и со работа и да го оставам дома на чување, еве сега е гревче кај и да излезам на 1-2 часа он ме бара. Си пие 90мл АД и е сит, ама сака да цица напразно и да ми биде во прегратка. Сме пробувале да цица и со часови и не се најадува.. Така да џабе се мачиме само со доењево он жив гладен е, ама некако жал ми е да не му давам кога бара.. е кога веќе нема да можам да му дадам .. не знам како ќе биде.
Моево е нон стоп со мене. Многу е приврзан. Додека бев на породилно уште од болница во вц што ќе отидев сите ме разбраа, плачеше одма, од 2 дена старо. Цицањето им е начин на кој се поврзуваат со тебе. Викаат кога се помали полесно го поднесуваат одбивањето. Го одбив на 2 години и недела дена не бевме спиени. Штом имаш здравствен проблем, ако доктор те советува, тоа е тоа. И кога нема да цица ќе си се гушкате, галите. Да знае дека мама и понатаму е тука. Срцки мали
Јас сфатив од самиот почеток дека не се најадува он од цицање, ќе го одбиев 100 пати до сега и никако душата не ми дава. Секогаш кога ќе ми заплаче му давам и така и јас си мислам само заради емотивна поврзаност и утеха кога има грчеви, за ништо друго. До сега требаше да го одбијам, ама ќе пробам уште еден месец, ако ми се влоши состојбата ќе треба и порано.. ама тоа е.. кога тогаш мора да се прекине. работата е да не биде многу стресно.
Ako se cuvstvuvas sposobno i nemas nikakvi bolki mozes slobodno da rabotis po doma, jas nemam pomos od nikoj, otkako se vrativ od bolnica si pocnav da sreduvam niz doma
И јас имам по една капка крв секој ден, денес се точно 40 дена, но функционирам со дневни улошки. Бев на преглед пред некој ден и докторот ми даде зелено светло за вежбање и за второ дете Вика тоа со чекање две години било измислица. Секако не планирам такво нешто само споделувам инфо А за вежбање ќе треба да почекам бебето да почне да спие преку ден, ако почне. Сега ич не поспива или спие по 30мин во рандом временски интервали па не можам да планирам
Прв пат слушам за овакво нешто а верувам на приватно одиш.. Ова за бременост после царски. @eta зошто толку долго примаш клексани? И колку време од пораѓај се испитуваа д димери и хемостаза?
Јас испитав уште во болница кога бев, д-димерите ми беа високи. Клексани примам по препорака на трансфузиолог, заради вродена тромбофилија и другите мутации кои што ги имам, уште пред ин витро, цела бременост и после порогјај некое време.
Аха, дека и јас ги имам мутации те. Со првото примав само додека бев во Ремедика. Се мислам ако може дента кога ќе ме пуштат да испитам таму да не се рашетувам после тоа. Како и да е ти благодарам. И јас ги примам цела бременост.
Да знам, ама кога го тргам ги става рацете во уста и плаче и кога ќе дадам АД го пие цело а некогаш бара и уште.
Тоа што ги става рацете вп уста не значи дека е гладен. Бебињата така го осознаваат светот. За некое време ќе почне да си ги гледа, да ги врти пред себе.. Симни си некоја бејби апликација да читаш што е нормално, а што нњ во секоја недела/месец од растот на бебето.
Едно инфо, арно ме потсети @Happyinlove , не се соблакав гола пред цела екипа у операциона, културно кренав спавача. Ова Систина.
Да се надоворзам на кукла, бебињата поминуваат низ пет фази, првата е орална кога инстинкт им е се да редат в уста, твоето бебе е уште во орална фаза. Да, ако ги реди рачињата в уста може да е гладно, ама ако е јадено и пак ги носи во уста, тоа е само нормален развој