Мајки, после царскиов еве на 2 август ќе правиме 3 месеци, се осеќам малку чудно во стомаков. Дали кога јадам многу брзам,или што го кревам детево (6300кг е, шетање в раце низ дома, стани со него,легни...) И како да осеќам празнина некоја. Јадам, а како да немам мера колку јадам и одеднаш сум подујана. Сега и малку меше ми се појави (а по пораѓај мисла дека ослабев,стомаков внатре ми беше). Ок, јасно ми е дека органите се враќаат на место,но ме интересира како вие сте де чувствувале. И над шиеното, тоа мевцето од стомакот што стои над рана некогаш како да ме наболува,како да ми затежнува (особено после напор). На гинекологе бев ,внатрешно си е ок...
Ние на 26ти правиме 2месеци.Исто со јадењето е и кај мене.А и баш денес се гледам во огледало некако после порагај бев до многу малку меше, а сега се повеќе ми излегува напред (како поново да сум пред порагај) И од уморба одма осеќам болки на краевите на резот,особено десната страна многу ме боли.Се трудам да одмарам ама скоро ич не наоѓам време за одмор,обврски се си има низ дома се од мене се чека,а од свеќи ич помош.Се плашам од толку напор после царски да не добијам и кила (имам слушнато дека по царски лесно се добивало кила)а колку е тоа точно незнам. Како и да е се ќе издржиме само бебушките да ни се живи и здрави.
Ај едно смешно прашање. Колку време после царскиот отидовте по голема нужда? Се породив на 22ри а уште немам отидено. Со првиот царски мислам дека бев после 5-6 дена ама цимеркава ми вика дека треба порано.. Дали би можело да настане некој проблем?
Обично пред да те пуштат од болница треба да имаш една столица, ако не можеш ќе ти дадат чепче, иако вториов пат мене не ме прашаа ниту па имав и си отидов дома така и тек после ден два успеав. Не ти е прашањето смешно, сосем на место е, после анестезијата цревата поспоро проработуваат
Јас бев и вчера и денес. Утре излагам. Тука е пракса да те прашаат последен ден и ако случајно не си отидена чепче ти даваат да се олесниш до излагање.
Јас да ти пишам дека се осеќам супер. Како да не сум родила. Рана веќе не ме боли, се движам без проблем, други проблеми засега немам..
Среда ме оперираа, четврток се бањав и станав минимум 7/8 пати,се шетам секаде, туширам сама од почеток, исто и вчера и денес. Спијам на страна од втора вечер исто, се' е одлично, само малку осеќам затегање на раната во краевите, и НЕ ДОЗВОЛИВ да ме боцкаат нифлам оти еднаш ме зезнаа и пцуев на глас пола саат , само аналгин со ерготилот (кој ИЧ не го осетив да боли , а сум невиден паничар и од него најстрав ми беше) , клексаните беа најголема болка. Искрено, прелесно минав, е сега уште не скокам, нормално станувам уште полека оти осеќам тегнење на кожата, ама не е ништо страшно. Искрено топ минав скроз. Цел персонал топ, само многу има нови од пред скоро 4 години, ама одма си ги познав тие што беа и за Константин од неонантологија. Инаку префини се. Гледаат да ти се најдат за се. Стварно сум задоволна. А и што е најчудно не гладував долго, среда ме оперираа, четврток добив ручек (бистра супа) и вечера (фамозниот двопек со јогурт), а за доручек ме заборавиле па ми го рипнаа (бисквити со млеко) . Искрено овој покрет ме зачуди оти со Константин седев гладна 2 дена.
Браво, баш ме окуражи со муабетов. Дека сите ми велат втор царски потежок. Ете нема правило. Супер, шеткај не се улежувај чим немаш болки @Среќичка се надевам и јас ќе бидам вака како вас
И јас прашав на ждм исто од страв, пошо имав разбрано дека е полошо и сигурно 90% ми пишаа полесно дека минале. Веќе е мртво местото, (нервите) и не може да боли како првиот пат. Не се секирај, одлично ќе минеш, ќе видиш. (п.с.затоа ти пишав детално, оти не ми беше баш вака лесно првиот пат искрено) .
И мене вториов царски ми беше многу полесен отколку првиот. Многу полесно станав и првиот пат и секој нареден, првото дете го бањаше мајка ми јас не бев способна, додека пак овој пат од прв ден откако дојдовме дома ја бањаме јас и маж ми. На 30 јуни се породив, толку се осеќам добро што сакав минатата недела да почнам да вежбам, ама на гинеколог ми рекоа рано е...
Како полошо втор царски? Јас секаде слушав полесно е, ама не можев да замислам колку е тоа полесно, после неколку саати од пуштање на анестезија се осеќав спремна да станам, најголема болка ми беа инекциите (не знам дали ерготиолот или кетоналот ама многу печеше!). Неколку саати од станување, сама се истуширав и со бебе низ соба бев до полноќ, доење, преслекување, нишкање. Нека ти помине се во најдобар ред, за другото ич немај гајле, искасапени сме првиот пат, сега изгледа нема толку што да боли
Еден или два реза имате после втора бременост? Мојата рана стана задебелена и лилава во оваа бременост ептен е за никаде,па докторкава ми рече дека ке го вади овој рез и еден ке имам,но мојата кожа била таква што повторно би можел резот да е лилав и дебел. Па дали има некоја разлика од еден до два реза? Да знам ако е подобро да бидат два реза нека бидат,до естетика не ми е. Само да не боли вториов повејќе од првиот