Zdravo mozhe li da mi pishe kok se porodil vo Cair so carski, koga go zakazavte carskiot?? I dali od maticnata treba da baram upat koga ke pravam ctg ke mi kaze kaj doktor sum??
Имав слушнато дека тие што раѓаат со царски рез значително помалку крварат, и пократко траело крварењето. Јас еве 2 месеци има минато и се уште крварам. Пред 10 дена бев на гинеколог и ми рече нема гајле може и до 2 месеци да трае крварењето. Не крварам по многу, по неколку капки, ама некогаш се случува наеднаш ептен голема количина да има на влошката и потоа пак да нема. Пред две недели мислев дека готово веќе нема да крварам ми го снема жолтиот исцедок, и цел ден имав чиста влошка, потоа утредента пак прокрварив и се така.. Не знам што да правам, дали да почекам уште некој ден па пак на преглед да одам или што да правам. Правев крвна слика од страв завчера и супер ми е и хемоглобин имам добар некаде 130 мислам и железо имам 26.7.. Го сликав резултатот на општ матичен лекар и ми рече се е во ред, само хематокрит било високо, ама не ми објасни што значи тоа..
Секако морам да отидам бидејќи докторот кога му кажав дека се уште крварам не ме погледна на ехо, само раната ми ја виде и муабет направивме околу тоа како се чувствувам физички. Ама се мислам кога да одам, дали да причекам и да видам дали ќе запре крварењето.. Јас вака супер се чувствувам, со оглед на тоа што малку спијам, а имам енергија и да работам и да вежбам и пешачам. Еве денес вежбав саат време на орбитрек, вежбав плус вежби за грб,рамо и гради.Сега се вратив и од пешачење, испешачив 4 километри. Гинекологот ме советуваше да не вежбам стомачни и еве се уште чекам за тоа. Ми кажа само пешачење и орбитрек без отпор. Ортопедот ме искара и ми кажа дека морам килажа да симнам и + грб и рамо обавезно секој ден бидејќи не сум во можност на физикална терапија да одам морам во домашни услови. И сега и тоа го мислам, да не крварам пролонгирано заради физичката активност..
А зашто не пробаш прво со диета да симнеш некое кило таман ќе помине време? Те боли ли стомакот после вежбање? Мене ме боли генералка што ќе направам дома.
Држам и диета, ама мора и да вежбам. Ќе почнам и со суплементи за слабеење откако целосно ќе го прекинам доењето. Сега за сега издржувам некако. Стомакот не ме боли воопшто, само над резот местото ми е отрпнато. Чекам следен преглед на ортопед и ако не ми е подобрена ситуацијата ќе се одлучува дали ќе ме оперираат или не.. Аголот на искривување ептен е влошен од бременоста и вишокот килограми, а плус и го повредив рамото, ќе треба да ме боцкаат некаков коктел со колаген и уште нешто, ама бидејќи дојам го одложувам тоа колку што може.. Требаше во јули да одам ама не отидов, жал ми е за бебето кога плаче и бара да цица..
Слушај доктори и не форсирај. Еден проблем ќе решиш, други ќе си направиш. Побарај и второ мислење од ортопед. Со лесно.
Побарав.. Ми дадоа и помагало од медикус хелп, и рекоа дека исправување на ‘рбетот не може да се очекува на моја возраст, треба само внимавање за да не дојде до поголемо искривување. А за повредата на рамото различно кажаа. Едниот ми рече акупунктура, другиот ми предложи да заминам во Србија да ме боцкаат матични клетки,колаген и нешто друго. Ама бидејќи дојам не сум се одлучила се уште за ништо. За вежбање и гинекологот и други лекари ми кажаа нема проблем, само да избегнувам вежби што ги оптеретуваат стомачните мускули и да не вежбам со тежини, и никако кревање тешко. За орбитрек и пешачење рекоа дека нема проблем никаков. А ортопедите советуваа слабеење и физикална терапија.
А дали ти препорачаа вежби конкретно за сколиозата? Мене вежбите многу ми помогнаа. Од срце ти ја препорачувам др. Албена Манева ако можеш да дојдеш до Скопје, има своја приватна ординација во Бардовци. Мене многу ми помогна за сколиозата.
Па пред неколку години на физикална терапија ми ги покажуваа вежбите и исто ме советуваа да продолжам со пилатес. Одев и на пилатес и таму откако завршувавме со вежбите јас останував со инструкторката и таа ми покажуваше и други вежби и бев задоволна. Тогаш мислам дека и јас видов подобрување, а сега не знам како ќе биде бидејќи сама вежбам дома од тоа што паметам од порано и плус од интернет вежби гледам. Сега ортопедот само ми кажа физикална терапија, ама бидејќи не можам да одам ми покажа вежби и ми кажа да се трудам кога спијам искривениот дел да ми е поткренат и да ја извлекувам раката исправена да ја држам, исто и кога седам да го поткревам рамото. Другиот ортопед само ме прати кај физиотерапевт на масажа и ми рече таму да се консултирам што и како. Вежби ми кажа со сукало дома да правам.
Да и јас правев со сукало, тегови од 1кг и пилатес топка. Сега ми текна дека и Орбитрек ми купија заради тоа, требаше да вртам секој ден по пола саат. Да си одиш и на масажи и кога ќе седиш секогаш газот да ти е на работ на столчето со колената свиткани под агол од 90 степени. И пливање може да помогне.