јас сум шиена, ама резот и да не ми се познава. Мислам дека имав 4 конци. Може сега почнале и да лепат, наместо да шијат. Мене бебето ми го донесоа првиот ден, откако се подосвестив малце (уствари после 8 саати) да го видам. Наредниот ден после царскиот станав за прв пат и бев да ја видам малата, а веќе третиот ден беше со мене цело време. Баш тогаш и ми дојде млеко и можев да си ја дојам. И нема зошто да го креваш бебето, тоа цело време си спие во креветчето до тебе, освен ако треба пелена да му се смени. Иначе нема шетање со бебето низ собата или ходиници, тоа е строго забрането. Ако многу плаче или е гладно, тогаш доаѓа сестра и ти помага. Малце безвезе е што ако сакаш да одиш во тоалет, треба да го оставиш само, но во собата сигурно ќе има некој кој би можел да припази на бебето.
Јас сакав да прашам баш тоа, пред недела дена ми падна и второто конче (лепена ми е раната) планираме да идеме за Грчка па незнам дали смеам да се бањам во море, инаку поминаа 2 месеци исто од пораѓајот, немам сеуште појдено на преглед на гинеколог некако после пораѓајов си се опуштив изгледа ми се смачи од сите прегледи и испитувања И уште едно прашање имам, нормално е што уште ми е како црвена раната?
Da prasam i jas,pominaa 5 meseci otkako se porodiv so carski rez ranata mi e malce crvena i koga nosam gaki vrz nea odma kako dam i pomodruva vaka nemam bolki mnogu retko onaka da me strekne na sekunda i tolku normalno li e toa?a i mi e strav sega se da pravam za da ne mi se otvori ranata mozno li e toa ?Smeam da se banjam vo bazen da se frlam vo voda i slicno?Da ne smeta toa nesto na ranata? Jas bogami sum golema kukavica i 10 dena ne mozev da stanam ni do wc a mi kazaa kolku poveke se dvizam tolku pobrzo ke mi zarasne ranata a mene me bolese mnogu i edvaj pocnav da se dvizam sea fala bogu super si e si se dvizam si trcam si rabotam osven sto mi e strav da se banjam vo bazen..i uste edno prasanje posle kolku vreme mozam da imam vtoro dete i sto ke se sluci ako toa bide porano,moze da mi pukne ranata ako ostanam trudna?
Ане, полека, смири се, се што ти се случува е нормално. Раната сеуште е тазе и затоа е црвена, со текот на времето ќе промени боја, но ќе треба подолг период да помине додека да стане сосема бела. Вообичаено е местото да е тврдо и да е специфично на допир. Нормално е и од време на време да те штрекне, како што опишуваш, нормално е и при промена на времето да чувствуваш блага болка или јаскање. Со раната живеј нормално, бањај се и во базен и на море, ништо лошо не моше да ти се случи. Точно е и дека раната помалку боли и побрзо заздравува доколку почнеш да стануваш и да се движиш уште третиот ден од породувањето. Јас се породив со царски рез 2007 година и тогаш докторката ми рече, да не останувам бремена барем во наредните три години, бидејќи не е препорачливо. Мојата цимерка од болница, девојката што се породивме во ист ден, веднаш после два месеци од породувањето повторно забремени и без никакви последици ја истурка бременоста до крај и повторно се породи со царски рез.Значи сакам да ти кажам и да дојде до бременост, не е ништо страшно, меѓутоа, не е лошо да внимаваш барем година дена од царскиот,бидејќи сепак се работи за операција и не треба да се изложуваш на ризик. Овдека прочитав најразлични мислења во врска со ваквиот начин на породување, а имаше и мислења од типот дека лесно е да легнеш на маса и да ти го извадат бебето од стомак, без напнување, без епизиотомија, без распукување, без испукани капилари од давање нап и слично.Меѓутоа воопшто не се сложувам со тие мислења, бидејќи не е исто да гледаш од страна и да коментираш и да го преживуваш истото. Се работи за операција, значи одиш под нож, а колку и зафатот да изгледа лесен, воопшто не е, затоа и лекарите го форсираат природниот начин на пордување. Царскиот рез изведуван под општа анестезија претставува ризик сам по себе, бидејќи дел од анестетикот може да влезе во крвотокот на бебето, поради што бебето, подоцна од вообичаеното, ја воспоставува функцијата на дишење. Јас се породив со спинална анестезија, значи анестетикот ми беше вбризган во нерв од ’рбетниот столб. Првин чувството воопшто не е пријатно, бидејќи стануваш парализиран од половината надолу, а потоа најмалку 1,5 година, чувствуваш големи болки во главата (мигрена) како последица од анестезијата. Отприлика вака се одвива начинот на породување со царски рез: 1) Местење на катетер во мочниот канал 2) Поставување на интравенозен катетер 3) Примена на антициди заради неутрализирање на желудочната киселина 4) Мониторинг на основните функции (работа на срцето, крвен притисок) 5) Давање анестезија 6) Дезинфекција на кожата на стомакот со антибактериско средство 7) Правење рез на стомакот 8 ) Правење рез на матката 9) Расечување на водењакот 10) Ослободување на бебето од карлицата 11) Раѓање на бебето 12) Пресекување на папочната врпца 13) Оценување на новороденчето 14) Вадење на постелката и зашивање на матката 15) Шиење на резот на стомакот И после следува опоравувањето, кое трае многу подолго од природното раѓање. Па повторно се чувствуваат контракции и болки поради враќањето на матката во првобитната состојба, па се случува и како на мене што ми се случи, да нема млеко како последица од царскиот рез и бебето да не биде доено и слично. Муабетот ми е дека единствено со царскиот рез се избегнува напнувањето на бокс, а се друго е многу покомплицирано од природното раѓање. Контракциите исто болат, само што ги снемува кога ќе добиеш анестезија. И при природното породување после 3 дена си одиш дома, а со царски рез лежиш 8 дена во болница. Мене ме чека уште еден царски рез, па со Господ напред.
Jas znam deka prirodnoto e poubavo ama jas imav mnogu makiii gospod mi bese na pomos ne sakam nitu da se setam na tie bolki i maki na kraj moraa carski zosto ke im umrev ostanav bez zdiv mi go merea srceto kako mi cuka mi vikaa bebeto ima bradikardija slabo cukanje na srceto i uste sto ne,jas bev 8 saata na boks umirav od bolki umirav za voda nikoj ne mi dade,gi slusav site zeni kako ednas dva pati ke napnat i naednas se slusa placenje na bebe a jas vikav gospod ke uspeam li jas da go vidam moeto since ke ostanam li jas ziva..premnogu bese strasno i morase carski inace normalno deka prirodno e poubavo...ama ete fala mu na boga bil so mene i me cuval i mene i moeto sonce sepak sea zaboraviv na seto toa i si uzivam so moeto besno bebence koe ima 5 meseca samo nesto izveduva samo zaglavuva vo krevetceto..
Па баш се ме интересира Кои доктори се?Колку дена бевте во болница?Кога го видовте бебето?После колку време станавте од кревет?... За 3 недели ми е терминот,со царски оти бебето е карлично па да се информирам
Значи идеме вака од доктори се:Началничката на гинекологија Стаменка,Емил Џидров,Бранкица,Магдалена,Огнен по повик мислам дека се тие,Валентина Рамбабова тие ги затеков јас.Во болница бев 1 недела поради тоа што син ми фати жолтица а по правила и прописи се лежи 5 дена,после три дена стануваш од кревет и со помош на некоја болничарка.Бебебето јас го видов одма бидејки бев со спинална е потоа во шок соба ко ме однесоа дури утрето ми го донесоа ама не те држат 24 часа ако се ти во ред и одма долу ти го донасаат бебето и ти го оставаат на пола саат саат да си го изгушкаш и биди наколента кон детето не кон коментарите на др за да проживееш како што треба.Бебето иако ти е карлично за 3 недели си се врти тоа не се секирај кажи си дека си си фатила врски за царски.позз и не ми замерувај за врските.
Eve i jas da si kazam:znaci doktorite se tie,plus Sumanski na povik.Mene me porodi Dzidrov, so spinalna anestezija bese carskiot.Bebeto go vidov odma i potoa me odnesoa vo sok soba,tamu bev edno 20 casa.I jas stanav za 3 dena,prvoto stanuvanje bese tesko,muskulite mi bea atrofirale od tolku lezanje.Tie so carski lezat 5 dena,ama jas potpisav i si krenav porano.Doktorite se ok,a ostanatiot personal sredna steta.
Девојки што се породиле во државна со царски рез ако може да споделат искуство. И дали е точно дека и да имаш врски по секоја цена пробуваат да пораѓаат по природен пат??? Хелп кој знае нека пише...
HEV И ти и Каталина сте грешка,првото станување после царски е после 24 часа.Мене ме направија царски во 15 часот и станав утре дента во 15 часот,ова за на клиника во Скопје. А 3 дена се многу за лежење. Јас од што не можев да станам и викав на болничарката да ме остави до утрето ама она реча нема шанси мора да станеш инаку полошо ке ти биде,МОРА значи МОРА да станеш наредниот ден.
Дали знаеш што е причината за тоа? Дали се во прашање рестрикции, финансиска гледна точка или едноставно им е многу полесно на сите доктори да не се замараат па сите на природно да форсираат?
Најлесно за докторите е природен пораѓај, бидејќи целиот процес го тера акушерката, а докторот дали и ќе се појави на крај за шиењето. Додека за цесарија, треба сала, интрументи, анастезиолог, доктор, сестри, и многу повеќе кошта. Ете затоа. Не ми е јасно ни на мене, кога парите тие ги добиваат од фондот и за природен и за царски. Царски на клиника без плаво картонче, на приватно да си го платиш е 50 000 ден. И јас сум за природен пораѓај, ама во границите на нормалата, а не со мачење на жената. Мислам да пораѓаш жена со карлично поставено бебе со природен пораѓај е лудо. Мене ’85 кога сум била карлично поставена ја правеле мајка ми царски без збор, а не па сега. Ама тоа ти е......
Ако има индикации за царски- царски, ако не природно. Ма да и со врски прават царски, но се настојува да биде природно. Јас се породив царски во Јануари, прочитај искуства наназад во темава ...