Не ми е до толку свиснат стомакот туку баш на раната, на самиот рез се превиткува, што не беше случај со претходниот царски. Ќе видам како ќе биде. Секако наредна недела треба да одам да ми ги извадат краевите на конците
Сите одите да вадите конци? Мислам мора ли, јас уште чекам сами да паднат. Инаку ништо не ставам на раната ни сега ниту претходниот пат, повеќе се мислам за појас сега ,повеќе стомак остана а помалку бев поправена.
Не сите, по потреба. Со првото не одев, сега така ми рекоа, има на краевите подврзани се. За појас го прашав докторот ми рече дефинитивно не на топлово па и за понатака ако сум носела појас, мидер и слично мускулите ќе ми биле млитави.
Jas bevgo izvadat konceto imac samo eden konec I togas videa oti ranata mi e zagnoena pa na dva pati mi ja cistea gnojta
Значи ќе мора да отидам и јас некој ден, инаку како се средувате за на гинеколг, мислам уште е свежа раната не смеам да се фатам си брич.
Јас не сум била да ми вадат конци, сами ми паднаа. А откако ми паднаа ставав спреј Octenisept и раната многу брзо ми зарасна. Еве веќе 9 ипол месеца поминаа а јас имам само една бледа линија.
Не сум рекла дека не треба да оди на контрола, жената си праша дали одиме да ни вадат конци или сами паѓаат. Јас на пример одма после 40 дена отидов на контрола за да ме виде на ехо и се друго.
Првиот царски помина добро, без посебни комликации. Искрено за второ ми е повеќе паника, затоа што знам што ме чека. Какво ви е искуството со втор царски?
Еве @kukla21 верувам искрено ке пише како го доживеа вториот царски. За брзо и јас без цензура ке го опишам. Кукла пиши и за другиот момент како преживеа без едно бебе 5 дена
Пишав страна претходно. Подготовката во сала најтешко ми падна. Некако знаеш што следи и цело време во очекување. Опоравувањето полесно. Одма се миев, бањав и шпартав низ ходник. Едино кога почнаа поинтензивно да ми го оставаат бебе почна дс мд боли грбот и ми стана тешко. Се надевам дома ќе е подобро. Млеко ми надојде многу наеднаш вчера, така да за дома не ми треба ад, дури и се молзам. Ме молзеа и ноќеска превентивно. Со дунде, покасно дојде.
Нека виси сегана града додека се воспостави стабилна лактација. Што пумпа зема? Ех мајка ти пројде гајлето со породување
Кога го прават тестот??? Јас бев 36та ми рекоа пак во 37 да идам, не прашав за тестот, а баш ме интересира, и дали навистина и покрај тест терале со маска на породувањето.
Јас правев и во 37ма и во 40та пред пораѓајот. Јас бев со маска ама не ми беше готов резултатот може затоа. Цимерката беше со природен пораѓај со маска ама не се пожали, до душа пораѓајот и траеше саат ипол од пукање на водењак.