Мајки, освен контрактубекс имате ли некоја препорака со што да ја мачкам раната, нешто со подобар ефект?
Во петокот ми ги извадија конците и контрактубекс ми препорачаа ама имам искуство со него и нема некој ефект, а и чеша многу. Ранава ми е со испакнатини и ми се преклопува. Имам малку дома од таа крема на Скендер ама многу ми е свежа раната за да мачкам од сега. Две недели се поминати...
Мене тогаш ми кажа веднаш се мачка за да има ефект. Јави се ако сакаш консултирај го. Инаку од аптека користев и Стратадерм ама не помагаше а изгор скапо. Секоја кожа различна, кај мене не поминуваше така брзо лузната како кај други.
Од вас што бевте на клексани во бременост, се проверивте по пораѓај? Јас закачив 10 дена х2 фраксапарина.
Јас , да 10 клексани па уште 15 фраксипарина. Готово завршив. Одев секој ден да ме боцкаат, дома никој не се нафати да се учи на мене.
Да, 10 дена и плус 10 ми продолжија, од понеделник пак треба да одам. Времињата се смируваат, д димери полудеа. Бебево го изнашетав.
Не се плаќа ништо на државно за бременост и породување. Јас ги примам уште. Другата недела сум на контрола
На државно не даваш ни денар. Ни за тебе, ни за бебе. Значи се е бесплатно, и операција, лежење 6 дена и јадење, инфузии и инјекции, испитувања крв итн. Алишта за тебе и бебе. Е мора да понесеш влошки, памперси и нешто за бањање. Немам информација дали ако останеш подолго се доплаќа. Мито е друга тема. На други оддели се случува да зафали инфузија, инјекција, ама за гонекологија немам слушнато ни прочитано.