Кога станувам осеќам затегање на едната страна. Од време на време и печење таму, значи не болка, туку баш печење. Се сеќавам дека и минатиот пат осеќав така затегање на едната страна, ама сега и на допир имам како топче од таа страна. Во понеделникот ми ги вадеа конците, ама немав приметено ништо вакво. Ваљда дека не ја фаќав раната. Не знам дали да паничам и да го барам докторот или нормално е? Сигурна сум дека минатиот царски немав вакво нешто.
Ја отварам темава и не можам да се изначудам на неваспитањето како си дозволивте да и се нафрлате на жената што прашуваше дали да оди на одмор после царскиот, дека ќе одела без бебе? Срамота! Кои сте вие да судите? И од каде ја знаете вие целата ситуација нејзина, можеби има тешка пост-поридилна депресија, а бебето можеби не го дои? И како шти гледам, таа не ни праша за тоа, туку за раната. Таа немајка била, само вие најмајки тука што делите памет по 24/7 на форумов, па нели цело време околу бебињата сте? Како не ви е срам да седите по форуми? За тие нормалните што прашуваа за клексаните, не се боцкајте за џабе по месец дена по операција, нормално е да се нешто покачени димерите на првата контрола, со повеќе движење сами ќе се средат, доколку се малку повеќе покачени (ова ми е од доктор кажано не го измислив јас).
На форум се разменуваат мислења. Тоа што не е во ред да се патува на 11 дена од царски не е во ред. Си прашала и одговориле.
Не реков ништо за одговорите на нејзиното прашање и се согласувам со истите. Ама таа никаде не праша дали да го земе бебето, за кое решила да не го земе, а и се нафрлија баш за тоа, а не за првичното нејзино прашање, кое погоре го спомнав.
Ne se sreduvaat kaj site I zatoa odlucuva dr ne nie vakov sovet samo bi mozelo da nasteti na nekoja sto mora da prima I jasd imav postporodilna depresija i piev I lekovi pa ne se osuduvam da setam sama bez bebeto na Bebeto mu treba majka ne baba
Тоа што прашала за раната, се слагам, треба доктор да си праша, операција прошла. Тоа што не оди со бебето, не е ваша работа и ич да не ви е гајле на кого ќе го остави. Не ми е јасно со кое право се дрзнувате да му се мешате на некого во одлуките и да го осудувате. Нездрава работа.
Ама она не праша за бебето него дали смее да оди на одмор ради раната. Што значи мислење за тоа воопшто не и требало и ако има некој бар малку усул и домашно воспитување, тоа нема да го коментира.
И јас имав такво затегање, топче и многу ме болеше, па на ехо ми видоа дека имам скоро 10 цм хематом. Додуша и на кожата се познаваше малку модро. Ациди борици и хепатромбин и се намали малку. А може и така да ти е сошиено ткивото. Оди си нека те видат, мирна да бидеш. Страшно сигурно не е. Инаку 40 дена после пораѓај се боцкав со фраксипарини. Ми полуде телото после пораѓајот, а никогаш порано не сум имала никакви проблеми.
Топчето и јас го имав и го прашав докторот ми рече дека таму е чворот кај што завршува ширењето. И мене ме пецкаше тоа место, да не речам мала болка ама си помина така.
До некаде се согласувам. Што доколку бебето го дала на посвојување? Што доколку е сурогат мајка? Ок е и да се каже мислење дека на мајката ѝ е местото до бебето. Баш за тоа ако има постпородилна депресија - дека не се лечи на одмор и на бањање. Она што мислам дека секогаш треба да го бираме - е начинот на кој се изразуваме. Дури и кога критикуваме.
оди понеделник или веднаш затоа што јас ја осеќав раната така тешка и цела страна на станување и легнување и ми беше инфицирана раната( јас првпат церски и си викаш ајде де рана е треба да боли ) ама не било така па цела недела на чистење среќа површно тоа на крај каде што завршува конецот
Дали е нормално да се чувствуваат тапи болки над резот од умор? Година пројде, ама сеуште осеќам тапи болки кога сум преморена.. Или што знам, може да е индикација за нешто друго?
Нормално е. Може ке поминат за скоро, може ке те следат цел живот. Пред неколку дека за тоа бев на гин, се мислев да не се цисти и прашав за ова.
И јас имам така некои чудни болки. Не се баш болки, ама местото од време на време ме боли како свежо сечена да сум. Пример кога ќе легнам на стомак.
На бебето му е место до мајката, ама никој не и ја знае ситуацијата, а горе ја напаѓаа со доста критички ставови. Што и да е работата, таа си знае, можеби и е болна тема и со такви коментари, само ќе и го продлабочат проблемот. Јас се водам по тоа да се даде совет кога се бара, да се каже свој став и мислење, но никако да не се напаѓа друг човек за нешто што не ни побарал совет и тоа уште со такви зборови, као демек што човек си ти, дете да си оставаш.
Мајки после колку поминато време од царски може да се направи контрола поточно да се направи ПАП и микробиолошки?