Јас лично бев така исплашена нормално е доза на страв и адреналин. Ден пред сама операција и гинекогологот ке те гледа на ехо а и анестезиологот ке ти земе анамнеза. Ке ти објасне кога е можно да почувствуваш гадење и е битно да кажеш пред да добиеш нагон за поврјќање одма ке реагираат. Мене ми се гадеше и добив нагон но веднаш кажав и дали инекција ставија незнам во секундата престана. Гола бев и ме покрија со чаршав над гради. На гради не ми го ставија бебе само ми го покажа докторот и веднаш педијатар го зема. А услов од интензивна да те префрлат е со раце да се преместиш од еден на друг кревет. Што значи ке има доволно пуштено анестезијата и полека ке се преместиш. Не е болно зошто си уште под анетезија горе доле. И јаки седативи ти даваат.
@Happyinlove абе како памтиш вакви работи јас ништо не памтам од прв царски, дали сум се потрудила све тоа да заборавам или само по себе се избришало. Сега знам дека ми е само ужасно страв и дека едвај чекам веќе да помине. @fana да сама се преместуваш. Ете тоа памтам им викав што ви е бе будали, како сама нормални ли сте
Од креветот на кој лежиш во интензивна на кревет од соба донесен со тркала. И ке се подисправиш на газ и со силата на рацете да го подигнеш газот. Све тежи тогаш нели нозете ти се дрва но олабавува анестезијата секако помагаат сестрите тука но доколку воопшто не можеш тоа да го направиш не те носат во соба. Два пати им реков еве нозеве пуштија ајде носете ме,неможев и чекав 3 саати да ми олабави
Како да не памтам па пред 18 месеци го пројдов . Сега јово на ново.Значи штом сум повторно на прагот не е страшно
Аааа .... Е јас тоа го правев по 24 часа од царскиот и требаше да станам од кревет на нозе и да седнам во инвалидска количка и да ме однесат од интензивна во соба. Во државна болница.
Јас за во Чаир можам да кажам. Катетер додека бев на цтг ми ставија, без анестезија, така. Осеќаш ама не боли, може да те пецне евентуално. Клизма не ми ставија, коже дека немав јадено сабајлето, а некако сакаа одма царскиот да ми го направат. До сала во количка ме однесоа пошто со катетер и приклучена инфузија. Во сала се соблеков гола, за разлика со поголемото исто во Чаир само ја кренав над гради спаваќата. Седнав на креветот и ми рекоа да се свиткам колку што можам повеќе, со рацете на колена, колената споени и со главата надолу. Да ги опуштам мускулите, ако дојде контракција да не се стегам, да не мрдам. Анестезиологот ми го напипува рбетот, ми помина на рбет со нешто, па пак како да брише ама силно, како да ме гребе. Не ми стави аналгетик, едно боцкање беше, се осеќа како инекција кога ти ставаат. Дишеш длабоко ама не мрдаш После се качуваш брзо на кревет, нозете полека се олабавуваат, ме покрија кај градите, ништо да не можам да видам. Со маска цело време бев. После тоа не знам за колку време го извадија син ми. Времето е релативна работа, а не гледаш саат. Телефон немав, немам слика. Кога го ивадија синко ми го покажаа да го видам над мене, ножињата му беа најблиски, му ги бакнав и го однесоа. Кажува педијатар апгар скор, тежина, висина, време на раѓање. Не можев да перцепирам што се случува, анестезиологот ме занимаваше со глупости, осеќав тегнење, влечење. Почна да ми се повраќа, ми ставија сад до мене, се исповратив што во садот, што надвор. После ме префрлија на кревет, ми ја ставија спаваќата до мене и ме однесоа во шок соба. Песок ми ставија на стомак. Инфузии цело време, инекции, мерење температура, притисок. Само вода смееш да пиеш. Јас си повраќав до другиот ден цело време, цела исповратена бев, зошто, не знам. Кога ќе ти се пуштат нозе те стануваат,т.е. те тераат сама да станеш и така. Ќе се помачиш малку ама колку побрзо станеш самостојна толку подобро. Стиснав на сред текст да се постира па допишував @Izzy_0504
Во Ремедика ставаат локална пред епидурална/спинална. Ова со песок дека ви ставале ме зачуди, мене мислам такво нешто не ми ставија или не сум видела. Инаку да, се преместуваш сама од операциона сала на кревет со тркалца ама мене тоа полесно ми беше од станувањето на нозе. Уште те држи анестезијата, па не осеќаш никаква болка. Мислам дека бев скроз гола зашто со една спавача влегов со сала, а после во соба бев со друга. Воопшто не е страшна анестезијата не размислувајте за тоа, при операцијата осеќаш само притисок во стомак и влечење, претпоставувам кога го вадат бебето.
Во петокот имав царски, од вчера наваму имам големи отоци во нозете. Дали е нормално ? Во бременоста немав
Мене ме убедуваа дека е нормално, ама верувај не е. Испитај димери, протеини во урина. Сигурно е нешто покачено. Пишував и претходно, мене димерите ми беа во плафон, а претходно немав проблеми. Едвај чекав да ме испуштат од болница и на своја рака испитав се.
И јас ова и пишав во друга тема исто праша... Пуштена е од болница, само 2 дена додека била во болница примала клексани
Јас имав отоци на нозете после царски, 5 дена бев во болница од кои 4 примав клексани. Исто во бременост немав никакви отоци. Докторот и сестрите ми рекоа дека е нормално. Ми спаднаа отоците после недела дена од царскиот.
Ова само за оние кои примале клексани и во бременоста или генерално за сите важи? И дали после тоа ви ја продолжија терапијата со клексани и дома и колку време?
Девојки имам неколку прашања поврзани со царски: 1.Мора ли да купувам гаќи со мрежа за царски или може да си поминам со бабинските? 2.Дали е полесно да си направам целосна депилација пред закажан царски вклучувајќи и интима. Или да го оставам тој дел само концизно среден за да не ме чеша понатака? 3.За државна да земам ли плус спаваќа или ќе ми дадат друга по потреба? 4.Дали има услови да се избањам целосно и коса со оглед на тоа дека може да ме фатат и 5 дена а ќе ми е шубе да излегувам немиена со бебе? 5.Дали во државна има услови да си понесам пумпа за гради за да го забрзам процесот на идење на млеко или да оставам за дома да почнеме?