@Tsukinory 1. Не мора. Можеш бабински 2. Јас имав целосна. Те советувам целосна. 3. Носев моја (на државна во Битола). Дали дозволуваат по другите градови, не знам 4. Услови имаше, но јас коса не избањав. 5. Остави пумпата за дома Со лесно
1. Не мора, мене еден пар ми остана неискористен. Во болница воопшто не облеков гаќи. И онака малку станував. Се ме болеше, што немаше шанси да се наведнувам и гаќи да облекувам. 2. Јас се депилирав целосно, наредна депилација ке ти е најмалку 6 недели по пораѓај. Убаво е да се издепилираш. Пред царски ке те поминат со бикче. 3. Не треба ништо за облекување. Ке ти дадат. 4. Услови имаше, ама јас едвај интима миев. Едвај стоев, ни на крај памет не ми беше да мијам коса. Ке видиш и сама дека ке заборавиш на косата. Чувствував изнемоштеност, умор, ми се вртеше, немаше шанса да мијам коса. Па како што ми е долга да ја сушам, не и не. 5. Понеси си. Може да ти се најде да се одмолзуваш ако ти надојде многу млеко а бебе не исцицува, мене ми дојде уште во болница на втор трет ден. Може да ти помогне за извлекување пупки. Ако е бебе мрзеливо, можеш да пумпаш прво па да го ставиш да цица и да му олесниш додека да надојде млаз. И да, може да помогнеш да надојде млеко. Јас носев три пешкира за џабе. Пумпа не носев. Нареден пат едно пешкирче и пумпа ке носам. Не се бањав а пумпа ке ми се најдеше.
Ти одговориле за другото, јас би ти рекла земи си шампон секако мораш да стануваш, да се движиш и ќе си се тушираш и коса ќе измиеш пред искачање од болница. Јас од кога станав на нозе секој ден се туширав, не знаеш кое олеснување е. Боли, тешко е ама колку повеќе стануваш толку полесно е. Дома веќе се си правев сама. Бабински вршат работа, целосна депилација и јас би земала пумпа. Ако ништо друго колострумот ќе го извадиш и ќе му го дадеш ако не фаќа одма цице.
Мрежата може да ти се најдат ако снемаш од бабинските па додека се исушат како резерва да имаш затоа што првите денови дома лом се правев, 6 пара бабински имав и не можев да постигнам да ги преперам и да се исушат. Ама и не мора мрежести ако ти се трошок. Целосно издепилирај си се да не одиш обрасната после додека пркне бебето. Чаир даваат спаваќи, државна имаат да ти дадат ама не знам колку се услужливи. За бањање, нема да можеш, тешко ќе ти биде, едвај ќе одиш, а и раната ме советуваа една недела да не ја топам. Пумпа нема да ти треба, секако го дохрануваат бебето, не доаѓа толку млеко одма, а и сигурно не би сакала да го испумпаш колострумот наместо да го исцица бебето. Барем мене со двете не ми надојде многу млеко наеднаш па да имам потреба од одмолзување...
Ви благодарам на сите ќе удрам нзс на вашите совети и кога ќе дојде редот да си знам точно што ми одговара. Сепак прв царски незнам како би трпела болка. Косата на крај ке ја свртам во пунџа во право е Мила долга ми е како ќе се тегнам да ја сушам. Се умислив дека систина одам па да излезам исфенирана хахахах За гаќи неможам да дадам 500 ден ќе си земам после памучни дополнително колку ќе ми фалат. Сега имам стари не ги жалам. А пумпата ми е малце зезната не е рачна него електронска ќе треба да сум до штекер и исправена. Се надевам нема да ми надојде толку брзо. По приватните имаат пумпи да те помогнат незнам зошто би немало по државните. Се надевам ќе си потрае процесот и ќе биде стрвничко бебе за на града, најубаво колострумот директно да си го повлече. Ако не ќе пратам абер по мм. Ќе носи што ми треба. Уште само една работа не копка...дали кај трудниците со вишок кг и салце на мев иде потешко закрепнувањето? Има шанси од тежина и гравитација да отворам некој конец?
Не е толку болно да не можеш туш да удриш и коса да измиеш. Јас секој ден се туширав и 2 пати коса миев. Колку повеќе се движиш полесно е. Не се улежувај. Не е лесно, ама стискај заби Депилација целосна обавезно.
Гаќите се најнебитни. Јас купив ама за нареден пат не знам дали би купувала. Јас сум со вишок кг и немав никаков проблем. Од болница излегов со 15 20 кг помалку, само на плазма и јогурт бев.
Се породив пред 5 дена. Денес приметувам мала капка крв од раната на гаќите. Во среда треба конци да ми вадат, не знам дали е нормално, докторите смо викаат супер е раната.
Имаше крв дур беше во болница? Јас еднаш им спомнав крв и не се разбравме за каде, ама одма ми ја погледнаа раната. Да не си ги закачила "копчињата" па да се иритирало нешто?
Не ставаат песок, убаво не исчистија со едно како правосмукалка затоа и помалку крваревме @Butterfly1107 мене не ми ставија клексани, немаше потреба дури и јас се зачудив и звонев и на докторката да ја прашам да не заборавила
Да ти кажам право врска немам што ми правеа, нит видов нит прашав. Од кога го видов не престанав да плачам
Уште сум во болница, они ми ја гледаат раната викаат супер е, ама на мрежастиве гаќи капка крв. Не тече нон стоп ама има малку. Не знам какви копчиња, мене класично ме шиеа. Треба во среда конци да ми вадат се плашам да не боли многу. Плус ништо не даваат да ставам на рана, само туширање и сушење.
Царски не сум имала но ми ваделе конци од операција на јајници искрено не боли ништо страшно ептен малку колку да не е без ич така да не се плаши
Девојки да прашам, дали после царски му излегло на некој хематом гаден темно плав под резот? Многу ме плаши докторката ми вика дека е нормално и само со маст да се мачкам ама пак ми е чудно многу.
Мислам дека Кукла мисли на краевите каде што се конците, такви “копчиња”. Да не ги имаш допрено со гаќи, поткачено некако па затоа да крвари?
Вадењето конци не се осеќа. Од двете страни на раната имаш жолто и црвено "копче". Мене еднаш ми се закачи на гаќите и да не бев внимателна, ептен ќе повлечев јако.
Немам такви "копчиња". Баш класично сум шиена со некој син конец. Докториве од Систина не препорачуваат со ништо да се третира раната, им викам ми тече малку крв што да ставам, ништо само бањај се, нормално е.