Доктор ти кажа дека мора царски? Ако е се во ред, а мора царски, пред 38 нема да те породат. Со тогаш ке качи уште. Ако се до крај износени, и бебе од 2,5 кг и бебе од 4 кг се супер. Килажа зависи од генетика.
Да, и треба да закажеме термин, ама јас некако неодлучна сум. Сакам до краен термин, ама не препорачува докторот. Благодарам на советот и споделеното искуство.
Исто бев и јас, во 39та ми закажаа царски застануваше цели 4 недели плодот, се роди 2640 и фала му на Бога без никакви компликации, еден ден пред царски ја измерија 2810. Немаш причина за паника слушај само доктор
Здраво. Спинална анестезија или целосна? Какви искуства имате? И дали доколку пациентката испаничи со спинална, а интервенцијата е почната, има опција да се успие со целосна? Би ви била многу благодарна ако споделите.
Мислам дека никаде веќе не породуваат со целосна освен ако не се искомплицира. Зошто да испаничиш? Ти додека испаничиш бебето ќе го извадат, буквално за 5 мин го вадат. После додека го средат и го сликаат тебе ќе те затворат и готово. Ништо страшно. Ќе се возбудиш нормално бебе ти се раѓа ама ќе си мислиш на убави работи. Ехее, после колку има за паничење ама мораш да бидеш присебна.
Јас двапати бев спинал . Првиот пат ме боцнаа од трет пат, дека сум екс спортист потешко беше, а вториот пат мин 7-8 пати ме утепа една неписмена од боцкање и не успеа. Среќа сум психички мн јака па не ми се слоши. Од државна дојдена постара и со искуство. Дојде др анестезиолог и ме погоди од прва. И иако немав ок искуство вториот пат никад целосна не би одела. Незз дал е возможно да смени тогаш, ама јас не сакам да ме успиваат целосно воошто. Ама тоа сум јас. Еве Бубале има искуство со три царски, нека каже. Само не можам да ја тагнам
Јас сум била со целосна за друга операција, не можев да си дојдам при себе до утредента. Многу лошо ми беше, повраќав, ме носеа до вц зашто не можев сама да одам, ужас. За царскиот бев со епидурална зашто требаше прво природно да бидам, царскиот испадна во последен момент ама нема споредба. Исто како да не сум била под анестезија.
Фала ви многу девојки. Прво искуство ми е и затоа сум малку уплашена. Деновиве и не можам да заспијам од што мислам на тоа, а нема опција за да се проба природно. Сеуште немам термин закажано, ама веќе сум 38ма, па кај и да е, ќе треба.
Спинална.. дефинитивно. Пред сѐ - буден си, тука си, ќе си го видиш бебето, мозокот ти е буден. Избегнуваш интубација ... Инаку - да. Успеваат и на сред операција со спинална ако има потреба. Од искуство на блиска другарка.
@LadyC кој анестезиолог ти се погоди жити се толку мн да те боцка? Ќе ги направам партали така да ми се случи.
Може,јас сум така породена пред 4год. Почнавме со спинална а завршив со целосна и немав никакви проблеми.
Ќути, ми се извини отпосле докторката моја, нова била, ама не знам колку пати ме боцна, ми се слоши, па ме боцнаа адреналин изгледа, не сум стручна, ама одма ме дигна. Али пак ќе кажам, жената беше возрасна, демек искусна ќе кажеш, ама толку лошо искуство здравје. Инаку целиот процес успешен.
Женички едно прашање имам а поубаво овдека да си испаднам проста место да ми смеат во болница...Со царски бебето се вади преку стомак и се чисти после матката од постелката крв и се што е внатре. Ме интересира со закажан царски како ќе се отвори и исчисти и цервиксот со мукусниот чеп? Читав дека го отварале рачно ама постои така опасност од инфекција. А ако го остават природно а не се отвори убаво па нема да има дренажа на крвта може да се собере во матката и истата да не се намали. Знам дека сум малце графички досадна со деталите ама би сакала да знам каков е процесот кај нас во државните болници и општо?
Кај ти текна на ова? Ќе се исчистиш сама не се секирај, ако се собере крв во матка ќе знаат докторите без разлика државно/природно.
Не знам за ова да ти кажам затоа што првиот царски беше итен со претходен обид за спонтано породување, маста ми ја извадија, а вториов ми пукна водењак, чеп ми падна дома.
Царски бев на 30.09,после тоа постоперативно примав клексани од коа ме пуштија дома 10,проверив ди димерите ми се 670. Дали имам место за паника, ќе звонам утре кај матичната денес не крена па реков да се консултирам тука.