Ќе биде се во ред само батали средување дома и онака никогаш не може да биде средено со малите Лежи и одмарај
Кога ќе се породиш ќе праиме муабет колку ќе ти биде средено. Маж ми сериозно размислува жена да викнел да чисти Колку ќе ти бидат разлика? Моиве се 2 години и 4 месеци исто итен царски па царски после пукнат водењак За линеа негра, сега ја барате, после ќе прашувате кога ќе ја снема
Моите ќе бидат разлика 14 месеци Се надевам дека се ќе заврши како што треба. Да се живи и здрави сите, да истераме како што треба. Линеа негра несум имала во првата бременост, не ја имам ни сега, се надевам дека нема да се појави
Ништо ќе се тешиме овде, ќе ти збориме дека можеш, дека не си за во Бардовци Чувај се и користи помош колку можеш повеќе. И јас не ја сакам линеа негра
Каква помош бе душо.. Понекогаш се осеќам како самохрана мајка, прости ми Боже. Сами живееме далеку од сите. Не доаѓа никој на помош. Ако де лажете ме вие дека се е розево
Јас на маж ми стално му го праам муабетов за самохрана мајка Не, шала на страна, има денови кога ептен ме фаќа депресија и ги жалам децата што заглавиле со нас двајца
Здраво, да ве прашам вас поискусните, после колку време е препорачливо по породување со царски рез, повторна бременост? И дали има врска времето поминато од царскиот рез до следната бременост во однос на тоа дали доколку нема индикација, може следен пат да се породиме природно? Благодарам феминки.
Јас можам да кажам дека лесно поминав со опоравувањето. Утредента после царскиот до 12 саати два пати станав со помош, ми извадија катетер, се истуширав и до вечерта сама станував. Од следниот ден скоро цело време бев на нога и се терав сама да станувам и да се движам. Да, боли на почеток, ама кога се раздвижуваш одма е подобро. Кога дојдов дома веќе функционирав нормално, за после 8-10 дена да бидам како воопшто да не сум оперирана. Немам болки ниту потешкотии. Посакувам на сите лесен опоравак како мојот и упорност првите денови во болница за станување и движење пошто тоа најмногу придонесува за лесно оздравување
Останав бремена кога син ми имаше 9 месеци. Ризик има и постои. Гледаше докторката каде е поставен плодот дали е во близина на резот. Кај мене беше поставен подоле и не преставуваше проблем. Затоа најдобро во консултација со гинеколог. Доколку е мала разлика како кај мене не препорачуваат природно. Опоравувањето беше исто како и првиот царски,болеше станувањето додека бев на болница. А после 5 дена дома го кревам син ми кој има скоро 13кг. Работам се низ дома сама.
Да прашам тие што сте биле на закажан царски во чаир и примени претходниот ден пред царскиот на патолошка,дали носевте нешто вода сокче или за јадење,не знам дали воопшто дозволуваат пред царскиот
8 саати минимум пред царски не смееш ни да јадеш, ни да пиеш, ништо. Мене ми рекоа 12 саати да бидам гладна и жедна.
Od edniot do drugiot poragaj treba da ima dve god pominato za da mozes prirodno da se poragas so vtoro dete
После колку време од царскиот рез можевте да спиете на стомак? Би си легнала во таа положба, ама ми е страв да не си направам проблем, па реков да си се исконсултирам со феминките.
Ако не те боли на страна кога ке легнеш нема да те боли ни на стомак да легнеш. Нема што проблем да се направи јас спијам на стомак дома само што си дојдов,но не дојам. Е ако доиш не ти препорачувам