Не сум запознаена за детали околу инвитро, стварно не знам, само пренесов што одговорија на предавањето. Секако докторите знаат најдобро.
Породена сум со царски пред 3 недели, сега на бањање на син ми ја подигнав кофата полна беше ме здоболе кај раната... Нели по царски треба да се пазиме да не дигаме тешко, сега ептен ми е шубе да не си направив проблем ... Вие се пазите ли???
Јас така се насанкав вчера. Го повлеков креветот и денеска цел ден ме боли стомакот. Сама се суредив А се пазам цело време, нит дигам нешто, нит се напрегам.
Na svoja raka staviv vaginaleta kanesten posle 35 dena od carski I mnogu me pece vnatre. Da ne napraviv belja,a imam belo pranje gleam.
Да не си се гребнала кога си ја ставала вагиналетата? Обично ако имаш кандида знае да запече внатре ама па после 3 таблети поминува
Ми треба помош.Породена на 02.11 пред 5 дена.од вчера почнав да осекам мн печење при мочање и коа ке осетам напон за момочање.Нормлно ли е?
Не сум изгребана,страшно многу ме печеше дури болеше некои 15мин. Не сум имала никогаш кандида, не знам дали е нормално да пече. Па ми текна и дали смеам да ги ставам дури дојам?
Не се пазам. Сама бањам две деца,истурам вода. Дигам дете од 13 кг и се низ дома работам. Фала богу во ред сум. 5 недели после порајѓај
Смееш да користиш не продира низ млекото,али бидејќи доиш имунитетот паѓа повеќе си подложна на инфекции пиј повеќе јогурт и земи витамини пиј чисто да си го кренеш имунитетот
Треба да се пази не дека не али ако мислиш за кила дали би фатила што се вика и да кивнеш можеш да фатиш...јас цело време легенот со вода за бањање го кревав и еве здрава права сум
Поминаа два и пол месеци од царскиот , сега почнав да осеќам некоја блага болка под папок, повеќе на допир. Не знам, дали дека до скоро ништо не осеќав како отрпнат ми беше во тој дел па сега е нормално нешто вака ?
Не е задолжителен, но 3 жени што ги познавам со ин витро се породија со царски во 37-38ма недела по нивна иницијатива. Сакам да ја напишам причината, се надевам нема некоја погрешно да ме сфати. Според нив, со години се мачеле, чекале, терапии, болници и едвај забремениле, бременоста ја носеле со страв и за секој случај од страв дали природниот пораѓај ќе испадне како што треба оделе на царски. Значи се е до психата и колку си спремна. Во таква ситуација и можна паника скроз ги разбирам.
Јас сум инвитро и цела бременост се спремав за природен пораѓај, меѓутоа на последниот преглед докторот според мерките на бебе и мала карлица кај мене, рече дека веројатно царски ќе биде. Мислам дека сепак е одлука на докторот, но не ја исклучувам опцијата дека и трудниците сами бараат царски
Од докторот зависи пред се, но во случаите што ги напишав знам дека беше по иницијатива на жените. Последната што се породи 10+ години се обидуваа и знам дека збореа последна шанса им било ова (не знам како оди процедурата, непријатно ми беше да прашувам, па затоа и не знам да ви објаснам) и само чекаа да влезе во 9ти.
Па докторите самиот процес го гледаат како ризичен, мислам дека и поради тоа влечат накај царски. Јас искрено сум преплашена од царски, овде читам секакви искуства, незнам што да очекувам
Јас се истурив од плачење кога ми рекоа за некој саат те носиме во сала, ѕвонев на маж ми како мало дете му плачев дека не сакам царски, као мислиш ќе дојде и ќе ме спаси Кога ми ја донесоа цимерката природно породена сфатив колку ми е тешко. Првиот ден не осеќав ништо посебно, вториот онака малку станувањето и од третиот ден гајле немав. Ама кога ја гледав како си станува, се движи, си го држи детето... Мене идењето до вц процедура ми беше. Сега 6 месеци по пораѓај како да не сум раѓала. Немој да се секираш, се ќе помине како што треба. Со лесно.