Верувај многу е индивидуално. Но само на првото станување ке си викаш е тоа е се стори со мене,како ке се опоравам,како дете ке гледам...навистина ке ти изгледа дека нема да се опоравиш. И после следното станување ке фатиш ритам на одење поднавалена со ситни чекори,па ке сакаш да станеш бебе да видиш и толку ке попуштат болките.
Изгледа не се разбравме, јас мислев на породилните болки. Боли и после царски ама ништо не се споредува со породилните. А после царскиот најмногу ме болеше стомакот кога ми доаѓаа гасови, а имав многу. Па ме болеше кога требаше скроз да се исправам или не дај боже да кивнеш/да се накашлаш Ама пак, колку почесто стануваш толку полесно е.
И јас се пријавувам за болки и царски. Ехеее и напони и провокации се комплет. Кога ми го донесоа бебето одма ме одболи се
Јас исто такс имам позитивно искуство - не само од опоравувањето туку од се - од влез во сала до одење дома. Знаев што дс очекувам и психички бев спремна, а излезе подобро од што мислев. Да - кога ме станаа првиот пат ѕвезди броев и сакав да викам на цел глас.. наместо тоа дишев полека и длабоко и одеднаш станав. Вториот пат слично, третиот веќе сама. После скоро и да не седнав. Дома си отидов на нога, следниот ден ручек правев, после 4 недели ко да не сум оперирана. Никакви болки, никакви потешкотии. Сега сме 40 дена, стомак вратен во нормала, тежина ко пред да останам трудна (а се поправив 16 кила). Без страв, најмногу од вас (и од бебето) зависи како ќе се опоравите бидете силни
И јас имам скроз позитивно искуство со втор царски. Првиот пораѓај ми беше скоро па хорор,почнав природно а завршив со царски,со целосна анестезија. И затоа сега за второто се одлучив директно на царски. Поминав одлично. Цела операција помина во разговор и смеење. Станав после 5-6 саати а веќе од наредниот ден беше полесно. Еве веќе сме 3 недели и скоро па немам никакви болки,дома се си работам ама и внимавам да не претерам.
Како тазе породена, и јас имам позитивно искуство. Мене потешка ми беше неизвесноста и стравот од непознатото, како и непреспиените ноќи (две дома и една пред закажаниот царски рез во болница).А, од оваа гледна точка за следна бременост и доколку нема индикација, не знам дали воопшто би пробала природно. Ако имаш некое прашање плус, слободно пиши ми.
Како ви беше опоравувањето после втор, па и трет царски во споредба со првиот? Дали ве сечат пак на истата рана и колку време чекавте пред пак да почнете бременост? Моето искуство со царски генерално беше супер со оглед на тоа што планирав природен порагај а завршив на итен царски. Не знаев што да очекувам ниту пак имав прочитано нешто за царски, немав поима што ме чека а немав ни простор за да размислувам. И еве сега кога се навраќам на периодот по царскиот болките воопшто не ги памтам, не беа ни некои големи болки.. поголема болка ми беше што се движев свиткана, што неможев сама да си ги извршувам домашните обврски и мислата дека никогаш нема да бидам како пред царскиот, што беше тотално погрешно затоа што после 1 месец бев како нова Е сега ме мачи помислата како би било пак да минувам низ сето тоа
Дали ве пече раната понекогаш? Не зборам за ептен да пече како после пораѓај, него на периоди од едната па од другата страна ме пече, трае по 1мин па поминува. Дали тоа значи дека сеуште зараснува? Инаку има 5 месеци откако сум породена.
Со докторката немам некое особено искуство Случајно се погоди да влезе кога правев цтг и прва примети дека нешто не е во ред Никогаш нема да го заборавам нејзиниот поглед полн со емпатија, затоа и некако стекнав доверба во неа Само после неколку часа асистираше при порагајот Се помина во најдобар ред, раната зарасна брзо и лесно
Каде не ти дозволија да се породиш природно со карлично бебе? Моето е свртено карлично и сум веќе 39та недела и ми кажаа дека има поголема глава мислам декс ни јас не би прифатила природно со оглед на големите ризиците.