Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Си ги искусила и двете, па можеш да споредиш. Јас со царски бев и искрено не ми беше толку тешко после операција. Имав моменти кога ме болеше ама откако дојдов дома дека сами со мм, цело време фокусирана на бебето ич не си обрнував внимание. Осетив породилни болки и плус да раѓам карлично бебе знаејќи ги ризиците, мене би ми било страв.
     
    На Brpbrp, fana, Butterfly1107 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Krofna*

    Krofna* Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    2.330
    Пол:
    Женски
    Јас искрено цел ден ги читам твоите коментари и искрено во сите истата реченица ја кажуваш дека лошо си поминала. Во ред го почитувам тоа и капа ти симнувам меѓутоа да не се разбереме погрешно малце да помислиш и на наредните што треба да се правиме, ок спомна еднаш, двапати, трипати и толку... ова мислам секој коментар веќе смисла нема
    Извини, што пишав вака ама некако ептен ми дојде :|
     
    На fana и Moce19 им се допаѓа ова.
  3. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Прескокни ме, не ме читај :D Нека не те плаши тоа, секој различно си поминува. Царскиот никогаш не сум го сакала, па поради тоа додатно ми беше потешко. Пред пораѓај, сите околу мене што поминале низ тоа, ме тешеа дека супер поминале, дека е подобро... Секој со своето искуство и среќа. Ти посакувам лесно да си поминеш и уште побрзо са се опоравиш.
    Инаку, кога некој пошто - пото инсистира на царски, многу килавење ми е тоа, ко да ниедна жена на светов се нема породено и ко е невозможно нешто, па ајде, царски, нема други опции.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kolors

    Kolors Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2020
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Кој сака намерно да оди на царски да биде свесен додека му отвараат абдомен? Ниедна жена! Јас се молев бебето да ми се сврти несакаше си остана во таа позиција од 24та недела. И јас познавам позитивно решени случаи каде што мајка и дете се намачиле со карлично каде што докторот си играл Господ па ајде ќе ризикува, а ризици има повеќе на бебето да му се случи нешто. И не е во ред мислењето каде што жените што се породиле царски се карактеризирани како да се килават доволен е моментот што таа жена го износела тоа дете 9 месеци. Ве молам со предрасудиве дека тие со царски не се доволно силни жени секојс си се плаши за своето бебе.
     
    На Broki5, merina.93, Krofna* и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Чисто информативно - кај карлична презентација има повеќе варијанти. Некои се посигурни доколку породувањето е природно (бебе излегува со газот), некои се посигурни доколку породувањето е царски (нозе надолу, нозе скрстени, некомплетна позиција со нозе надолу - една нога надолу, една нагоре). Ова статистички. Да не навлегуваме дека секое породување си носи свој ризик.

    Прва препорака е да се направи рачно вртење на бебето за да дојде со главата надолу и да се пукне водењакот (за да не може веќе да се врти). Ако не, се гледа од ехо позицијата и се одлучува дали да се оди природно или царски.

    Проблемот со нозете надолу е што можат да излезат и кога грлото не е комплетно отворено, па да се случи проблем (да заглави бебето) кога ќе дојде на ред главата да излезе (како најголема од сите делови на телото на бебето). Додека кога е бебето со газот, е полесно бидејќи газот излегува и после излегуваат грбот и нозете заедно (свиткано е бебето).
     
    На Butterfly1107, Yowannty, Fatalnata и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.644
    Пол:
    Женски
    Син ми кога се роди коленцата му беа буквално до пазуви странично. Ко П буквата му стоеа. Цело време беше карлично, не сум сигурна во која варијанта. Али кога го видов душиче какво беше и во главчето дури отечено што удирало во ребрата, уште 100 пати нека ми отвараат абдомен.

    Во мојот случај јас настојував да одиме со царски. Инаку сум голема жена и докторката на неколку наврати ми спомна за природен пород...со муабет ќе го родиш за секунда. Кога го извади и го виде ми рече да пробавме природно ќе го видеше Господ. Плашливка сум по природа ама да не беше карлично ќе одев природно. Меѓутоа инстинктот ми велеше за царски и не ме излажа.
     
    На Mi LeNa ^^^, Butterfly1107, fana и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Kolors

    Kolors Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2020
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    ДО МАЈКАТА КОЈА ИМАШЕ ЦАРСКИ РЕЗ:

    Твоето тело не те изневери

    Ова не беше „полесниот“ начин

    Независно дали беше дел од твојот план или е одлука направена во последен момент

    Невозможно е да се подготвиш за моментот кога ќе бидеш одвезена во количка во операционата сала

    Ја совлада нервозата

    Беше храбра

    Си дозволи себеси да бидеш ранлива

    Го надвладеа стравот

    Го роди твоето дете


    Го почувствува слаткото олеснување од ТОЈ плач на новороденче

    За конечно да ја запознаеш мала душичка која ја чекаше

    За да станеш мајка

    Го имаш твоето бебе безбедно во твојата прегратка

    Ќе ти треба време и простор за да заздравиш

    Па, биди трпелива кон себе

    Додека го запознаваш твоето ново бебе, ќе го запознаеш и твоето променето тело

    Можеби ќе се чувствуваш надвладеано на почетокот, но секој ден ти се менуваш

    И кога ќе ја видиш твојата лузна, запомни:

    Тоа беше врата кон животот

    А ти си воин

    Го можеш ти ова.
     
    На talentirana, Hannah$$$, K7M10J и 18 други им се допаѓа ова.
  8. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.537
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Женски
    Кога почнавте да мачкате крема на лузната и која?
    Мене раната ми е зарасната, ама уште е црвена линија. Да почнам уште сега или да чекам да избели линијата?
     
  9. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.261
    Допаѓања:
    118.955
    Пол:
    Женски
    Не мачкав ништо.
    Имам тенка линија побела за нијанса од мојот тен на кожа.
    Точно три години се поминати, ама одамна мк е вака бела.
    Не се секирај, ќе избледи :)
     
    На Izzy_0504 и Frosty! им се допаѓа ова.
  10. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.644
    Пол:
    Женски
    Ако ептен сакаш ќе мора веднаш да почнеш. Јас почнав после месец со Контрактубекс и гинекологот ми рече доцна е веќе, требало веднаш после операција.
     
  11. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Па нели не смее да се мачка со Контратубекс додека не заздрави комплетно раната додека не биде мазна без корупки дури тогаш...нема ефект контратубексот толку искрено мене после пораѓај ми се појавија стрии по нозете со маслово од еуцерин почнаа да избледуваат и да не се познаваат
     
  12. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.644
    Пол:
    Женски
    Па и јас мислам нема ама тогаш некако во бунило и не ни размислував, а исто масло што помага доста, тие што сакаат да користат е она Theresienoil, доцна ми текна.
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.537
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Женски
    Месец ипол е поминато. Ќе си чекам да ми избледи, да не шлакам ако секако ефектот е тој и природно. Фала ви :)
     
    На fana и Frosty! им се допаѓа ова.
  14. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Јас инсистирав царски,14 саати ме чекаа да се отворам, не се отварав, јаки болки имав, во Струшката болница царски ти прават операција со целосна анестезија и од страв да не не фати анестезијата, не те оставаат ни капка вода да се напиеш, ни залче леб да каснеш. 14 саати жена со породилни болки, без капка вода, треба да има сила да напнува да роди дете природно? Која ми беше друга опција? Дајте ви се молам со овие коментари, да сме негде по Германија, Шведска, Швајцарија кај што доктор/сестри ќе се трудат да ти помогнат да се отвориш, кај што имаш алтернативи за епидурална и сите други салтанати, да, ама правиме муабет за македонско здравство, не ме оставаа да станам од кревет 5 саати, врзана за апаратот, со каиши за ЦТГ, телефонот несмее да е во тебе, ни телевизор во соба ни ништо и ќе те породеле природно. Да зјапаш во бел ѕид и да лежиш сосем сама со болки, а несмееш да мрднеш за да не го изместиш ЦТГ-то.
    Оди ти се молам, секој има различен праг на толеранција на болка, кај некоја стравот од природно породување е голем, докторката на снаа ми и препорача чим има толкав страв поубаво и е царски, отколку на сред пораѓај да и се направат компликации.
    Јас лежечки болките неможев да ги поднесам, барав да се движам за да се отворам, ми викаа "абе па ти, ако се отвараш ќе се отвориш и дур спиеш".
    Дно.
     
    На Kolors, Snowflake92, Brpbrp и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам јас од страв ништо не мачкав на раната, еве ја после 1 година и 8 месеци, скоро и да не се приметува линијата, ептен малку се гледа дека имам.
    Ама млекото за тело од Кам на Биокура со бадем е убаво да го користиш, јас цела бременост го мачкав стомакот и сега после секое бањање се мачкам, стриите што ми се појавија мали беа, се повлекоа, ништо немам веќе.
     
    На Izzy_0504 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Со сила убавина не бива затоа повеќето се пораѓаат во приватни кај нас бидејќи имаш избор за епидурал и други работи државно маста ќе ти ја извадат што не е во ред не секој има пари да се пораѓа приватно али не значи дека тие што се државно треба да патат зошто нив ги мрзи да работат се може полесно да се заврши ама они го тупат ептен башка што се неписмени
     
    На Nevenche26 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.644
    Пол:
    Женски
    Од тоа што успеав да разберам додека лежев на ГАК е дека некому се правдаат за секој царски. Зошто не знам. Јас бев со врски, докторката што ме пораѓаше пријателка е на моите и пак настојуваше за природно. Само ми повторуваше ќе ме утепаат ради тебе.
     
    На Nevenche26 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Најверојатно не се толку стручни за операции можеби и ризиците им се поголеми кој ги знае али не е убаво во секој случај. Сакаат да се зголеми наталитетот а една жена кога ќе преживее хорор нема да и текне на второ
     
  19. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    За царски мора да има причина. Докторот мора да оправда зошто се одлучил за царски. Без добра причина, може да одговара.
     
  20. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Да за тоа одговара,а за не дај боже лошо да се случи што ќе каже дека она си дошла во лоша состојба како и за повеќето...како им одговара така прават
     
    На Nevenche26 му/ѝ се допаѓа ова.