По приватните не е така, мене ме породија царски на мене ми кажаа една причина дека е за да идеме царски а во отпусното писмо сосема друго.
Едно прашање, ГАК доколку се изјасниш дека сакаш царски од свои причини може да ти речат неможе? Јас размислувам за царски поради Ковид ситуацијава, барем знам тест ке ми направат, ке ме примат и ке знам кој ке ме пораѓа.
На државно без врски не може. Да отидеш и сама да кажеш дека сакаш царски без индикации ке ти кажат дека они се доктори а не ти. На приватно може.
Инаку за искусен доктор, царскиот е чиста рутина. Е па баш тоа, ти пишале друга причина во отпусната листа, за да имаат оправдување. Штом не ја пишале вистинската причина, значи не било оправдано.
Мене мојот доктор ми рече-царски мене ми е најлесно, за саат време е се завршено. Природното породување бара и време и поголема умешност.
Мора да се правдаат зошто претераа. Докторите зафатот "царски рез" го "злоупотребуваат" зошто земаат повеќе пари од царски одколку од природен пораѓај. Им се рачуна како операција и значи поголема платичка.
Да, за мене пишаа дека сум имала висок притисок наводно, што врска нема. Несмеат да напишат "никој не ја погледна, тешко се отвараше, а нас баш не заболе, ќе си лапнеме паричка од царски".
Дојди во Струшкава болница, ама ни секунда нема да размислат за да ти речат неможе. 95 % од жениве што ги знам се царски породени. Другите 5 % се некои што отишле веќе отворени ептен или што им се погодил докторот (2ца се такви што не напнуваат за царскиви двајцата пред пензија).
@Frosty! мора да се правдаат затоа што е болница а не касапница. Се знае како се раѓа дете, ако треба да го извадат на друг начин, треба да кажат зошто. Лична желба на пациентка не е оправдување. Кога вади доктор слепо црево, го вади ли затоа што пациентот сака или затоа што е воспалено?
Не, јас отидов со пукнат водењак и 3 прста отворена, после ехото рекоа за царски побезбедно е на мене ми кажаа едно, на отпусната друго.
Јас те разбирам. Ама бебето ми беше карлично поставено. Кажав и претходно дека ради моја крупнока се настојуваше на природен пораѓај и откако излезе малиот имаше коментар дека ќе сум го видела Господ природно. Можеби не е во ред елективен царски ама и изигравање Господ и толку амбициозност дека они се можат природно да извадат нема потреба.
Мене ми рече тесна карлица бебето е големо нема да помине ќе заглави 3700 го измерија а се роди 3110, јас за два часа се отворив 7 прста а во отпусното е пишано ненапредување на акушерски наод, ако 7 прста отварање за 2 часа од пукнат водењак не е напредок тогаш не знам што е
Конците од царски, што им се прави и кој тоа прави? Пошто од сите страни штркнаа, а кога ги прашав драгите доктори на ГАК за контрола и конци, на искачање од таму ми рекоа само...со матичната за 4-6 недели.
Касапница, тоа само имам да кажам. Страшно, по ова што го кажуваш си можела природно да родиш како од шала. Жени со часови не се отвараат па им даваат шанса а тебе те ставиле на операционен стол за пари.