Ана тоа со прстите не бега како за природно така и за царски Барем два пати и да си кандидат за царски ќе ти брцаат прсти,те сестра,те доктор и.т.н
За царски, ако имаш од старт индикации или така си се договорила, нема ниту еднаш да те проверат колку прсти си отворена, зошто тоа не им е воопшто битно.
Јас раѓав двапати со царски рез. И првиот и вториот пат ме проверуваа колку прсти сум отворена. Е сега, јас и првиот и вториот пат имав силни контракции, можеби затоа докторката проверуваше.Јас дури и ја замолив да не проверува, бидејќи тоа ми беше поболно од било што друго, а таа рече дека мора да го направи тој преглед.Се додека бебето е во карличната шуплина, може да се направи царски рез, но ако родилката е отворена повеќе од 5 прсти, може бебето да влезе во родилниот канал и да мора да се раѓа природно. Некако логично ми е да не проверуваат само доколку родилката оди на договорен датум за правење царски рез, бидејќи тогаш нема контаркции-нема отварање.
За тој момент зборев Со индикации за царски од старт (како мене пример, карлично поставено големо бебе или други причини) генерално не чекаат да се добијат контракции баш заради тој момент - да не влезе бебето во родилниот канал па да има компликации. Јас не осетив ниту една контракција, појма немам како изгледаат, директно легнав на маса
Тенка работа Сноу, ама ти па прашај си, може ќе се најде некој со искуство па подобредојдено ќе ти биде него ли анестезиологот кој само става, а не осетил на своја кожа
Женски , незнаев кај да пишам мислам дека оваа тема е најсоодветна... Значи последнава недела ужасно ме боли кичма, баш на тие места кај што ми е ставена анестезијата го осеќам многу убаво местото каде што ми е убодот, ме боли, посебно коа станувам од спиење коа стојам, или седам подолго, незнам што да правам, дали ќе помине со тек на време или па треба да превземам нешто ?? Сте имале ваков проблем?
И двете! Коа пробував за природно епидурална ми ставија ама не успеав да се породам и на царски ми ставија спинална
За спинална можам да ти кажам од лично искуство, два пати раѓав со спинална. Првиот пат, после две недели од раѓањето почувствував силна болка во кичмата, дури неможев цел ден од кревет да станам.Болката беше слична како кога нерв ќе се приклешти меѓу пршлените. Подоцна, чувствував тапи болки,слични на менструални, само при промена на времето. Вториот пат, со спинална, воопшто не чувствував болка во кичмата, но затоа пак третиот ден од породувањето имав страшна главоболка, како последица од анестезијата. Траеше два-три дена и толку. Секако и првиот и вториот пат, бев предупредена од анестезиологот за последиците од анестезијата, ама ја прифатив,од неколку причини: на прво место чувството кога ќе го слушнеш првиот плач и веднаш ќе го видиш бебето, потоа го нема лошото будење со црево во грло од општата анестезија, не си мамурен и зашамутен цел ден и можеби најпресудниот фактор, имав страшно лошо искуство со општа анестезија при операција од слепото црево. Е сега, можеби ти чувствуваш повеќе болка во кичмата бидејќи си имала и епидурал плус. Колку што сум запознаена, цело време имаш игла во кичмата низ која тече епидуралот како инфузија, за разлика од спиналната каде што убодот е моментален. Доколку интензивните болки ти продолжат, не е лошо да се исконсултираш со анестезиологот што ти бил на царскиот рез.
Ах Ана јас сум бетер. Сите маки си ги собрав. Главоболки имав првите 20 дена напад на страшна мигрена, неможев ни да гледам на светло, па морав Кетонал да пијам и покрај тоа што доев. За кичмата да не праам муабет. Денес баш и се жалев на другарка. Четири месеци и фазла поминаа од пораѓајот јас неможам садови да перам подолго од 3 минути. Све на рати работам. Ме убива кичмата буквално, а никогаш во живот не сум знаела како е кичма да те боли
ги прочитав сите искуства и по цели вечери сонувам само пораѓање,касапење,болки мене на постелката ми открија дека е исфрлана со инфекција на к... калциди...калтиди така некако беше ... и ми рекоа дека доколку се прошири над 50 % до крајот на бременоста и раѓам природно постои ризик бебушот да остане без кислород и да се задуши паа сакав да прашам во која недела се пораѓавте со царски рез некако матичниот не сака да разговара на таа тема секогаш вели има време а еве јас 36та недела ... се плашам да не се отворам и да не биде нешто со бебушот ... и како оди процедура на закажан царски рез...
Не знам сега дали станува збор за истата работа ама секоја постелка зрее, се калцифицира, не е тоа инфекција само има стадиуми, 1 , 2, 3 до кај 40 недела треба да е во стадиум 3 односно околу 60-70% е калцифицирана постелката (плацентата, мислам дека станува збор за истата работа). Во 36 недела треба да си веќе во стадиум 2 односно калцификација на 40-50% од постелката, мислам дека нема потреба од загриженост а уште помалку потреба од царски рез, сосема ти е нормална состојбата. Проблеми настануваат само ако послтелката прерано почнува да се калцифицира а со тоа се оневозможува хранењето на плодот ама тие се многу ретки случаеви обично станува збор за трудници со предходни хронични заболување како дијабетис, хипертензија, автоимуни болести итн.
ух,,,се изначитав ваши искуства...и сега сум навистина збунета...јас веќе сум на почеток на 9-ти месец..денес бев на контрола,,,бебето е со газето долу,,таква поза има уште од самиот почеток...се нема поместено ни малку...пред тоа мислев природно да се пораѓам иако умирам од страв,,не знам како ќе ги познаам болките,,,како ќе се отворам долу,,,дали ќе можам да стигнам до болница,,,итн,,,,со ред прашалници во главата....му кажав на матичниот дека мие страв,,,вика не се секирај,,ако сакаш може и со царски,,,ех одма ќе го средиме тоа,без гајле....после тоа беше прегледот...ме виде на ехо и гледаме бебето е со газето долу....има место,простор,,но не се врти...исто ми рече плацентата е позрела,,со бели точки,,исто и плодовта вода имала малку бели точки,,што треба тоа да значи?...дали ќе мора царски рез?...ве молам искусните дајте ми совет,,,сега ми рече по 2 недели наредна контрола,да видиме што че биде,,и ако треба да закажиме за царски...многу мие страв од целата ситуација...
ситуацијава е како при природен пораѓај сано со шиење и сечење! кога паѓаат конците од шиење (внатрешен дел- почеток на вагина), и како изгледаат.... видови конци-за операција-мала интервенција? се крвари ли при нивно паѓање..???? како да се негува сечено-шијаното место?? може ли да пукнат?
Драги феминки, моѓе ли некоја да м каже после колку време од царскиот рез и помина крварењето.кај мене еве поминаа 40 дена но уште крварам
Јас крварев 46 дена , потоа престана една недела бев чиста и потоа пак почна Мислев дека сум добила и за да бидам сигурна отидов на гинеколог Ме виде на ехо и ми рече дека е хормонско пореметување ,зошто немав болки ми рече да почекам 7 дена ако не престане ќе примав витаминска терапија ( инекции) Но точно 7 дена траеше и после 6 месеци добив Ако имаш болки правец на гинеколог ако не почекај уште една недела па оди
Додека се испразни матката ќе крвариш. Јас крварев точно 5 недели.. една недела не крварев и мислев дека конечно престана. 7та недела ме пресече стомакот и почна многу да ме боли операцијата и почнав пак да крварам. Отидов на гинеколог и ми рекоа дека сум добила иако го доев бебето. Од тогаш добивам редовно секој месец по 7 дена обилни крварења... доброто е што менструалните болки конечно завршија!
Би сакала и јас да го споделам моето искуство со сите оние мами кои ги чека царски рез. Беше пред 5 години во приватна болница.Јас одамна знаев дека ќе се породам на тој начин бидејќи цела бременост мојата принцеза беше карлично поставена,седеше како во фотеља.Е,не ќе се замара,ќе дуби на глава Но сепак не го договаравме терминот туку сакавме да си дојде спонтано односно кога ќе ме фатат болки,тогаш да се оди на царски.Но на некои 10 дена пред крајниот термин почна побрзо да ми созрева постелката и докторот реши на точно 1 недела пред термин да ме породи.Едноставно се беше во ред и немаше причина да се чека веќе.Ми ставија спинална анестезија (која воопшто не ја осетив,какво болење,везе нема),причекаа некое време да делува и почнаа.Се чувствува дека нешто ти се случува на стомакот но апсолутно ништо болно не осеќаш.Анестезиологот ти седи до глава и цело време ми праеше некои општи муабети за да ти го одвлече вниманието.За многу кратко време ја слушнав најубавата песна од плачот на мојата принцеза.Тоа е дефинитивно најволшебниот момент во животот.Не постојат никакви дипломи и признанија кои можат да се мерат со величината на тој момент.Потоа,додека педијатарот си ја мереше и средуваше куклата,мене ми ја извадија постелката,ме сошија и се заврши.Бебето го однесоа кај другите бебуши а јас на интензивна нега додека скрос не ме пушти анестезијата.Се породив во 9:30ч а во соба ме префрлија некаде попладнето и одма си ја видов бебушка.Раната првите денови боли но издржливо,како било која друга рана од операција.Најтешко е кашлање и смеење.Утредента станав на нозе иако беше многу тешко и мачно.Но следните станувања веќе се се полесни и полесни па и си се туширав сама и си шетав.Кога си дојдовме од болница (по 5дена) веќе се правев сама,буквално све можев сама да си правам.Според мене царски е навистина царски!Така да никој да не се плаши.Кога ќе добиеш резултатот во прегратка,се лошо забораваш