Во кој момент потпиша? Јас и операција правев пред 1 год, согласност за одговорност не сум потпишувала.
Чудно, да е итен царски е едно, ама со договорен царски би требало да потпишете согласност. Не е ни битно, дискутираме. Ама едни потпишуваат, други не. Во извештајот како ви стои, зошто царски?
Царски знам дека се потпишува, ама ако немаш време баш баш, не ти даваат формулари. Зборувам од аспект на тоа ако си бил со болки и провокации, или пак за итен царски, немаш баш време. А инаку би требало да се потпише. Јас тука потпишував формулари со сѐ.. слики прикажани, па објаснето што е царскиот рез, сите ризици и т.н. Значи има царски што жени не го осеќаат, како што има жени кои природно поминале потешко. Секое породување само по себе си носи некој ризик. НО, ако разглобуваме статистички и научно што е подобро, зборуваме кај бременост која нема индикации за царски, значи нормална бременост, без ризици, тогаш природното породување и те како е подобро од царски. И не, воопшто не е вистина дека царскиот рез е по автоматизам подобра варијанта за бебето. Можеби навидум ви изгледа така, дека не се „мачи“ да помине низ родилен канал. Ама има огромна врска како ќе излезе и најважно КОГА ќе излезе. Породувањата со договорен и елективен царски се секогаш пред да започне родилниот процес, и се секогаш околу 38 гестациска недела, што не значи дека бебето е секогаш спремно да биде родено, па тоа може да се одрази во неговото снаоѓање надвор од матката, жолтица, доење и што сѐ не друго. Да не навлегувам во медицината, не сум стручно лице, и родив две деца со царски, ама општо од милион аспекти и те како е подобро природното породување. Хормони, контракции на матка кои помагаат да се врати побрзо, намалено крварење, поголем успех во доење, ова само за мајката, додека за бебето и за имунитетот е исто така подобро, особено кога е во контакт со бактериите од вагиналната флора, покрај милион други придобивки. А околу шиењето, да, ретко се случува да распука жената повеќе долу, ама не заборавајте дека царскиот значи сечење на слоеви кожа и ткиво. Така да.. што знам. Не дека царското породување не е породување, ама не е кај сите жени лесно ко песна, колку и да е рутински зафат. Втор царски, на исто место сечена пред 14 месеци. Уште имам болка на стомакот над него. Не ми е пријатно. Кога ме снимаа ехо на абдомен и требаа да притиснат, јас имав тапа болка таму. И до ден денес се осеќам дека сум пресечена на тоа место. Дека не е како порано. Не дека ми смета да живеам, ама не ми е како пред првиот царски рез. Не дека природно ќе поминев подобро, тоа никој не го знае. Ама лично би бодрела жени кои немаат никакви индикации и ризик фактори да се обидат природно.
Се потпишува и при договорен царски и при итен.. Само што не се објаснува што и како може да се случи.. Јас во петокот тоес вчера бев во болница и решивме да се прави царски. Бебето според мерки е навистина големо. 3800гр плус минус. А поради вториот пород кој беше исто така царски ќе се оди на сигурна варијанта за бебето пак да биде царски. Искрено не ми е ич сеедно. Вчера имав разговор со анестезиолог, со доктор.. За можни ризици и сл. Искрено не ми беше ич убаво да слушам какви се можни ризици има за мене и за бебето од тој зафат ама па и немам друг избор. Пре би да родам нормално, имам едно така родено без никакви повреди ама ете секое наредни дете е се поголемо. За мене така мала мајка. Сега е решено во понеделник, здравје прва на список за раѓање ме ставиле. Па да се надевам на побезболен пород и брзо опоравување
Точно е дека не се објаснува, ама трудниците ни сами не читаат кои се ризиците. Прочитај ја темата, секоја втора вели дека супер поминала, повторно би родила царски, прелесно е итн. Никој не ми звучи загрижено за последиците од операцијата. А за што? За пари, и во приватните и на државно. Ни мене не ми беше сеедно што бев царски. Последици имам сеуште.
Јас не сум да се претпочита царски пред нормално породување. И да се збори како безболна операција. Не секоја може да роди од ред причини ама своеволно да се бара царски од причина страв ми е малку глупо ама у ред. Мене ми се стемни кога почнаа да ми набројуваат ризици ама нема назад.
Секое породување е различно. Не секогаш царски значи потежок начин. Има многу жени кои имале тешки природни породувања, кои знаат да остават трауми. Не сум за царски рез без индикација, а и повеќето такви породувања се со оправдана причина. Поретки се жените кои од страв од болка, ќе легнат под нож. Сепак на темава верувам дека повеќето бремени девојки, жени немаат друг избор и затоа нема потреба од коментари од типот дека нема да сме исти како пред породувањето и акцентирање на ризиците. Ризик ко ризик, секаде го има, некогаш повеќе, некогаш помалку. И при природно породување има многу ризици и може да дојде до компликации, па никој не спомнува. Психичката траума знае да боли повеќе од физичката. Тука сме за да си дадеме поддршка и сила. Ајде малку попозитивно. Да не се навреди некоја, бидејќи го пишувам ова од искуство. Пред царскиот бев преплашена, со ноќи неспиена, а немав друг избор. Често ја посетував темава и да го прочитав ова што сега го читам, само уште повеќе ќе бев во паники. Поддршка за сите идни мамички и лесно породување, без разлика дали ќе биде природно или царски.
Како не? Даваат во Ремедика таков лист. Можеби уз другите не си приметила, не знам. Го даваат кога пополнуваат анамнеза. Можеби во тој хаос од болки за природен, па на крај царски измеѓу ти дале да потпишеш нешто? А може и не ти дале, не знам. Мене ми дадоа да потпишам, си беше во комплетот документи за анамнеза
Апсолутно... Читам непријатни и тешки приказни за природен пораѓај каде жена со саати и денови се мачела, па се онесвестувала на бокс, па паѓаат тонови на дете.. па јас ако имав таков пораѓај мислам дека никогаш не би се охрабрила за второ дете и втор пораѓај.. како што кажа горе членка, од толку страв и паника можеби и нема да соработувам како што треба. И не дај Боже на крајот ако нешто не е во ред бидејќи сум инсистирала на природен..? Па никогаш нема да си простам. Да, царскиот е операција која воопшто не е наивна, далеку од тоа. И кај царскиот не дај Бозе може да има компликации.. Но дефинитивно е помалку трауматична опција за бебето.
Хммм жими се не памтам такво нешто. Знам дека после прегледот со рака и ехо ме прашуваше докторот нешто, па дојде главната сестра таа нешто прашуваше и запишуваше (мислам дека беа прашања околу анестезијата) е може тука нешто да ми дале да потпишам, мене паметот само кај мм надвор ми беше и дека ќе останам во болница, болките плус.
Погоре пишував, и пак ќе пишам затоа што ова не е точно. И те како знае да е трауматично. Што е за вас трауматично? Да помине низ родилен канал? А вака демек само се вади и толку? И супер му е затоа што е беличко и вам не ви личи на истрауматизирано? Дајте луѓе не правете баук од нешто што е најприродно на цел свет... Чисто како инфо - и те како може да е траума за бебе да биде извадено од матка со царски, туку така, неспремно. Контракциите и матката го спремаат бебето за животот надвор. Се случуваат хормонални подготовки, изложеност на бактерии, биохемиски процеси, таа спремност на бебето дефинира респираторна подготвеност, рефлекс за цицање, ниво на шеќер во крвта, оксигенација... тоа е една комплексна биологија што се изучува уште, така да.. да не пишуваме лесно констатации кои нам ни "изгледаат" некако. Ова зборувам општо. Факт е дека царскиот е подобра варијанта за одредени ситуации. И сметам дека е сосем во ред да се сподели реалноста. Затоа што ич не сакам мачкање очи. А ако некоја трудница се плаши, нека не чита воопшто. Тука сме за да споделиме емоции, искуства. И верувам дека има жени како мене, кои сакаат да знаат реално како се ситуациите, за да можат да бидат спремни. И да. Не само природен пораѓај е трауми. Вториот царски за мене беше траума, додека првиот ми беше сосем во ред. И на моменти уште ме јаде дали требаше да се согласам. Факт е дека никој не може да ви гарантира ништо. Самото породување може да е траума. Но најчесто не е процедурата траума, колку што траумата доаѓа од недоволна информираност, или од односот на персоналот према родилката.
Да природниот процес е најдобар али и со тој мајката има последици не дека не никој не го спомнува делот за уринирање дека после тоа можност да се подмочуваш ако продолжи треба и за тоа на лекар да се оди не се само болките, болките секоја жена е спремна да ги издржи колку што и дава телото никогаш нема да каже на сред пораѓај јас не можам сите жени трпат додека да изгубат свест затоа се борци! Друга работа сечењето доле ширење карлица таа треба да се врати на свое место а толкаво дете искочило од таму 1% дали се тие што "не го псетиле пораѓајот" т.е. што прошле лесно, чирови од шиеното не правилно сошено и ред други работи. Реално повеќето имаат трауми бидејќи се пораѓале во државна установа каде што не те вртат ни 2% тие се тие трауми специјализанти учат на измалтретирани жени без присуство на доктор они си го сметаат природниот пораѓај како шала некоја. Да не би биле толку истрауматизирани жените сите би раѓале природно и не би се плашеле. Особено кога ќе им побараш анестезија пред да те шијат и добиваш одговор па ти дете од 4 кила роди па сега за шиењето. Е ради оваа причина се решаваат повеќето за царски иако нема индикација
Не мислам на самото излегување од родилен канал. Зборам за саатите претходно кога главата на бебето може да е заглавена во карлица. На цимерката бебето беше со вдлабнатина во главата од што било згмечено внатре додека инсистирале природно да се породи. И на крај сепак заврши царски, а се изнамачија и бебето и она 12 саати претходно. Да, ок е кога за 1 саат жена добива болки, оди во болница и се пораѓа. Ама не е баш така розево. Ако збориме за негаивните работи на царскиот, треба да збориме и за негативни работи и за природниот пораѓај. Јас од секогаш сум мислела дека природно ќе се породам како од шала, но не секогаш излегува така. И не, не се осеќам дека телото ме изневерило, дека не сум родила или дека сум го одбрала полесниот начин.
Девојки незнам дали е прашањето за тука,ако не префрлете го во соодветна тема Одприлика колку време пред термин ви закажуват царски? Втора бременост ми е( и првата беше царски) По последна менструација сум GA(LMP)37+5( краен термин 10.12 ) А денес гледам на сликичката према мерки на бебе пишува GA(AUA) 37+0 ( краен термин 15.12)