Према последна менструација или према мерките на бебе Со полна 38ма така (38+0) Докторот ми вика наредна недела околу 4ти,а јас ќе сум 39+1
Да да според последен циклус. Зошто мерките веќе при крајот не се точни најчестода д аполна 38 ма . Штом така вели значи проценил дека тогаш е најдобро . Не грижи се верувај му на докторот.
Нормално е така да се чувствуваш. Во тие недели се повеќе се размислува на тема пораѓај и стравот си го прави своето. Јас поминав низ исто. Ми кажаа дека бебето е 4050гр. бев со поминат термин и ми кажаа да отидам да се пораѓам со провокации. Два дена се мислев да им кажам дека сакам царски. Среќа што не ми ни дадоа шанса, никој не ја спомнаа таа опција туку право ме сместија во соба и си почнаа "процедурите". Родив бебе тешко 4020гр. долго 55см со обем на глава 38см. Не да распукав, се расцавтив буквално, без да ми прават епизотомија. Имав повреда damriss од втор степен, што значи распукување на мускулатурата. Ме шиеја скоро еден час. Се породив во 05:40 а веќе во 10:00 застанав на нозе и отидов во вц. Петиот ден после пораѓај бевме на прошетка во паркот. Се' се враќа во нормала за многу кратко време ако е се средено како што треба. Болдираното е за жал реалноста во Македонија. Не ми е јасно како е можно да шијат без анестезија. Иначе при нормален природен пораѓај докторот и не е најбитен ниту е неопходно да биде цело време присутен. Јас се пораѓав во Германија, со мене цело време беше само една бабица, докторката дојде само на крајот од пораѓајот и за шиењето. Точно е дека природен пораѓај не е мачкина кашлица, туку еден комплетен процес во кој жената е под болки од почеток до крај. Но, денес има многу олеснувачки средства. Јас уште од почеток си кажав дека нема да се правам херој и дека ќе искористам се што може да ми помогне. Прво добив апчиња против болки, после инфузија и на крај епидурална којашто според мене е нешто најдобро. Еве поминаа пет месеци од тогаш и природниот пораѓај не ми е ниту најмало лошо искуство а најмалку траума. И да, доле си е се во најдобар ред . Не се плашете мајки, ако не сме можеле да издржиме еден пораѓај, немало природата да му ја даде таа моќ на нашето тело. Не се осврнувајте многу на туѓите искуства и на "рекла казала" муабети. Секоја жена и секоја бременост си е комплетно различна приказна.
Два царски поминав, уште еден ме чека здравје Боже во Март. Темава е направена лом. Јас се извадив од памет што сум прошла се' ова, не па некоја мајка на која и' е прв пат. Филтер малку жени, посебно вие кои сте породени. Доволно е тешко за сите што под овие услови сме бремени и раѓаме, зарем уште стрес ни треба? Пополека малку, порозево.
Јас се породив во Македонија и без епидурал, немам траума, одма станав, кога јас си одев дома, тие со царски ги префрлаа во соби. Бабица ме пораѓаше исто, докторката само даваше инструкции и ме сецна. И не е точно дека шијат без анестезија.
Првото породување 18 часа болки. Второто стигнавме во болница во 08. во 08.15 бев породена,болки 2 часа вкупно толку издржливи што сметав дека е рано за болница,па ќе направев беља и ќе се породев во лифт ,ќе ме пишуваше во весници. Без епидурал. За првото си сакав царски,што од страв ,и се лутев што имав луѓе кои не ми дозволуваа. Првото глувче 3300 48 см. Второто 3950 52 см Во државна и аман не е кланица па ги плашите луѓево од државни болници. Шиење со анестезија со првото ,со второто иако беше 4 кг без.
Да се отвори нова тема- Царски, пријатни искуства- за тие што гледаат на царскиот со розеви наочари И да се забрани на секоја една да каже било што негативно за царскиот,за да не се уплаши некој. Јас евентуално да бидам банирана
Го претеравте левел немерлив. Пред вас никој не раѓал, после вас мора сите да се сложат со вашиот начин. Твојата реалност не е моја, и обратно.
Здраво женскии,36та недела сум, бебето е карлично а и од други причини ќе мора царски. Се одлучов за Чаир, најверојатно др.Илиевски ќе ме оперира. Да споделите искуство како тече целата посташка од прием па се до крај. Дали анестезијата во кичма кога ја ставаат е болна..кога закажуваат царски рез договорен во која недела .и други детали. Ви благодарам однапред
Јас се породив со царски во Петокот во Плодност, за еден ден ќе влезев во 40та недела. Цела бременост планот беше природен пораѓај во када. Стигнав таму со прснат водењак а куклата моја не беше спуштена воопшто, контракции 0 и ниту 1цм отворена. Се скапав плачење од страв што дури почнав и да повраќам.. Анестезијата во кичма не ни ја сетив, повеќе болеше инфузијата. Петокот се породив а веќе Саботата си бев на нозе и без катетар. Дома сум, си функционирам нормално, болки скроз минимални..
Ако не точно зошто другарка ја шиеја без и тоа специјализант одма после пораѓај па мраз и ставила да се сопре крварење па коа видела после дека не сошила добро и рекла ќе морам да те дошијам ова нема да сопре и без анестезија кога побарала другаркава анестезија таа и рекла еее ти толкаво дете роди што ќе ти анестезија.Ти си имала среќа и си во тие 1% што поминале добро.Ако гледаме така и ја нареден ден после царски станав и дете држев
Може 1% хорор проаѓаат, тоа е пологично. Да не сечат и царски без анестезија? Не дискутирам на оваа тема веќе, сите одете во приватна и платете царски, која будала денес се пораѓа природно, па државно?? А ако немате пари за на приватна, живи изедете се од стрес и плашете се дали цели ќе излезете од гак.
Прциот циклус ми беше нормален можеби и помалку болен. Вториот мн пообилен , болен и подолг . Еве третиот ми каснеше 10 дена а за болка и обилност нормални како порано. Се надевам ќе се стсбилизира.
Зошто е проблем кога некој не ја разубавува својата приказна. Јас сум за реално доживување наспроти фарбање на вистина. На крај секој различно поминува а и различно се доживуваат работите. Кога раѓав прв пат , на бокс се онесвестив од болки, ме оставија сама во најголемите болки и после тоа ме вреѓаа шо сум с е онесвестила. Кога ја сретнав докторката која ме породуваше, а завршив на царски ја веднев главаат мислев дека сум и единствена која не успеала природно и ме памети, се срамев, бидејќи другарките кои родија пред мене ги правеа розеви приказните. Исто и после царски, слушам муабети ау мене не ме болеше јас веднаш трчав , шетав, дигав, дали е тоа вистина или розев приказа на нешто што не е баш така, ама некоја после тоа кога ќе ја боли и нема да може да си отиде до WC не треба да мисли дека е единствена на свет што ја боли после царски. Никако не сум за разубавување на приказни. Реално бабите раѓале по дворови по 4,5,6,7,8 деца, нека ги слушаат нивните приказни .