Многу фактори влијаат на пораѓајот има измалтретирани жени какот ебе па завршиле царски. Која било потребата до онесвестување да те остават? Работава милом или силом ќе се породиш природно, не треба така. Измалтретирана жена и после царски ќе се осеќа како воз да ја прегазил. Да розовите приказни се за жени кои не се измалтретирале кои отишле во болница со 9 прста отворена седнала на бокс искочило бебето,некои не се ни шиени исто и царски кога е добро сработена работата не треба да се има потешкотии факт е дека си сечен и ќе се движиш споро и нема да можеш ни да седнеш на шоља али сепак се зависи и од човек до човек некои ќе го истрпат царскиот а природно не и обратно. Муабетот предходно беше дека на приватно не те оставаат да се исцрпиш па после да не можеш дете да кренеш во рака додека на државно ретко е тоа. Жално е што ти се случило тоа и што нема да го памтиш баш како розев пораѓај
Мајки скоро породени со царски на гак, после колку време ви падна тоа кончето на крајот од раната? Кај мене се поминати три недели уште не е паднато, а ми кажаа дека само ќе се ресобира и ќе падне.
Па кај мене сигурно после два месеци некаде, и јас баш се мислев дали да одам да ми го вадат, бидејќи може и во болница да ти го извадат, додека се решив да закажам тоа паднало само.
https://forum.femina.mk/threads/Спонтано-породување-или-со-царски-рез.27783/ Мислењата се префрлени во постоечката тема, може да ја продолжите дискусијата таму.
Пред 4 месеци сум породена со царски, вчера и денес многу ме боли раната како јака менструална болка. Дали може да е од промена на време,дали е нормално таква болка и дали смеам да се напијам нешто?
Смееш да се напиеш, и јас сум малце пред тебе ама немам болки никакви. Имаш некоја промена, да гнои или нешто сл?
Немам мила супер е раната само ме боли, а се мислам може и да ми доаѓа менструација зошто осеќам болка и позади кај бубрезите. Ај баш ке пробам со парацетамол дали ќе се помине до сега не ме болело вака.
Види па пиши . Тогаш не е раната сигурно. Ама дека не го осеќаш местото така може мутаво чувство да имаш. Инаку ако доиш парацетамол само мислам како што кажа. Пиши после како си.
И јас мислам дека ќе добиеш зашто јас секој месец имам болки таму околу датата за добивање. Кога добив после 6 месеци исто таму ме болеше ама баш јака болка.
Здраво на сите, за брзо време, сеуште немаме дата одредено ќе ме пораѓаат со царски рез. Па би сакала доколку имате некој совет кско психички да се спремам за тоа, сигурно ќе биде со спинална па има некои искуства дека се осеќало се што и како ти прават без болка нормално.. Дали е издржливо тоа, дали доведува до паники и слично зашто не би сакала да добијам после спиналната и целосна анестезија... Знам зависи од човекот и се ама секој совет е добродојден.. Благодарам однапред на сите
Во темите почнаа да се прават драми околу природен-царски, јас би го споделила моето искуство. Почнав со отварање од 10 ч наутро, провокација неколку пати, за во 12 ноќта да пукне водењак, до 1ч бев 9цм отворена, но бебе не слегуваше и почнаа да се губат тонови. Ме спремија за итен царски, верувај истата секунда кога ме боцнаа со спинал се опуштив цела и за многу кратко време го извадија бебето. Утрото ме префрлија од интензивна во соба. Болки имав само кога станував , но за неколку дена ќе се опоравиш. Пиев многу течности, главоболка немав. Немој да се плашиш, јас мислам дека паниката околу пораѓајот премногу влијае, психички не дотепуваат објаснувања на членките како царски бил касапница и слични тврдења. Бебето мора да излезе, на еден или друг начин мора да се помине тој дел со пораѓајот. Важно е бебињата да ти се здрави, неколку дена во болница се тешки, после тоа ново поглавје. Со лесно и без страв
Јас се породив вчера со царски, исплашена преплашена бев. Откако почна самата припрема инфузии, цтг, клизма... како поминуваш едно па друго сфаќаш дека и немало потреба од плашење. Ме качија во операциона сала, сите позитивни ти прават муабет, можеш да прашаш све што те интересира, кога ќе дојде докторот и ќе ти стават спинална, веќе ќе си легната, се завршува за 10мин, ништо не те боли али осеќаш вадење на бебе, како нешто да те тегне, знаеш дека секој момент ќе го видиш. Откако ќе го извадат си гледаш цело време во него срцето ќе ти се полни со љубов и ништо нема да ти е верно(меѓувремено те средуваат тебе), бебето го зимаат педијатар ти на интезивна, одмараш скоро 2 саати, те враќаат во соба, добиваш постојано инфузии и лекчиња, првиот ден искрено си кома, втор ден те стануваат одма, јас станав со нивна помош извадија катетар, измив лице и риквец назад во кревет. За саат/два станав и се истуширав. Течности пијам премногу главоболка немам, ќе пиеш и ти МОРАШ! Бебко е со мене на секое негово закинкување скокам, сега веќе не ме боли ич. Единствен проблем ми е на страна неможам да легнам, ко се вртам мислам како камења да имам во стомак, се надевам од утре ќе бидам нов човек. Со лесно и не си прави паника нема потееба само опуштена биди.
Бравооо колку убаво објаснето и позитивно. Честиткии инаку да е живо и здраво бебчето. Дали болии ставањето на спиналната анестезија и колку време трае...дали е со едно боцкање или повеќе? И јас сум преплашена бидејќи и јас ќе бидам со царскк
Фала мила ајде и кај тебе да биде вака (а верувам дека ќе биде) и после само гушкање За спиналната мислам дека двапати ме боцнаа, али воопшто неболи, ништо не осеќаш само ќе ти објаснат треба да си скроз опуштена и ќе ти објаснат како треба да се наместиш со телото и глават, иглата е претенка НИШТО ама баш ништо не се осеќа, првиот час пд ставањето е најсилна, еве спред мене 9:15 ме боцнаа 9:30породена, во 10:28 на интензивна бев до 12:00, после тоа ме дпуштија во соба, значи на интензивна седиш зависно од тебе, односно за колку време ќе почнеш да ги виткаш нозете Не се плаши воопшто, соборај сила за после царскиот што е најлесно нешто во целата процедура, после застанувањето на нозе ти е најбитно за да можеш со бебко да бидеш и за тој момент мораш ти да бидеш силна, тукс никој неможе да ти помогне освен што ќе добиваш по нешто за противболки, а тоа што ќе го добиваш зависи од докторот каква шема ти напрсвил. Со лесно и уживај во моментот што следи