Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. Bebulleee

    Bebulleee Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    4.860
    Допаѓања:
    22.262
    Пол:
    Женски
    Точно, истото ми го кажаа и мене. После 2 години
     
    На tincemajmunce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Би ти препорачала да одиш на ГАК за пораѓај ако имаш таква желба. Без проблем со две години разлика се пораѓаат на ГАК. Другиве клиники не се расположени.
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Vittoria

    Vittoria Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Јас да си кажам мислење за ова царски резови, не поддржувам во никој случај освен ако не е медицински оправдано. Па уште кога ке слушнам, имаше скоро и во мк таков случај да го извадиле (а не се родило како што велат) во целосна амнионска обвивка, се чудат ли се бунат ко да не станува збор за наука туку знак некој... Тоа кутрото таму пред време бркаат да го вадат па уште и сензација прават од случајот. После зашто по светов имало се повеќе лица со алергии, астма или какви се нови ретки белодробни заболувања.
     
    На GolemaMala му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Мене ми препорачаа 1 година да почекам е оптимално иако и ппрано да е нема да е страшно. Ама тоа беше докторот што ме оперираше и кој секако знаеше што работел при првиот царски. После 18 месеци останав бремена повторно и ниеден доктор не ми кажа дека сум избрзала, сепак последицата беше што вториот пат си отидов на закажан царски
     
    На Anaouou му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.394
    Пол:
    Женски
    Раѓање во амнионска обвивка е кога не пукнал водењакот, бебето излегува заедно со водењак, и е интересно и затоа го снимаат.
    А не дека бебето страда, бебето не сфаќа дека е родено и си ужива како во матката, не правете се експерти на секоја тема, каква врска имаат ретките белодробни заболувања? :^)
     
    На Oneo, Bebulleee, Natashka1988 и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Поддржувала или не, царски е честа пракса во модерна медицина. За оправдување на царски си постојат протоколи во болниците, а во денешно време и желбата на родилката се става на вага при одлуката на докторот, и е сосем во ред тоа. А дека царски е причината за состојбите што ги напиша, не би рекла, нормално дека спонтаниот пораѓај е природниот тек, ама денес не се потпираме само на природата за да истераме цела бременост и родиме.
    Инаку и јас не поддржувам само по желба на мајката царски, ама тоа повеќе го гледам како слабост на докторот за да и даде опции како обезболување, или да ја увери дека тимот ќе даде максимална поддршка при породувањето, па со тоа и не ни осудувам кога родилка инсистира на царски и без мед индикација Родилиштата кај нас функционираат на начин на кој на многу родилки им влева страв, и на форумов може да се добие таков впечаток од напишаните искуства
     
    На Butterfly1107, ..barbie.., Bicka77 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Vittoria

    Vittoria Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    “Исто така и породувањето со царски рез е поврзан со зголемен ризик од појава на астма.“
    Ете ова го пишува со нај обично клик на нет а ти постирав од википедија секако за до експерт имаш уште многу да читаш, од разни стручни литератури.
    И дај не ме цитирај за без веза, никаде не пишав дека бебето страдало при царски рез, туку дека нема ништо чудно или интересно според мене кога го вадат со целата амнионска обвивка.
     
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.394
    Пол:
    Женски
    Ама се прашувам зошто раѓањето во цела амнионска обвивка го прикажуваш ко нешто негативно и користиш "кутрото" за бебето кога е нормална појава таквото раѓање.
     
    На Autumn_, fana и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  9. Vittoria

    Vittoria Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Зашто мене тоа не ми е природен тек на породување ете затоа така ми изгледа. Кога го видов тоа, кутра мора да е мајката или бебето во некаква си здраствено или евентуално животно загрозена состојба со која е спречено нормалниот тек на бременоста па мора да се оди на операција. И од каде според тебе моето мислење е приказ на нешто негативно? Пишав јас погоре, читај убаво... Значи со нови времиња, нови мед. практики и ОПРАВДАНИ методи за решавање на проблеми, тоа е според мене она што треба да е овој зафат.
     
  10. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.994
    Допаѓања:
    4.873
    Пол:
    Женски
    Ова не е тема за дали царски или природно преферирате си има посебна тема. Ова е тема за тие што се породени или ќе се пораѓаат царски. Зошто тука се пишуваат вакви непотребни коментари? На крајот кој како сака нека се пораѓа не е ваша работа! Гледајте си за вас и вашите бебиња.
     
    На Butterfly1107, Bebulleee, Jana06 и 11 други им се допаѓа ова.
  11. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    11.868
    Пол:
    Женски
    Мајки ,дали некоја се има породено царски поради ивф и поради години 40 на пример,без некои др.посебни проблеми од типот висок
    притисок,дебелина,голем плод.карлично поставено.....?
     
  12. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.368
    Допаѓања:
    119.519
    Пол:
    Женски
    Па не е природен де.
    Операција е.
     
  13. Keri

    Keri Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    1.398
    Пол:
    Женски
    Сестра ми и една моја колешка се породија царски само поради тие две причини, години и ивф. Сестра ми на 38, а колешката на 45.
     
    На DELFINA81 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.942
    Допаѓања:
    203.231
    Пол:
    Женски
    Замисли, мажот ми е така роден, со обвивка, при спонтано породување. И тоа ли е нешто ненормално?
     
    На Nd_sk, mamaJana, Brpbrp и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Се е индивидуално, за нова бременост најдобро е консултација со гинекологот кој те породил. Мене мојата др. кога отидов на контрола по месец ипол од царскиот рез, ми рече по една година, може, меѓутоа има жени кои останувале по шест месеци и имале уредна бременост, т е. по шест месеци и да останам повторно бремена, не е страшно.
     
    На Anaouou, Autumn_ и Keri им се допаѓа ова.
  16. merina.93

    merina.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    322
    Јас ни за гак не сум слушнала тоа а не па за приватниве
     
  17. tekitiki123

    tekitiki123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2020
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки. Сакам да прашам за тие што се породени царски рез, крварев до 45 ден, 49 ден добив менструација. Од тогаш ми доаѓа редовно, но ми прекина пред 7 дена а денес на бришење имав како кафено. Дали е можно организмот уште да се чисти? Пред 3 м породена сум. Инаку на контрола на гинеколог на 46 ден од пораѓање све беше во ред. Фала ви
     
  18. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Тоа на гак што се случило биле близначиња во два посебни водењака што едното при сечење е пукнато а другото бидејќи доаѓа одоздола нормално ќе искочи со целосен водењак :) Македонија и нејзините чуда сегде се случуваат па и демек кај нас (facepalm)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Девојки, ми се уврте едно прашање во глава овие денови. :^) Дали вгнездувањето на плодот на местото на раната од претходниот царски рез зависи од тоа колку време е поминато од една до друга бременост? Гледам една членка во труднички муабети има пишано дека се соочува со таква компликација и дека било ризично, па ако некоја има искуство, да ми подобјасни што значи тоа? Благодарам.
     
    На kikiritkaTa и Bicka77 им се допаѓа ова.
  20. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Мислам дека нема врска тоа сепак природен процес е каде би се вгнездило нема поголеми шанси да биде каде што е сечено ако мислиш на тоа, секое имплатирање е различно снашката е останат 6 месеци после царски и се немаше имплнтирнао на исто место кај што е резот
     
    На ..barbie.. му/ѝ се допаѓа ова.