Која членка го пишала тоа можеш да ми посочиш да прочитам за што работи? Да не мислиш на вгнездување на плацентата длабоко во мускул пошто тоа е различно и нема врска со царски рез, може да се случи и при прва бременост. И не зависи од тоа колку време е поминато од една до друга бременост.
@..barbie.. ако мислиш на ова погоре, тоа е постелката или плацента, различно од плодот, плодот си се вгнездува како што треба и ова значи дека плацентата е вгнездена длабоко во ѕидот на матката, се случува после царски ама може да се случи и без царски ко што реков во прва бременост, ако се случи после царски нема врска времето поминато од царскиот до втората бременост, може да е ризично ама не дека е апсолутно страшно и нема потреба да се секираш, ако ти била таква постелката, ќе ти кажеле , ако не ти кажале значи ти е океј и уживај.
Мојата пoстелка е цела над предходниот рез, и др ми рече дека тоа е доста сериозно и ризично ама неможе ништо да направат ниту они ниту јас, само да мирувам. Нема врска со времето од предходен рез, кај мене се поминати 3 год.
Многу ви благодарам. @Mantub на тоа мислев. @macalavica ти го кажале ова по првиот царски, нешто ти посочиле или не? И дали мируваш од почеток на бременост или сега од 17-18 недела? Лајкот е како поддршка.
Не ми кажаа ништо после првиот царски рез а и тогаш имав остатоци од постел после породување. Мирувам од 11 недела заради обилно крварење кое го имав, за поставеноста на постелката ми кажаа денес.
Јас сум исто таков случај, близначка бременост, плацента превиа тоталис. Ризик фактори за таа работа се предходни царски резови ( или други лузни на матка), близначки бремености, возраст на трудница...Е сега јас како го разбирам ова:плацентата мора да се залепи негде, најчесто се дига нагоре и не прави проблеми.Меѓутоа во ретки ситуации се лепи ниско, близу до родилниот канал, или пак врз него ( тоа е парцијална или целосна пчацента превија). Ако пак се залепи на место каде предходно имало лузна,може да се вгнезди во неа и да почнат заедно да растат- споено. Е тогаш мора царски дека родилниот канал е блокиран, а ради вгнезденоста на плацентата во резот од матката има ризик од големо крварење при царскиот и можност доколку мора да се вади и матката.
Девојки здраво, Сакав да прашам дали некоја од вас, која веќе поминала царски рез, има искривување на 'рбетот во делот каде што се става спиналната анестезија и дали ја примила без проблем, или добила општа анестезија? Поздрав и фала на секој одговор <3
Сигурно зависи од тоа дали кога се има искривено дали е потфатен некој нерв да не е притиснат и колку е искривена тоа анестезиолог најубаво би проценил
јас имам блага сколиоза и кифоза кон десно, не е воочлива многу ама имам болки постојани, со првоти примив спинална без проблем, си знаат анестезиолозите како боцкат, ретко кој нема некое благо искривување, не се грижи, не боли тоа.
Здраво на сите. Незнам дали е соодветно прашањево за тука но незнаев каде да пишам.. Породена сум со царски пред три недели,раната си е супер заздравена.. Е сега ме интересира дали може да се стегам со некаков мидер, појас или сл? Бидејки стомаков ужасно ми е свиснат.. (јас имам гумен појас моментално и доста стега) или да си земам сепак нешто покомотно?!
Гумен не ставај во никој случај, ќе ја спуриш раната, може да направиш голема беља. Јас мислам носев обичен мидер, постегнато се чуствував и не ме болеше толку раната, почнав да го носам месец дена после операцијата, Меше спласна дури откако добив редовна менструација, по околу 5м.
Луѓе денес почнаа некои бодежи од време на време на раната од десна страна, но сеуште имам лепенка на раната не знам што се случува, на 3ти имам термин кај доктор.
Ми го носеа од 05h do 22h, доаѓаа да го дохрануваат. Цело време на гради ми беше и таму ми дојде млеко.
Ti go nosat 24h posle operacijata, prviot den ti go ostavaat do 22h navecer i posle go zemaat da odmori majkata, ako imas potreba ili bolki i bilo koga ke go zemat sestrite.Gi hranat na 3h , u megjuvreme ti go stavas na dojka za da dobies mleko.Jas dobiv duri posle edna nedela, doma
Колку време треба да стои лепенката? Мене ми рекоа уште 3 до 4 дена да ја дзжам , одприлика 7 дена ја носев вкупно и после ја вадев сама дома. А пецкањето може да е од заздравување на раната.