sakam da prasam so prvoto se porodiv so caraki rez ima dve godini od togas u sega sum pak bremena dali ima sansi i drugovo so carski da go rodam ili moze prirodno i dali ima rizik da ne e rano posle dve godini sepak dodeka se porodam ke napravam 2 i 10 meseci od carskiot rez
Моите точно 30 месеци ќе бидат разлика, докторите ми рекоа дека е таман,нема опасност. Прогнозата беше дека ќе биде и вториот царски но на последниот преглед ми рече дека можам и природно, останува да видиме само
И кас сакам природно, на скрининг др.Гордана ми кажа за сега може треба да се прати до крај па докторот ќе одлучи. Моите ќе бидат 23 месеци разлика.
Не знам јас ја прашав хебаме рече тоа кај матичниот. Таму се јавив кажав кога имам правено царски рез и дека сеуште лепенката е на мене, ми направи термин на 3ти. Маж ми е правен операција исто и вика никако сама да не ја вадам, а имам уште лепенки ми дадоа од болница. Ама мене ме чеша и пецка од време на време, ќе видеме на 3ти што ќе каже. А долу не знам како да се средам искрено од ова лепенкава Некој совет?
Во која недела ви закажаа царски? Јас пред 2 години се породив со итен царски, па сега би требало пак да ми закажат. Само ме копка кога би ми закажале, во која недела..
Дали тие што сте со втори закажани царски е поради тоа што првиот ви е царски и нема поминато доволно време или бидејќи има медицинска причина?
Мене ми немаат закажано, рано е 28ма недела сум ама матичниот неколку пати ми има речено низ муабет као овај пат барем знаеш на што одиш.. Искрено не ни сакам да пробам природно.
Кај нас во 99 % случаи втор е секогаш царски, ако и првиот е царски. Мислам дека само на ГАК би се нафатиле да пробаат природно по прв царски. Памтам дека @marchi-cool сакаше природно по 5 или повеќе години ама докторите не сакале ни да пробаат. Со @Kaetana дискутиравме, жени и по 2 години раѓале природно по царски, ама не овде.
Многу чудно толку долго да имаш лепенка. Тука ја тргаат на втор-трети ден. Тоа што чеша и пецка мислам дека не е ништо страшно, јас и болки имав повремено од умор. Во врска со природен пораѓај после царски мислам дека скроз е возможно во секоја болница во Мк, само треба да си кажете. И јас планирам природно доколку е се во ред и добијам поддршка од докторот.
Зошто толку долго би стоела лепенката, мене ми ја тргнаа уште на третиот ден, и на другите родилки со кои што се заварив и ги тргаа на 3ти ден. После 5тиот ден од кога ке те испишат треба да се користи спреј за раната, за да не се инфицира и побрзо и подобро да зарасне. А во врска со чешањето и пецкањето, јас оваа го чуствувам и после 2 години од царскиот рез, најчесто при промена на време, т.е кога е по ладно.
Чек јас заборавив да кажам дека првата лепенка ми падна во туширање таму, бабицата ме виде рече добра е раната, па ми ставу друга лепенка, ова ми е втора и сеуште ја имам.
Може и природно. Со второто пробавме природно, ама не успеав, не се отворив, а ми дадоа провокација. Пак завршив на царски. Иначе има успешни случаи, дури имаше членка на форумов така породена, првото со царски, второто природно, на ГАК. Не е активна повеќе инаку ќе ја означев да пише искуство.
Зошто лепенка да носиш? И јас сум царски си се истуширав наредниот ден и супер си е раната само гледај да е сува. За тие што сакате да носите мидери гледајте делот кај раната да е памучен а над раната дае стегнатото да не ја стегате раната
Кај мене беше поминато 6 ипол години од царскиот. Имав разговор во Болница и таму ми беше речено дека не е проблем да родам природно. Еднаш имам така родено. Вториот пат поради избрзување на бабицата завршив со итен царски. Може и тогаш ќе родев природно.. Да не го пукнешњ водењакот бабицата и бебето се заглави и имаше лоша родила позиција. Иако беше голем и тежок. 58 долг 4050гр. Третитот пат по разговор со бабицата, одлучивме да се породам царски заради можни компликации..