Оф леле кој ќе раѓа второ По 5 години тогаш, да се заборави се прво. Вака ко ќе помислам по втор пат царски се ежам.
Мене пак страв ме фаќа низ што се треба да поминам после царскиот. Инаку и мене ми е втор царски.. Знам што ме чека и паничам како луда
Јас па го молам Бог да поминам толку добро барем како на првиот царски а и со анестезијата така без проблем Нормално дека има болки после тоа ама за мене не беше ништо толку страшно освен нормално првите две станувања. Мислам дека многу полошо ќе поминев природно да бев како што сум паничар најголем.
И тоа е мачно, а и ко ќе помислам дека осеќав сѐ како ме буричкаат и тргаат во стомакот, па и бебето го осеќав како излага, му викав на маж ми,ете го излезее излегува сега Е не знам, може ќе заборавам за 3 години.
Нема да заборавам никогаш. Сакам само пак се да биде така лесно. Среќа после тоа немав маки и болки во половината, и проблеми со раната. Дај боже пак така да биде и сега. И јас осетив кога излезе бебето
Колку е полесен вториот царски само кога би знаела, не би паничела И јас цело време се мислев леле што и како ќе биде,па таа спиналната од глава не ја извадив, ама кога дојде моментот бев толку смирена и мирна, и лесно анестезија ми ставија и знаев што прават и само чекав да ја видам ќеркичката. Боли да, ама едно 50% помалку од првиот пат. Мене денес ми е втор ден и се осеќам одлично. Наместо во сабота ќе не пуштат да си одиме утре, и раната побрзо заздравува овој пат и со доењето оди полесно, и се е како подмачкано
Дај Боже да биде полесно. Ќе видиме. Ти уште побрзо да се опоравиш. Инаку јас немав млеко скоро ич со првото, ич не е доена. Се сомневам дека и сега ќе имам. Баш ми е мило за вас. Ручкајте си и чувајте се.
Колку многу фалеше вакво убаво искуство да прочитам во темава. Само страв, паника и лелекања читав последно, што и не е така добро за некој што прв пат мора да го помине царскиот рез. Точно е дека секој е со своето искуство, ама позитивна мисла и енергија ни е потребно на сите
Царскиот помина ама ѕверов ме предомислува. Не застанува да направи пауза, не јаде, размазен е, паметен и не врти сите како сака. Мене најмногу затоа што сме 24/7. Колку сум јас мрзлива и опуштена, толку бебе ми е живец и брз. Татко му вели за 5 години немало да му се занимава со памперси наново, а сега не доаѓа во обзир уште едно. Двајцата не се нафаќеме уште едно сега. За 5 години јас сакам, тој не. Изгледа едната детска ке е остава.
Во 38ма недела ме породиа, царски, бебе беше заглавено, мораше докторот да ме стиска на стомак за да и ги турнат нозете, заглавени под ребра. Операцијата заврши во 9:30 сабајле, до 8 вечер ме скорнаа. На првото станување баш и не осетив некоја болка освен не сигурност во нозете веројатно поради анестезијта, и се она против болки што примив До утрето сабајле веќе бев станата два пати и пред да ме префрлат во соба ми го извадија катетарот. Со раната немав никаков проблем, утре дента по операција влегов да се туширам сама, многу многу шетав низ ходник додека бев во болница и мислам дека тоа многу ми помогна. Сега, недела дена по царски, освен болката во ребрата, за која и самиот доктор ми кажа дека ќе боле и ќе помине само од себе, дека нема друг начин, друга мака немам. Бев многу многу уплашена кога ми рекоа дека ќе мора царски дека бебето е скоро 4кг. а јас преситна со претесна карлица. Докторот не сакаше да превзема ризик да проба прородно бидејќи постоело опасност да заглви во канал, а не се нафати да ме маче да пробува па да заврши се со хитен царски. И подобро што реши така, сепак нејзиното здравје и добра состојба ми беше пред секоја болка по царски, па колку и да е тешко опоравувањето, вреди.
Немора да значи дека ќе се породиш царски, може и природно да родиш. Јас после 6 години од царскиот, родив пак.. И пак царски ама мораше. Да родам уште едно е тогаш ќе треба царски сакала нејќела. Смешна ситуација, на преглед после 6 недели кај гинеколог сестрата што ми вадеше крв ми вика ајде последен пат вадиме крв, се додека пак не останеш бремена. И викам а не доста беше. Ама зашто да не родиш уште едно? Ми ја гледа мајчината книшка (за двете претходно имав друга) и викам зашто дома уште две имам
Ме интересира од кога може со вежби после царскиов мајки? Навистина не знам дали ми беше полошо со првиот или вториот царски. Единствено што знаев што ме чека и стискаав заби да станувам од кревет, вртоглавици и упорно со болка го шетав ходникот за да си олеснам дома уште 2недели со болки ама мораш имаш уште една душа да трчаш по неа 3годишна. Кај мене беше на истиот рез од 1 пат. Нема понепријатна болка кога те притискаат дали е контрахирана матката од доктор до сестра. Ај да не ве плашам кај мене беше така
Доктор да даде зелено светло. Ако е се во ред, месец и пол-два да поминат од царскиот за вежбање и вежбите да се лесни и не многу долги.
Незамисливо полесно поминав на вториот царски, не се сеќавам за првиот што ми даваа за болка, ама вториот пат кетонал мускулно, болки речиси и да не осетив, ме пржеше раната на мрдање ама не се споредува со првиот пат кога воздух не можев да земам. Си викам да ме болеше повеќе немаше да мислам на трето, сега пак натаму ми оди паметот