Од Систина е ова, можам да ги сликам и самите вежби за царски и да ги постирам, само да најдам малку повеќе слободно време деновиве
Супер ко првачина ќе почниме со вежбиве Ќе си ја земам малава и ќе вежбаме, ем ќе ја заиграм ем ќе извежбам а бебе нека спие Фала женска
една моја колешка после 6 години царски се породи природно во Охрид. И јас сакав ама матичниот ми рече 90% е тешко дека некој ќе се нафати да породи природно после царски. Ама има доста случаи каде после прв царски се породиле природно
Приметив денес дека од раната кај што кончето има некој исцедок и мириса непријатно. Најверојатно се работи за инфекција. Е сега имам и жолт исцедок. Немам болки, чешање или печење. Матичната викенд не ми работи, а каде што се породив утре ќе се јавам дали има доктор. Дали жолтиот исцедок е поврзан со раната нешто или нормално е да се појави после царски да се чистам уште? Породена сум на 4 јануар.
Жолтиот исцедок е нормален имаш повеќе фази. Како плазма нешто му доаѓа таква боја. Аза раната можно е инфекција да има штом мириса и гнои. Посети гинеколог.
Има многу случаи за после прв царски. А има и доста случаи и после втор царски. Гледам жени и после 3 царски сакаат да пробаат. Во Македонија сигурно не. Ама во светот и те како има. И не е нешто незамисливо како што е во Македонија.
Цимерката моја роди трето. Сите три и се со царски, со тоа што последните две и се разлика 18 месеци. Не се жалеше ич на болки, за разлика од мене што не функционирав со само еден царски. Таа е мојот позитивен случај.
Ако добро се сеќавам, цимерката моја во болница второто природно го роди после прво царски, и тоа после 2 години некаде, така да можно е и со мала разлика да се изведе тоа (на гак ова). А и многу лесно поминала кажуваше со второво. И јас сум родена царски (прво дете) , брат ми природно, ама добро ние сме скоро 9 години разлика. Го има тоа и во мк, ама повеќе на државно, кај што родилката остава докторите да одлучат и не договара царски пред време.
Најпрвин честитки, да е жива и здрава ќеркичката. Голема да расте и да ве прави многу горди. Прочитав дека ти кажале дека може природно. Ако не се лажам во Систина се породи. Дали пробавте природно? Или ти не сакаше? Без осуди само како инфо, јас имам еден царски и ако пак останам трудна секако би одела во Систина ама таму докторите не знам дали се расположени за природно после прв царски.
Фала ти Сакав,како не. Многу сакав природно. Пишував низ темиве, уреаплазма и стрептокока имав неисчистени,бев без терапија за нив.. па да не го ставаме бебе на ризик со бактериите сепак царски рез беше.
И јас ја имав стрептококата. И за жал кај мене бебе сепак ја фати. Бевме задржани една недела за да се излечи бебето. Матичниот мене не ми даде терапија со време. Сега на претходните брисеви пак ја имав закачено. И матичната ја замолив терапија да ми даде. Се надевам нема пак да поминеме низ истиот пекол. Баш ми е мило што кај вас се супер завршило
Породена сум со царски пред 2 месеци,бебуш уште од почеток е на адаптирано млеко,крварење имав 12 дена само,после на 23 јануари добив ми траеше 8 дена и ми заврши ,денеска повторно добив крварење дали е нормално?
Мајки,после царски ,вие што проверувавте д димери,колку е нормално да бидат за да не се прима терапија?
После царски сите примаат клексани 7 дена. Јас додека бев во болница ми ги проверија и кажаа не треба плус да примам. Ти зошто мислиш дека ти треба терапија? Консултирај се со доктор, сепак треба време за да дојдат работите на место.
Јас примам терапија уште од болница,ми препишаа уште 10,се. боцкам,на 08.треба да проверам,да чисто да знам колку се како се движат вредностите после бременост.