Не примаат сите, во ремедика на први царски даваат само по индикација, јас не примав, на втори даваат обавезно барем така ми кажаа таму
Жени што сте со втор закажан царски ме интересира кога ви закажуваат и за во која недела? Со првото сум царски поради компликации од спонтано породување, сега сум 6 месец бремена и мислам дека никој нема да се нафати пак спонтано да ме породи поради малата разлика од 22-23 месеци. Сакам во Чаир, па чисто ме интересира вас како ви закажаа и што ќе се случи ако порано почне процесот на спонтано породување, дали пробуваат или одма ве земаат царски? Многу се плашам од тоа што знам како поминав, затоа барам искуства.
Јас да прашам, ако ми се искомплоцора пораѓањето, заради малце покачен притисок, ќе треба да ме ппраѓаат царски. После колку време станувавте со раната и дали ви требаше помош за да го земете бебето од креветче, да стоите со него и сл. Дали тоа можам и сама додека е ММ на работа, или мора помош да се бара? Тоа ме интересира де.
Абе ми викаат месец дена, а толку ММ не може да биде дома, морам да сум сама периодот кпга е на работа, не сакам свекрва да ми помага и да ми се меша, за се да ја барам неа. Сакам доколку можам сама да успеам. Викаат не било убаво за раната месец дена, не знам што, ме испоплашија дека нема да можам месец дена да станувам, кила можело да добијам, абе триста глупости..
После 6 часа станав, другиот ден се движев, туширав ... После три дена заборавив на болките. Дома бевме со мм и ми помагаше, особено за бањање на бебето, другите обврски сама. После недела ко новс бев. Инаку воопшто не трпам болка, слаб праг на толеранција на болки имам и многу се плашам, ама стварно за недела бев старата јас. Секое станување на почеток е болно, ама болката со секое наредно се намалуваше.
Ти нема да имаш баш време да мислиш на раната Инаку идеално би било бар една недела по породување да е мт дома.
Јас после 5 часа станав,се разбира беше тешко првото станување и секако со помош на сестра.беше.наредното сама станав,се осеќав дека можев,сестрата ме скара малку....Кога ми го донесоа бебче во соба,немаше можам-неможам,веднаш станав... Дома си го држам без проблем,малку боли рана,ама нормално е тоа.Еве веќе 10дена после царски,сосема сум добро.да речам како нова,како претходно. Немам главоболки,не ме боли кичма
Што порано станеш прв пат од кревет и почнеш да потшетнуваш малку низ соба, толку подобро за тебе. Првото станување е секако најтешко. Првиот туш е најпрекрасен. Додека бев во болница тешко го земав бебето сама, штом дојдов дома немав проблем. Бев доста успорена во движење, но успевав се.. Мм беше дома со мене само првите 3 дена. Одтогаш сум сама до кај 18 секој ден и од прв ден се снаоѓам. Инаку сум голема плачка, не трпам физичка болка, ама верувај, едноставно забораваш на болката колку и да звучи неверојатно
И јас сум иста за болката, не трпам ич, иако сум имала болни менструации, без апче нема шанси да поднесам болка. И јас викам подобро е да се стане што поскоро, ќе видиме како ќе биде. Фала ви женски на сите.
Ме оперираа на пладне, станав утре сабајле. Во болница сама го зимав, го држев и во кревет и на нозе, а дома ми требаше помош за бањање не можев да го држам сама над коритото, па тоа го правеше маж ми. Со добра организација (да имаш спремни оброци за тебе, чиста облека за бебето, пелени на дофат) можеш сама без маж ти додека е на работа. Понатака ќе си завршуваш домашни обврски додека спие бебето, а на почеток најдобро е што повеќе да одмараш.
На државно примаат сите. И после други типови на операција. Немај гајле за бебе, ке можеш сама. Значи се околу бебе нема да ти е проблем, за домашните обврски убаво е да имаш помош. А тоа може и маж ти. Станав по ден и пол, и нема да лажам, боли. Секое сѕанување е полесно. Бебе ке спие и ке цица, ти ке одмориш за тоа време. Е ако има грчеви е зезнато ама и тоа поминува.
Јас сум веќе 34 недела, разлика ми е 14 месеци. И јас ќе се пораѓам во Чаир. Секој доктор што ме прегледуваше различно ми кажуваше за породување. Маж ми отиде кај главната сестра и објасни се. Вика врски е рано да фаќате сега, а и нема потреба секој доктор ќе ве породи. Ама јас бидејќи си го изедов стапот овојпат ќе одам со врски.Наводно врски ми фатил за повторно истиот доктор да ме породи. Чекаме да се јави дали ќе се нафати. Операцијата ќе биде после 38 недела. Со докторот треба да се договориме. Ама на маж ми му рекле ако ме фатат болки на ГАК да ме носат, бидејќи во Чаир нема да ме земат со болки.
Првата вечер го оставив бебче кај бабиците јас да се одморам. Следниот ден пробав на нозе да станам не можев ме болеше. Вториот ден станав и полека почнав да се движам, третиот ден летав иако беше малку тешко и напорно. За бебче земање во раце првите два дена ми помагаа бабиците, третиот ден сама и кога си дојдовме дома четвртиот ден сама сѐ не ми требаше помош ниту од маж ниту од свекрва. Ќе видиш иако си царски како има да скокаш за бебче, нема од раце са го пушташ, ќе му висиш на глава за секој Звук што ќе го направи, раната нема ни да ја приметиш иако нема да биде заздравена. Ама ти гарантирам додека си дојдеш дома нема да ти треба помош од никого сама сѐ ќе си правиш.
Јас имав голем проблем со кашлање, а ми се сушеше грлото морав да кашлам, а раната болеше и јазикот ми се дрвеше од епидурал и кога ќе заспиев исто имав паника да не се задушам се тоа беше поради претходна епидурал и многу медикаменти. Исто и под голема депресија бев, само и плачев на бабицата што се грижеше за мене.. Утрото кога ме разбуди, јас со плачки одма “имав операција” Абе нема подобро од нормално.. Ако немаш компликации терај нормално..
Мене кашлањето ми беше страшно болно. Абе ни првото станување не го паметам како кога се закашлав. Мислев готово, излетаа цревата.
Кашлањето е најлошо.. Јас сиротка не знам течности да пијам убаво и од се се закашлувам. А баш тогаш се убив пиење вода и сок, ради млекото нели - ужас
Првиот ден лежев само,вториот ме станаа и истиот ден си го земав бебче во раце, бидејќи мм беше како упашен не знаел како да го земе па му го давав јас.Кога се учевме за цицање во сите можни позиции ја игнорирав болката не ни мислев на нејзе.И не е страшна болка повеќе пецкање и истегнатост. А со покачен притисок повеќе преферираат царски зависи од доктор до доктор на еден 140 му е нормален а на друг висок